Среда, 07 Јули 2021   
Заев доби нова шлаканица од челниците на ЕУ

1 rubin jovanoski

Во еден надворешно - турбулентен период на нашата држава кога од југ - (Грција) и исток (Бугарија) се вршат големи асимилаторски позиции со едниствена цел менување на идентитетот и јазикот од една и промена на се што гласи под името Македонија, налудничавото момче од Муртино прави погубни потези по семејниот буџет на неговото домицилно население.

Имено, истиот, ја покачува цената на електричната енергија, но за да го амортизира тој потег ДДв-то од 18% го намалува за 5%, но само за оваа година.

Во наредната 2022 година да се покачи на 10% и во следната 2023 година да се врати на сегашното ниво од 18%.

Воведува зелена такса од 3,5 денари за литар на нафтени деривати, а следствено на таа мерка спирално ќе има покачување на основните артикли за живот (леб, брашно, шекер, масло...).

Во градот под МАрковите Кули секогаш има проблеми со откупната цена на жолтото злато.

Во оваа прилика како илустрација да напоменам дека од ланската реколта останаа неоткупени неколку тони на тутун.

Момчето од Муртино разочарано и понижено од неговата последна турнеја по европските метрополи и особено во Брисел, пред својот народ капитулираше со зборовите дека ќе биде тежок и трнлив патот во отворањето на поглавјата на нашата земја за членство во европската асамблеја.

Но, иронијата да биде уште поголема од некои провладини анкети и медиуми во водство е повторно лицето З.З.

Кога праичникот кај својот народ е празен аболицираниот лидер Бошко Буха се подготвува за следните локални избори кои се пресудни и истите ќе бидат репер за моменталната политичка состојба во нашата земја.

На крајот како долгогодишен спортски новинар може да ја употребам синтагмата дека натпреварот се добива по завршувањето на мечот, додека прогнозите пред мечот се од симпатизерите на екипата од една и спонзорите на клубот од друга страна.

Реалната состојба на терен е како Зоки да игра лажна 9-ка во напад. Но, што од сето тоа, кога одбраната му е порозна а соиграчите во нападот не ја погодуваат целта на противникот.

Дипл. ЕКК Рубинчо Видое Јованоски

новинар и довчерашен одбојкарски судија

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.