|
|
Кој го уби Ѓорче Петров или хронологија на глупоста |
Страшо АнгеловскиОние кои ги читале моите досега објавени текстови многу добро знаат дека никогаш не се занимавам со дневнополитичките случувања, а уште помалку со случувања или изјави кои заради сопствената глупост би ги засрамиле и Мистер Бин (Роан Аткинсон) и Бени Хил заедно. Но, овојпат цврстиот одбрамбен механизам кој ги штитеше моите сетила од недоветностите и глупостите, конечно попушти, па, денес ќе се осврнам на неколку случувања и изјави, кои ме натераа да се срамам што го дишам истиот македонски воздух со нивните „создатели“. Случувања и изјави кои со тежина од тон на метар кубен, во време од секунда на квадрат, со брзина од километар квадратен во минута должина, со квантен скок се струполија врз нас. Случувањата и изјавите ќе ги споделам по случаен редослед, а не по интензитетот на глупоста содржана во нив. Одиме по случајниот ред:
И се ќе беше во ред, посебно денес кога е денот против насилство врз жените, посебно оние на кои им треба повеќе хигиена од оние другите кои исто така се во притвор или затвор, доколку не знаевме неколку ситници – „самохраната мајка“ има син со сопствено вработување, сопствен стан и сопствени 25 години. Плус, белким му оставила и некој денар од оние 340.000 евра кои ги „заработи“ како специјална јавна обвинителка за време на доооолгите 4 години работа. Верувам дека многу подобро образложение ќе беше доколку напишеа дека одлуката ја носат бидејќи во затворскиот притвор нема апетисани, за кои инаку СЈО-то само во првата половина од годинава, потрошило 13.000 евра. Малку повеќе од, на пример, средствата што граѓаните на Виница, сите заедно, ќе си ги повратат скенирајќи фискални сметки. За среќа, срамот што го чувствувам е зашто го дишиме истиот воздух, а не и дека ги грицкаме истите апетисани.
Верувам дека идните историчари ќе му бидат благодарни до гроба што во стилот на „враќање во иднината“ го откри овој „несомнен“ историски податок и уште искрено верувам, дека ќе беше двојно поуспешен како историчар, доколку требаше со име и презиме да наброи десеттина тифусари кои ја препливале Неретва. Сепак, тој дел од „македонската“ историја му е многу поблизок. Срамот што го чувствувам е зашто го дишиме истиот воздух, а не зашто знаеме иста историја.
И доколку директорката на оваа национална институција, инаку една од гордостите на македонскиот народ, мислела дека тоа ќе биде всушност свечена академија по повод формирањето на литературниот кружок на чаирскиот огранок на друштвото на писателите и очекувала настанот да помине во камерна атмосфера, тогаш го имаме победникот во категоријата „глупост на неделата“. Доколку не, тогаш е свесен соучесник во уништувањето на државните вредности и сквернавењето на македонските културни светии. Во обата случаја, срамот што го дишиме истиот воздух е огромен, а најитната оставка е нешто најмалку што можеме да очекуваме.
Бидејќи во овој случај коментарот може да биде поглупав и од самата изјава, ќе наведам само еден пример: „Во април 1940 година, фашистичка Германија извршила инвазија врз кралството Норвешка. На 9 април заради силното бомбардирање, кралот Хокон VII, заедно со кралското семејство и членовите на парламентот, го напуштаат главниот град и се повлекуваат во местото Елверум, но не ја напуштаат својата татковина. Под целосна закана за својот живот, кралот никогаш не го признал Квислинг за премиер, по што, чекајќи го неговото признавање, Германија дури во 1942 го признала Квислинг за премиер. Кралот Хокон VII, под закана од германско бомбардирање, како татко на нацијата, никогаш не ја напушти ниту помисли да ја напушти Норвешка, а соработникот на окупаторот, Квислинг, беше осуден на смрт со стрелање, казна која беше извршена на 24 октомври 1945 година“. Оставам секој од нас сам да ја извлече поуката. На крајот, најдов една дефиниција, која ниту е единствена, а најверојатно не е ниту најточна, но ќе ја цитирам зашто верувам во неа: „По дефиниција, ПАТРИОТИЗМОТ претставува збир од силни и искрени чувства на љубов, почитување и приврзаност кон сопствениот народ, националната држава и целокупниот етнички простор на тој народ, неговиот јазик, историјата, културата, преданијата и традициите, националните симболи и најзначајните автентични национални институции од областа на политиката, одбраната, науката, просветата, културата, религијата, спортот“… Автор: Страшо Ангеловски, претседател на МААК за НетПрес |