Среда, 18 Август 2021   
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - 132
1martin1
 
АВГАНИСТАН - ГРОБНИЦА НА ИМПЕРИИТЕ
 
 
1. Кога минатата година од Доха (Катар) беше објавена веста дека е постигнат договор: за две недели да прекинат непријателствата со Талибанците и да се воспостави примирје во Авганистан, во порталот mn.mk објавив дека таквиот договор e апсурден, нереален и неостварлив! Па не треба човек да е воен експерт за да заклучи дека е невозможно: конфликт што трае со децении да заврши за само две недели!!! Праксата деновиве покажа дека бев во право.
 
Светот денес е вчудоневиден и со право загрижен од информациите со каква леснотија Талибанците во невиден налет ги освоија големите градови во Aвганистан, за во понеделникот (15ти август) комотно, без испукан куршум, да влезат во главниот град Кабул и дури да прават селфи во претседатлската палата!?
 
И ние, како земја која со свои трупи учествуваше речиси од самиот почеток на мисијата на НАТО ИСАФ (International Security Assistance Force) во Авганистан, а по неа и во втората НАТО мисија "Одлучна подршка" (Resolute Support), имаме во моментов стотина наши државјани по разни основи во главниот град Кабул и треба да сме загрижени за нивната судбина бидејки едно е што званичниците изјавуваат за да ја смират сопствената совест и јавност, а сосема друго е што се случува или допрва ќе се случува таму, на теренот во Кабул!
 
Интервенцијата на НАТО во 2001 беше испровоцирана од нападот на кулите близначки во Њујорк (9/11, 2001), а целта беше да се казнат сторителите (?), и инспираторот на таа и многу други терористички акции ширум светот Осама бин Ладен и, по можност да се стави крај на меѓународниот тероризам. Бин Ладен го ликвидираа, но тероризмот и Талибанците (судејки по последниот развој на настаните во Авганистан), секако НЕ!
 
Со право се поставува прашањето: како е можно најголемата воена алијанса во историјата - НАТО, со најсовремени оружја и неограничени можности и потенцијали практично да биде поразена на фронтовите во Авганистан и приморана да фаќа усвет од боиштето (се процненува дека за изминативе 20 години само САД имаат потрошено во Авганистан помеѓу еден и два трилиони долари, што е една до две илјади милијарди долари (еден трилион=1.000.000.000.000$), а да не зборуваме колку средства вкупно имаат потрошено другите членки и партнери на НАТО!?
 
САД и НАТО во изминативе две децении настојуваа да оспособат локални, авганистански безбедносни сили (војска и полиција) кои ќе се борат против екстремистите (Во Авганистан се регистрирани дури 52 екстремистички групи, покрај Талибанците, Ал каеда, Ал Нустра и т.н). Операцијата на оспособување на авганистанските безбедносни сили (ИСАФ) се одвиваше во пет транши, т.е. фази, а целта беше да се истренираат и добро опремат 360.000 локални "безбедњаци" колку што креаторите на мисијата ИСАФ сметаа дека тоа ќе биде доволно сами да се грижат за безбедноста во земјата!? Оваа пролет - под  притисок на јавноста во нивните земји, алијансата - во прв план САД, ја сватија апсурдноста на војната во Авганистан и најавија повлекување од боиштето.
 
Вербата на НАТО-сојузниците за постигнување мир во земјата беше демантирана бидејки се заборавија на една клучна работа: повеќедецениската индоктринација од позиции на екстремен ислам, длабоко всадена кај мнозинството авганистанци. Само за илустрација, пред неколку години на американски генерал-мајор во придружба на неколку високи офицери во камп за тренинг на безбедносни сили му приоѓа авганистански војник-самоубиец, во војничка униформа, и активира прслук со експлозив. Епилог: американскиот генерал и сите присутни беа убиени!
 
Иднината во Авганистан е многу неизвесна и бројни познавачи на /не/приликите во земјата сега предвидуваат хаос по превземањето на власта од Талибанците. Иако тие се заветија дека нема да има насилие и освети по паѓањето на Кабул, први што пострадаа беа преведувачите. На жените веќе им се ускратува правото да работат во јавни установи, а девојчињата не ќе можат да одат на училиште.
 
