|
|
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - 130 |
ОСКРНАВЕН ДВОЈНИОТ ИЛИНДЕН 1. НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ И ЗА НА ВЕК ДВОЈНИОТ ИЛИНДЕН, НАШИОТ НАЈСВЕТОЛ ПРАЗНИК!!! Најголемиот македонски празник, двојниот Илинден, годинава (за разлика од изминатите 30 години од независноста) го дочекавме и испративме во речиси траорна атмосвера за што исклучиво е одговорна актуелната номенклатура на власт која го оскрнави со самоволието и наметнување на нова - туѓа практика, наместо тридецениската традиционална пракса! Патриотски настроените Македонци, од една страна, и годинава организираа - многу помасовно од порано, традиционални коњаници во комитска облека од повеќе правци во Републиката кон историското Крушево, но радоста ни ја поматија имплантите на длабоката држава во нашето општество: шефовите на државата и на Владата на РМ. Просто e за неверување: на Скопските улици и низ Републиката, по повод двојниот д р ж а в е н (и духовен, се разбира) празник за разлика од други прилики - ретко да видиш истакнати државни знамиња !!! Случајно? Нема шанси! Сосема очигледно се работи за нова пракса и порака што преку податливата власт (што силеџиски ни ја наметнаа со Шарената револуција со цел да ја ретушираат нашата колективна меморија за двата настани од особено историско значење: Илинденското востание и Крушевската република и Првото заседание на АСНОМ), да наметнат нови (нивни) концепции за празнување на мултикултурни(!?) датуми и празници. Бескрупулозноста на владеачката номенклатура и непочитување на чувствата на македонскиот народ овој пат најмногу се покажа со самоволието на Стево Пендаровски кој го оскрнави Денот и двојниот Илинден, ја погази триеетгодишната традиција да одржи говор на 2ри август претпладне во Крушево, пред споменикот на загинатите Илинденци на Мечкин камен (Според неговата изјава:"Таа пракса ги разединувала луѓето", но и (тој лично) за да не бил исвиркан од народот!). Па Стево, со десетина или повеќе илјади евра месечна плата треба да си спремен и да бидеш исвиркан и исплукан за твоето однесување и гафовите што често ги правиш, а на штета на сите нас - граѓаните на Република Македонија И наместо почитување на традицијата и воспоставената пракса, во приквечерието на Илинден Стево имаше некакво видео-обраќање, а специојален гостин на приредбата на Мечкин камен (тоа беше обична приредба и ништо повеќе) му беше (за прв пат во изминативе 30 години), Али Ахмети кој на душа носи стотина македонски бранители кои загинаа во војната 2001 со терористичката ОНА на чие чело беше токму тој, кој ниту еднаш во овие три децении не проговори во јавноста на македонски! За разлика од минатите години кога десетилјаден народ со стотици автобуси од цела Македонија се собираше во Крушево да одаде почит на загинатите востаници и достоинствено да го одбележи празникот, овој пат на Мечкин камен побројни беа полицајци во униформи и во цивил, и понекој патриот од дијаспората. Народот сепак одлучи да не подржи со свое присуство скрнавење на историјата и традицијата. И таканаречениот протокол на приредбата на Мечкин камен беше преполн со гафови. Ќе споменам само еден: во шаторот за званците првата дама, демек сопругата на Стевота, ја беа сместиле во вториот ред, а не до сопругот кој случајно е Претседател на државата, како што налага протоколот ширум светот. Невиден резил!!! 2. Конечно една важна вест од Собранието на РМ: Со 95 гласа "ЗА" е усвоена Резолуцијата за македонските црвени линии во преговорите за надминување на спорните прашања што ги наметна Бугарија. Резолуцијата ја поднесе водечката опозициона партија ВМРО-ДПМНЕ, а зад нејзиното авторство стојат МАНУ, УКИМ И МПЦ-ОА, што ќе рече самиот врв на македонското интекелтуално и доховно лидерство. Со Резолуцијата практично се спречува било кој, од македонска страна, да може да преговара со Бугарија за јазикот и идентитетот, што очигледно - судејки според првичното расположение од бугарска страна, предизвика кај нив прилично негативни реакции. Силна порака упати пратеникот Тимчо Муцунски образложувајки ја Резолуцијата во Собранието на РМ при што нагласи дека тој документ е одбрана на македонскиот идентитет и јазик, нашето наследство од претходните генерации и аманет за идните генерации за целосна заштита на македонскиот идентитет, традициите, и етнокултурна посебност. Ова се нашите црвени линии, ова е тоа преку коешто никој ниту имал, ниту ќе има мандат да премине, нагласи Муцунски. Подршка на Резолуцијата даде и владеачката СДСМ чиј претставник во Собранието рече дека јавно ги кажале своите позиции дека не се преговара за македонскиот јазик и идентитет! 