Вторник, 30 Ноември 1999   
Коте од Руља би се гордеел со Заев

Igor JanusevИгор Јанушев

Има една реплика од последниот филм на Столе Попов, кога комитата го прашува својот соборец: “мислиш дека ќе го паметат ова што го правиме”? Соговорникот одговара: “не ... да, ќе се сетат ... па, пак ќе заборават. Но, тоа не ги спречува да тегнат кон противникот, зошто во нив беше самопрегорната идеја за слобода”.

Е сега, од денешна гледна точка, “тие што забораваат", за жал, ги имаме на власт. И, не ги обвинувам ниту Бугарите, затоа што по таа аналогија и Грците ќе требаше да бидат подеднакво виновни. До Заев е проблемот. Го прочитаа луѓето, кај него само цената треба да се погоди, се друго може да се договори и е прашање на форма.

Пред очи ни се турка проект за создавање на нова нација, со нов јазик и историја, со сменето име. Тоа е втората фаза, бидејќи првата ја гледавме од костумираните "контиња" во Нивици. Не е проблем јазикот, ниту историјата - тие се наши - Македонски, проблем се лепливите прсти и немањето кичма кај Зоран Заев.

Ако во економијата имаме банкрот, во надворешната политика имаме капитулации. Таквата простодушност на Заев завршува со втората фаза на создавање на “зомбифицирана” реалност, моделирана не од македонскиот народ, туку од тенденциите и интересите на соседите. Зоран Заев наместо да биде брана за македонските интереси, тој е проводник на туѓите интереси.

Коте од Руља би се гордеел со Заев, а Гоце Делчев би повторувал „Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови”.

И, во тој контекст го очекувам Заев во скоро време да излезе со блага простодушна насмевка и да каже ние градиме мостови, и да повтори за жицата македонска. Ама таквите оксиморони ја докажуваат неспособноста на нашата дипломатија, но пред се отсуството на државна стратегија која одново завршува со неуспех. Таквата политичка “проституција” на Заев сите нам не чини држава. Тој среќен со неговите милиони, а сите други несреќни без Македонија која на многумина им е се. Историјата памети, и Заев ќе го памети веднаш до Коте од Руља или можеби повисоко на столбот на срамот.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.