|
|
Злите јазици треба да престанат да шират невистини |
Македонска нација Електрнското издание „Македонската нација“ е вистинска македонска енциклопедија,чувар на македонската традиција, јаик и култура, чувар на македонскиот идентитет. Во време кога заради евроатланските интеграции актуелната власт го стави на распродажба името, историјата и идентитетот на македонскиот народ, веб порталот „Македонска нација“ стана трн во око на антимакедонските сили како во земјата, така и во соседството. Поради тоа и основачот и Главен и одговорен уредник на „Македонска нација“ Маноил (Мане) Јаковлевски е постојано изложен на удар на антимакедонските елементи во земјава. Со години наназад овие сили го обвинуваат Мане Јаковлевски на социјалните мрежи дека е соработник на УДБ-а и дека така го има добиено Олимписко село. Пред осамостојувањето на Македонија тоа беа службите на поранешна Југославија, а по осамостојувањето на земјата, хајката по него го продолжија антимакедонските сили. Едноставно тие беа сили против независноста на земјата, против македонските патриотски сили, против патриотизмот на Јаковлевски, како и против неговата чесност и смелост преку порталот „Македонска нација“ да биде чувар на македонската традиција, јаик и култура, чувар на македонскиот идентитет. И покрај објавените документи со кои се докажува дека Мане не бил соработник на УДБ-а и дека го купил „Олимписко село“ за околу 2 мил. евра, овие луѓе продолжуваат да ги шират истите невистини. Со оглед дека повеќе пати повторувана лага станува вистина, во „Македонска нација“ повторно ќе бидат објавени документите од кои се гледа дека Мане Јаковлевски не бил соработник на УДБ-а, како и тоа дека го купил „Олимписко село“. Мане отсекогаш бил посветен на својата татковина Македонија и имал за цел да го исполни аманетот на Илинденци, Македонија да стане самостојна и обединета. Поради тоа пред осамостојувањето на Македонија, тој бил следен и прогонуван од УДБ-а. УДБ-а го насочува своето внимание кон Мане Јаковлевски во 1976 година, кога бил извршен атентат врз југословенскиот конзулат во Гетеборг, Шведска. Целата вина за подготовката и налогот за атентат му била препишана на Мане, кој претходно ја посетил македонската дијаспора во овој град. Поради овој настан на Мане не било дозволено четири години да влезе во Југославија и да дојде во родното село Зубовце. Дури по ургенции на негов вработен во ресторанот „Ново Скопје“, кај висок македонски функционер, на Мане му било дозволено да се врати во родниот крај, но кога дошол цело време бил под присмотра на припадници на УДБ-а. Мане бил под присмотра на агентите на УДБ-а и во Берлин, Југословенската тајна служба која била една од најорганизираните тајни служби и имала центри во странство, ги прислушкувалеа неговите телефонски разговори и биле отварани неговите писма, прочитани и копирани.
Следењето на Мане продолжува и по осамостојувањето на Македонија во 1991 година, кога постоеше опасност од судир со тогашната ЈНА, Тоа се гледа од досието „Сина птица“ на МВР на Република Македонија - Служба за државна безбедност - II Управа, со евид. број 106 од 02.12.1991 година, се наоѓа предлог за примена на мерката „ТАЈНА КОНТРОЛА НА МЕЃУНАРОДНИОТ ТЕЛЕФОНСКИ СООБРАЌАЈ СПРЕМА МАНОЈИЛ ЈАКОВЛЕСКИ - „МАНЕ“, Во образложението стои дека СДБ „располага со потврдени сознанија дека М. Јаковлески, освен со парична помош со која редовно ги помага активностите на партијата ВМРО-ДПМНЕ, во последно време превзема активности спротивни на политичката платформа и статутарните одредби на оваа Партија. Имено, од добиените потврдени сознанија, тој „се поврзал со екстремното и милитантното крило на партијата кое заговара насилно и воружено загрозување на поредокот на Република Македонија загарантирано со Уставот.За таа цел веќе превзема активности за испитување на можноста за нелегално купување на оружје во странство и негово нелегално внесување во Републикава. Овие активности ги врши организирано со договор со лица од Републикава и странство, и по нивни насоки“. Според документите, „за Службата за државна безбедност непосредниот повод да ги прислушкува телефонските разговори на Јаковлески, бил заклучокот што беше усвоен на дводневното советување на секциите на ВМРО-ДПМНЕ, во Берлин (Германија), на 30 септември и 1 октомври 1991 година, добиен од соработниците (кодоши). Заклучокот бил да се преземат акции на политички мисии што ќе помогнат во решавање на сегашната сложена положба на Македонија, веднаш да се реализираат контакти со земји што директно влијаат на политиката на Балаканот. А, тоа се соседите на Македонија – Албанија, Грција, Бугарија и Србија.“ Исто така, од овие документи, „Потврдата на приватна исправа Солеминизација на договор за купопродажба на недвижен имот“, склучен меѓу претпројатието во стечај „Метропол“ и Интермс СООЕЛ експорт импорт, водливо е дека Маноил Мане Јаковлевски купил имот, односно го купил „Олимписко село“ за 1.918.160.00 ЕУР. Со овие документи треба да престанат злите јазици да шират невистини.
|