|
|
Илинденска Македонија |
Илинденска Македонија Несуденото име, пробниот балон кој траеше само некој ден, пред да ни се смести за целосна употреба Северната, географската одредница. Илинденска ќе беше историско идеолошка, но ќе не легитимираше како 40тина години постар народ. Како и да е, главниот проблем е во тоа што актуелната власт се согласи да даде се’! Да смени име за целосна употреба, да го релативизира идентитетот, јазикот, историјата. Целосна капитулација. И што добиваме неколку години подоцна? Апсолутно ништо! Државата троши како луда, а напредок нема. Нема нова инфраструктура, нови градби во сопственост на државата, болници, школи и градинки, напредок никаков, а парите се трошат вез усул. Се зборуваше за реформа на јавниот сектор, а се примија уште толку партиски кадри. Не се гледа да се прими дефицитарен кадар туку подобен со лични врски, партиски, етнички. Сето тоа придонесе до ова што го доживеавме за овој Илинден. За прв пат плашење од сопствениот народ, криење од истиот, видео пораки, и секако форсирање на „Северна“ дури и таму каде што не треба и не мора. Уште по трагично е кога е изговорена од некогаш големи музички имиња, а денес само бледа сенка на она што биле и обични Северџани. Секој брка некаква тезгичка, никој неќе реално нешто да сработи, а за возврат за ангажманче, тезгичка, концерче, настапче и Северџан ќе стане. Браво! Ќе помине сево ова, ама народ сите ве памти Годинашниот Илинден ни покажа и нешто друго. Колку власта е неспособна и некадарна. Канадерите (авионите за гаснење пожари) не ги сервисирале две години, хеликоптерите на армијата не летале ноќе (иако на нет има податок дека 2014 се оспособени за ноќни летови), од друга страна државата купува коли за 2 милиони евра, и оклопни возила за армијата за 200 милиони евра. Колку противпожарни возила актуелната локална и централна власт купила во изминатите 4 години, освен скалата за Шилегов милион и кусур? Политичари и функционери кои носат одлуки за „од утре“ пошто денес одмараат празник е, слават, или претпоставуваш штотуку почнале одмор. Се’ е во летаргија, буквално сме банда без команда, затоа што сите глумат шефови, а конците се испуштени од раце. Се примаат секретарки, курири, кафе-куварки, огромни конкурси на по 600 души во Полиција, но нема пожарникари, воспитувачи, доктори. Нема техничко образование, нема ракувачи на машини, шофери, плочкари, ѕидари, водоводџии, електричари, ама затоа има размазени гимназијалци со 5.0 просек, кои не сакаат матура да полагаат. Е па, драги мои, нема држава. Актуелната власт ви ги понуди скоро сите исти досегашни градоначалници. Оние кои не сработија ништо, кои само шминкаа и се сликаа за на фејсбук. Ако ви чинат истите, да си ги задржите. Претпоставувам, такви и заслужувате! Ни треба нов Илинден. И тоа успешен, за промена! Не знам дал ќе биде четврт, петти, или кој да е, но додека сите вие не се разбудите и освестите, не се активирате во системот на државата и не почнете да работите за некоја повисока цел, освен личниот интерес, напред ќе нема. За крај мала провокација. Никола Јонков Вапцаров вреди да се прочита, поготово со „Илинденска“. На мој фејсбук пост, дел од источните соседи ми рекоа дека бил од Бугарија и пишувал на бугарски. Им одговорив дека и Стерјо Спасе бил од Албанија и пишувал воглавно албански, па е Македонец. А Ако е Вапцаров етнички Бугарин, јас сум пингвин од Мадагаскар. За многу години браќа и сестри, за многу години македонски народе, за многу години македонска нацијо! Да си го вратиме Илинден!
Илинденска Вината не беше наша таа кај друг се крие, и туѓи прсти тогаш стотонска вина сторија! Но, штом ќе дојде ден и штом ќе треба, ние за сè ќе ѝ раскажеме на мајката историјата. Започнаа со раце гнасни на народот во душа да му џбараат, но, гневот беше толку нараснат, та, не се сфати волчката им нарав и музките на ѕверови во овчи кожи, престапничко и плитко лицемерење Но, идат дни, а тогаш и ќе може со грски кал по сурат да ги пернеме. Се почна бунтот. И не беше обичај да изостанеме.- Не се предадовме! Туку, со крвта на народот обичен во Илинден наша содржина кладовме! Што ли ќе речете за таа новост? Ќе барате ли тука руски рубли? В Крушево уште феудалот гнетеше и колкав скок?- Изградија република! А беа исто млади колку нас, сè такви, какви што сме ние. Се бореа, умираа без глас, како што утре ќе умреме и ние. Многумина ги нема, но, не липам јас, чу ли? Ќе дојдат други, среде дим и жареж. Глеј в овој тука! Знај: тој е Питу Гули, а ти? Ти секако си Карев… И ако требаат пароли – в ред! До месецот ќе кренеме плакати. Слободна сакаме, и без, и без протекторати… Автор: Никола Ј. Вапцаров (од збирката “Моторни песни”, 1940 г.) Александар Ристевски |