Човек со право може да праша: како е можно воена сила со најсовремени оружја за копнени и воздушни дејствија, сателити за навигација и што ти не друго, да биде победена на бојно поле од религиозни фанатици опремени главно со стари автомати АК47 и понешто друга опрема заробенана од нАТО-сојузниците на фронтовите? Но, исто така, со право се поставува и прашањето кој ги снабдеваше Талибанците со оружје и муниција сите овие години за да можат да се сротивставуваат на воена сила како НАТО, и  з о ш т о???

Одговорот е: Најмногу инволвиран во внатрешните работи на Авганистан секако е Пакистан со своите известителни служби, но и како база за одмор и рехабилитација на Талибанците. Да не заборавиме дека лидерот на Ал Каеда Осама бин Ладем беше лоциран и ликвидиран во куќа во непосредна близина на воена база на пакистанско тло!

 
А да прашаме: кој би бил мотивот за децениските војни и странска интервенција во Авганистан? Освен идеолошко влијание (тероризмот и борбата против екстремниот ислам ислам и воведување на шеријатот) секако силен мотив се огромните богатства на суровини и ретки минерали многу барани за АјТи индустријата, со кои располага Авганистан. Можеби тука лежи и нагласениот интерес и на Кина и Русија за случувањата во Авганистан (Русија соопшти дека нема намера да ја затвори својата амбасда во Кабул и нема да ги повлече дипломатите и другиот персонал, бидејки не чуствувала никаква закана по нивната безбедност?  
 
Освем природните богатства со кои располага, низ историјата се покажа дека авганистанците не прифаќаат странска окупација и доминација. Не случајно Авганистан го нарекуваат "Гробница на империите"! Факт е, ниту Александар Македонски не успеа да го освои Авганистан, ниту Британските колонизатори, ниту Советскиот Сојуз, а еве се покажа: ниту САД како предводници на воената интервенција на НАТО.
 
Алијансата не смееше ни да помисли да се повлекува, барем не на така хаотичен и неорганизиран начин како што го стори тоа, што се покажа како нивно невидено понижувње, воедно и крајна неизвесност за локалното население.
 
Каде сме ние како земја, членка на НАТО, во оваа мешаница? Па си го имаме Зоран Заев кој стави на располагање хотели, мотели, одмаралишта за авганистански бегалци - ама да плателе Американците (Заев секако калкулирал и американска подршка за локалните и секако парламентарните избори)!? Ех море зеленко! Па ние не сме си ги средиле ни сопствените проблеми дома (на пример: раселените од Арачиново), а не пак да се грижиме за други.
 
Но тоа е грдата реалност што ни ја накалеми длабоката држава!
 
2.Викендов во Москва беше најавена средба на Рускиот патријарх г. Кирил, со патријарсите на Српската и Бугарската православна црква г. Порфирие и г. Неофит. Што беседеле највисоките Божји посланици на земјава од Русија, Србија и Бугарија, не знаеме но секако не станува збор за кафе-средба.
 
Рускиот патријарх Кирил важи за голем подржувач на СПЦ (со амбиции да постане вселенски патријарх на целата православна екумена) и секако многу влијателен кон БПЦ и можеме само да претпоставиме дека неизбежно МПЦ-ОА била една од темите на московската средба. А каков став презентирал г. Кирил во Москва можеме да претпоставиме барем судејки според неговите досегашни анти-МПЦ-ОА изјави и постапки.
 
Но би го потсетил патријархот г. Кирил во оваа прилика дека православието и писменоста Русите ја добија од МАКЕДОНИЈА (тоа Путин јавно го призна во неколку наврати), а не од Србија или Бугарија и би требало да има барем малку почит кон МПЦ-ИА и македонскиот народ!
 
Малку респект кон историските факти и прагматизам, а не слепа врзаност кон илјадагодишните канони не е на одмет Ваша светост г. Патријарх Кирил!
 
3.Државниот завод за статистика соопшти дека не се јавиле доволно кандидати за попишувачи за обука за пописот на населението најавен за оваа есен. Следствено, доведено е во прашање самото одржување на оваа статистичка операција.
 
Фала Богу народов се освести и опамети и одбива да учествува во операции што се на негова штета!
 
Ред е и опозицијата јасно да стави до знаење на власта дека  н е м а  да прифати попис според неуставен закон (за попис) и да ги повика граѓаните да ја бојкотираат оваа антимакедонска операција!!! 
 
М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор 
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.