Среда, 14 Јули 2021   
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - 127

1martin1

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

БРОДОТ ТОНЕ - ГРАБАЈ КОЛКУ МОЖЕШ

1. Во неделата (11ти јули) во нашиот источен сосед - Бугарија се одржаа, по втор пат за три месеци, парламентарни избори. Кога го пишувам овој прилог резултатите варираат - те Борисов (бoдигардот на поранешниот диктатор Тодор Живков) имал минимална предност пред шоуменот и комедијант Слави Трифонов, те обратно Слави Трифонов со неговата партија "Има таков народ" имал минимално водство пред Борисов и веќе се пофали дека ќе формирал влада во која тој нема да учествува. 

Изборите во една земја во принцип би требало да се внатрешна работа на таа земја, но во нашиот случај бугарските избори се и тоа како важни за нас, во Македонија, бидејки се покажа дека токму Бугарија е најголем кочничар на евро-перспективите на Македонија. А дали Бугарија од свои причини ја блокира Македонија на патот кон полноправно членство во ЕУ, или можеби одработува за други, мислам дека станува збор и за едното и за другото!? 

Од клучно значење за нас е прашањетo: каков став ќе има новата бугарска влада кон Македонија и дали ќе опстојува на ултимативните барања што ни ги постави претходната влада на Бојко Борисов. Ако се суди по провнозите што пристигнуваат од разни познавачи на бугарските политички прилики - не треба да гаиме голема надеж за некакви драстични промени во нивната негаторска и посесивна политика кон Македонија! Впрочем, тоа јасно ни го предочи самиот претседател на Бугарија, Румен Радев кој јасно ни стави до знаење дека кој и да победи на изборите, Бугарската политика кон Македонија останува непроменета и "Македонија самата треба да се погрижи за отстранување на бугарските блокади". Со други зборови Радев ни порачува дека Македонија треба да ги прифати бугарските ултимативни (за нас неприфатливи) барања во поглед на јазикот, историјата и се друго што имаат наведено во резолуциите на БАНУ, на Бугарското собрание и сл.   

Нешто длабоко во мене сепак ми укажува дека Бугарија не е сама во овие политички заврзлами и кочници што и ги прави на Македонија. Напротив! Неспорно е дека оној глупав консензус (според мене: едноумие) и овозможува на Бугарија да се однесува, како што се однесува, т.е. против волјата на останатите членки на ЕУ. Но, една Бугарија да им наметнува политички ставови на Германија, Франција, Италија и другите членки на ЕУ, кои партиципираат во буџетот на ЕУ со по неколку десетици милијарди евра (Германија за 2021 ќе треба да уплати 31 милијарди евра, Франција 21 милијарди евра, Италија - 14,96 милијарди евра...), тешко би можел да го прифатам! Згора на се, да се работи спротивно на веќе усвоени ставови за европерспективите на Западниот Балкан е тешко разбирливо но, во праксата, гледаме дека и тоа се случува.  

Приказните дека се работи за "замор од проширувањето" меѓу членките на Унијата се само приказни и ништо повеќе бидејки организирање на прва меѓувладина конференција на ЕУ со Македонија и Албанија е, т.е. формален почеток на преговорите за членство. според мене повеќе е симболичен чин бидејки сосема сигурно е дека преговорите ќе траат најмалку една до една и пол деценија.  

Повеќе пати сум напишал и пак ќе повторам: се сомневам дека Бугарија сепак ја превзеде улогата на фронтмен, односно најистурен кочничар на евроинтеграциите на Македонија, а праксата покажува и на Албанија, бидејки во Унијата веќе преовладува ставот дека двете земји треба да се третираат во пакет, а не одвоено, кога станува збор за нивните европерспективи. Сметам дека Бугарија практично одработува за Грција која после потпишувањето на нашата капитулација од Нивице сега изиграва конструктивен фактор, со сесрдна подршка од Франција, а се покажа и од Португалија (но и од други членки во ЕУ).  

Колку ќе траат овие "игри без граници" ќе видиме, но едно е сигурно: очајно ни е потребна нова влада за национален спас, наместо сегашниве колаборационисти со ѓаволот, спремни на секакви отстапки кон Бугарија, интензивирање на соработката со САД на сите полиња, но и трагање за нови можности и партнери што ги нуди светот, а истовремено да се потпираме, пред се, на нашите сопствени интелектуални и други потенцијали.  

2. Однесувањето на сегашнава влада на Зоран Заев што ни ја наметна "меѓународната заедница" без сомнеж по многу нешта наликува на грдите реалности од не така далечното минато. Се воспостави речиси тотална контрола над судската власт; доминација на влијанието врз мас-медиумите, а до ниво на безумие порасна алчноста за богатење со кражба на државни фондови, но и киднапирање на профитабилни имоти на угледни бизнисмени.   