3. Бугарија не би била нешто друго - судејки по потезите, политиката и блокадите кон Македонија, од тоа што е: рецидив од Тодо-Живковиот тоталитаризам и византиската дволичност и посесивност кон соседите, особено кон нашата земја! Нејзини најистурени експоненти секако се елементите на бугарската УДБА, бугарското ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов и нивните надворешни претставници, особено во еропските институции. Така, на Резолуцијата за македонските црвени линии усвоена во Собранието на РМ најжестоко реагираше европратеникот од ВМРО-БНД Ангел Џамбаски кој испрати писмо до сите членови на Европскиот парламент во кое пишува дека:"Без разлика на „црвените линии“, македонскиот идентитет се заснова на историска лага!? Во писмото до европратениците, но и до шефот на германската дипломатија Хајко Мас, Џамбаски вели дека ако се почитуваат тие „црвени линии“ Заедничката македонско-бугарска комисија, формирана врз основа на Договорот за добрососедство во 2017, просто не може да функционира. Нејзина првична цел беше да ги реши проблемите што досега не беа решени, поврзани со историјата, културата, идентитетот и јазикот. Но од самиот почеток македонската страна повеќепати ја бојкотира Комисијата, бидејќи не може да претстави сигурни докази, базирани на историски извори, кои ги поддржуваат нејзините тврдења, изнесе во писанието до европратениците Амгел Џамбаски. Споменатиот европрастеник, познат шовинист со фашизоидна нетрпеливост кон Македонија и нејзините граѓани, очигледно не може да се помири дека независна Република Македонија не ги прифаќа и нема да ги прифати СанСтефанските концепции и грамзивоста кон Македонија и се што е нејзина баштита, а што денешна "европска" Бугарија се надеваше, и очигледно сеуште посакува, да си ги оствари и тоа од позиции на членка на ЕУ кон која што се стреми и Република Македонија. Нетрпеливоста на Ангел Џамбаски кон Република Македонија и македонската нација се неспорно манифестација на фашизам што на бугарите и не им е стран, поаѓајки од нивното сојузништво со Третиот рајх во Втората светска војна и злосторствата што ги правеа во две третини од нив окупирана Македонија, на кои им се грозеа и самите идеолози на нацифашизмот во Германија. Предлагам, како тема за размислување, да ги прогласиме Каракачанов, Џамбаски, Ковачев и слични за persona non grata, да им забраниме пристап во светата земја Македонија, па нека лаат колку сакаат по светов. 3. Веќе е прецизиран датумот за редовните локални избори во Македонија (17ти октомври), а со тоа и Длабоката држава веќе е во полн погон. Имено, на економскиот форум наречен "Мал Шенген" што се одржа во Скопје, на кој присуствуваа претседателите на Србија Александар Вучиќ, Албанија Еди Рама и нивниот домаќин Зоран Заев, присуствувал (речиси инкогнито) и синот на злогласниот светски манипулант Џорџ Сорос, Александар Сорос. Која била вистинската цел на доаѓањето на Александар Сорос? Дали подршка на проектот "Мал Шенген" или нешто друго можеме со голем процент на сигурност да претпоставиме од информацијата дека фондацијата Отворено општество донирала два милиони долари, замислите: помош за фирми и бизниси на ромите во Македонија!? Каков цинизам и потценување на нашата интелегинција!!! Па колку фирми и бизниси имаат ромите во Македонија? Освем покојниот Амди Бајран не сум чул дека некој Ром во земјава има посериозен бизнис. Би рекол дека сепак се работи за дрско и безобразно подметнување од кланот Сорос и тие структури на длабоката држава што стојат зад него, со донацијата да се обезбедат средства за поткуп на гласачите роми на престојните локални избори. И не само тоа! Два милиони долакри во готово се големи пари, а на ромите гласачи ќе им бидат понудени најверојатно банкноти од по 20 долари, како до сега, се разбира за да гласаат за владеачката коалиција. Но најголем дел од донацијата со голема доза на сигурност тврдам се наменети за поткуп на глкасачи пред џамиите, што не еднаш беше пракса во минатото (Длабоката држава дирекно се меша во внатрешните работи и изборните процеси во нашата држава!!!). Но донацијава (!) од Сорос наметнува и едно суштинско прашање: по кој основ и според кои прописи и закони приватно лице (Сорос) туку-така, во вреќи носи кеш во странска влалута за финансирање на незаконски активности. Може ли, на пример, да внесеш во САД вреќи пари (осем ако не е службена банкарска трансакција) без да се знае потеклото на парите и нивниот краен корисник? Да бевме правна држава, како што не сме, обвинителството и царината би требало веднаш да реагираат, да ги запленат тие пари и да ги замрзнат се додека не се расчистат фактите. Вака излегува дека Сорос (и тие што стојат зад него) не третираат како банана држава и си работат што сакаат, пред се да ја задржат номенклатурата што самите ја имлементираа, сеуште на власт. Каков срам и резил.
4.Собранието ги усвои измените на Законот за државјанство со кои се предвидува да се реши статусот на луѓето од поранешните југословенски републики кои до денот на прогласување на независноста живееле во Република Македонија.
И овој закон, којшто се донесе со европско знаменце, т.е. по скратена постапка, предизвика сомнежи што беа искажани во расправата во Собранието за можни злоупотреби. Имено, со Законот се предвидени список на "документи" (како на пример банкарски, медицински сметки и сл.) за докажување дека барател на македонско државјанство исполнува услови да постане државјанин на РМ.
Опозицијата оптужи дека владеачкото мнозинство во Собранието не ги прифатило нејзините амандмани и укажа дека тој закон требаше да биде прифатен со консензус. Според мене, неспорно е дека во земјава има граѓани со нерешен статус на државјанство, меѓутоа измените во законот за државјнатсво и начинот на којшто тие се донесени: насилно и без почитување на европски и други меѓународни стандарди и конвенции (познавање на македонскиот јазик, заклетва на лојалност кон новата татковина и сл.) повеќе ми асоцира на компромис како противуслуга за дадената подршка од некои албански парламентарни партии во Собранието за Резолуцијата за македонските црвени линии во преговорите со Бугарија, а крајна цел е зголемување на бројот на албанците во змемјата - по секоја цена!
М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор
|