Среда, 28 Јули 2021   
Злоупотреба на европското знаме

1 rubin jovanoski Злоупотреба на европското знаме

Со употребата на Европски знаменца во цобраниските комисии од една страна се злоупотребува и правото на искажување на пратениците кои не се согласуваат со некои закони кои се донесуваат по итна постапка, или во конкретниот случај во рок од 3 (три) работни собраниски дена да се расправа за законот за државјанство.

Најеклатантен пример е злоупотребата на Европското знаменце во донесувањето на горенаведениот закон.

Во оваа прилика само да нагласам дека од стручната правна фела, политички аналитичари и особено гласот на обичниот граѓанин е дека во донесувањето по брза постапка на законот за државјанство се отвора едно сензитивно прашање кое можи да предизвика далекусежни последици по правниот поредок на нашата мила и сакана татковина Република Македонија.

Во сплет на околности кога опозицијата најавува голем број на амандмани, владејачката партија СДСМ на чело со аболицираниот лидер Зоран Заев и нивниот коалициски партнер ДУИ (на кого му одговара донесувањето на законот за државјанство), го злоупотребува употребата на Европското знаменце.

Во оваа прилика се прашуваме зошто актуелниот парламентарен спикер Талат Џафери дозволува една ваква хаотична состојба кога може едноставно во една парламентарна расправа да се донесе долго најавуваниот од една и оспорениот закон за државјанство од друга страна.

Само да се потсетиме од минатото кога токму парламентарниот спикер Талат Џафери за да ја закочи работата на парламентарниот дом ја искористи собраниската говорница со читање на поезија, и во буквална смисла на зборот „со молчење“, го одолговлечи во тоа време на донесување за според негово мислење спорен закон во тоа време.

Во оваа прилика обичниот се прашува зошто секогаш се употребува европското знаменце за закон кој истиот ако оди во редовна постапка може со одредени амандмани да се одолговлекува на истиот начин тој закон во повеќе работни дена во законодавниот дом.

Во конкретниот случај ветеното кон коалициониот партнер ДУИ на претставникот на македонската политичка сцена Зоран Заев, алијас Бошко Буха мора по секоја цена да се донесе по брза постапка законот за државјанство.

Во оваа постапка видливо е дека Зоки е во зајчина стапица каде мора да попушти и да ги задоволи апетитите на коалициониот партнер ДУИ од причини што во половината на месец октомври македонскиот политички електорат ќе гласа на редовни локални избори.

Ако не се постигне добар резултат Зоки ќе падне во „дупка“ каде ќе биде приморан дасвика вонредни парламентарни избори.

Тоа него ќе му одговара од проста причина што истиот има многу ветено кај албанскиот политички кампус од една и европските челници од друга страна.

На крајот со спортски жаргон кажано според Зоки мора натпреварот да се одигра и добие по секоја цена. Во спротивно следува директен црвен картон на оние на кои му има кажзано дека натпреварот ќе се добие само треба да се истрча на терен.

Но, Зоки народот гледа, молчи и слуша твоите губитнички постапки и се очекува на следните октомвриски локални избори твојата партија и ти лично да добиете директен црвен картон од оние кои ве гласаат и очекуваат парламентарна дебата од една, а невраѓање на едноумието од друга страна.

Дипл. Екк. Рубинчо Видое Јованоски

Новинар и довчерашен одбојкарски судија

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.