Највпечатлив пример за силеџиството кон успешни бизнисмени секако а случајот со Јордан Орце Камчев кому судот (без сомнеж по налог на власта) по четврти пат му определи мерка едномесечен притвор до почетокот на монтираниот судски процес закажан за 16ти јули. Камчев, кој според ФОРБС е најбогат човек во Македонија и вработува над 3200 лица, го теретат за некаков плац на Водно, што тој го купил со сопствени пари. Но Камчев поседува многу имот: косопственик е на болницата Систина, Стопанска банка во Битола и да не редиме понатаму бидејки листата е долга. Според некои извори, на имотот на Камчеви имаат фрлено око властодршците од с. Муртино.  

Што се содржи обвинението против Орце Камчев ќе дознаеме за некој ден кога ќе започне очигледно монтираниот судски процес против него. Во меѓувреме бизнисменот Камчев е изложен, судејки според јавното обраќање на неговите адвокати, на невидено малтретирање во скопскиот истражен затвор Шутка. Иако Камчев од здравствени причини понуди за поблаги мерки, т.е. за домашен притвор, позамашен имот како гаранција за дека нема да ја напушти земјата, а Вишото јавно обвинителство пред два дена ја прифатило таа гаранција, таквото барање судот го одби!  

Нејасно е зошто судот даде негативно мислење за поблага мерка за обезбедување иако обвинителството кое е предлагач на затворскиот притвор се согласува со барањето на обраната за поблага мерка! Ова, според одбраната на Камчев, е вистинска небулоза.  

Адвокатите на Камчев предупредуваат дека по четири месеци ефективен притвор,  Јордан Камчев е со видливо влошена здравствена состојба и истата продолжува да се влошува и постои сериозен ризик по неговото здравје, а одлуката на судот ја оценуваат тако "видливо неоснована репресија и личен анимозитет кон Јордан Камчев како и класична тортура која веќе беше потврдена и од Народниот правобранител".

3. За разлика од кај нас - кога упадот во Собранието на 27ми април 2017 беше оквалификуван како "акт на тероризам" и беа досудени казни како во "пусто турско", за сличен настан (при што имаше и жртви), Федералните обвинители во САД разгледуваат можност за спогодба со групата обвинети за насилно влегување во зградата на Капитол на 6ти јануари годинава. 

Впрочем, како што беше констатирано во некои Мак-медиуми, така се работи во САД каде суди суд, а не партија!

  Имено, американските власти започнале дијалог за можна спогодба за признание вина за најмалку 12 од 16-те обвинети поврзани со десничарското движење чија група е обвинета за насилен влез во американскиот парламент, Капитол. 

И, наместо актуелната власт да го третира инцидентот на 27ми април 2017 како "глас на народот", испровоциран од насилието и беззаконието внатре, во Собранието, со нелегитимниот "избор" на спикерот Талат Џафери, и воедно да ја третира како неповторлива можност за национално помирување(!), власта преку контролираното судство, брутално се пресмета кон уставобранителите!!!   

   До каде ке стигниме со ваква политика - не знам!

4. Актуелниот градоначалник на Скопје Петре Шилегов веќе громогласно ја најавува својата кандидатура за повторен избор на таа функција на следните локални избори!? Тој како да заборава колку многу има забелешки за злоупотреба на функацијата градоначалник и ги потценува граѓаните како тие ништо да не гледаат и не разбираат.  

На неговото однесување го потсети одборничката Митева која отворено го праша:  каде се 12,7 милиони евра колку што инкасира градот од продажбата на новата зграда за градското собрание покрај Вардар што ја изгради владата на Никола Груевски. Прекрасната зграда, готова за вселување Шилегов не ја бендиса дека била во барок стил и ја продаде на странски инвеститор, но - замислете:  парите од продажбата (12,7 милиони евра  Н И К А Д Е  не се евидентирани и едноставно ги нема!!!  

И што мисли Шилегов, ова ќе остане несанкционирано, па уште се топори за втор мандат!?  

Дека градската власт нема насит кога се во прашање пари, потврда е и последниот бисер од Шилеговиот тендерски репертоар -  брз автобуски превоз, за којшто проект се предвидени дури 140 милиони евра!!! Каде бе Петре ќе го правиш тој проект? Па Скопје н е м а  такви улици за посебни, "брзи" автобуски ленти. Од друга страна, како дојде до бројката 140 милиони евра за неколку тони боја на коловозите??? Или можеби за да има повеќемина да делат?

   Мислите дека ви ги заборавивме небулозите за нов клинички центар за кого сте зацртале да чини 507 милиони евра?

   Да не испадне работава: бродот тоне - грабај колку можеш!?

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.