|
|
Пописот ќе даде шкакливи одговори |
Свекрва Пописот во Македонија е закажан за септември, во време кога се очекува бројката на заболени со Ковид 19 да го достигне својот врв. Иако четвртиот бран го зема својот данок, шопишувачи кои треба да го спроведат истиот немаат обврска да бидат вакцинирани, што пак преставува алиби тие да не бидат примени во домовите на граѓаните поради страв од зараза. Ова ќе го доведе во прашање успешното спроведување на пописот кој веќе еднаш беше одложен заради пандемијата. Важноста на Пописот 2021 е огромна, со оглед дека од 2002 година не е извршен попис во земјата. Пописот треба да ја даде вистинската слика во земјата, врз која треба да се градат идните стратегии за развој. Сепак најважниот показател треба да биде домографската слика, која по сите проценки треба да е изменета од последниот попис. Од осамостојувањето на земјата до денес, многу фактори влијаеа врз демографската слика. Воената разврска при распадот на СФР Југославија, транзиција на општетсвениот капитал во приватен, вишокот на работна сила на пазарот на трудот, корупцијата во власта и конфликтот во 2001 година предизвика во изминатите три децении масовно иселување од земјата. Иако во последните две години пандемијата го намали бројот на иселувања од земјата, се смета дека бројот на население е паднат под 2 милиони. Со загриженост се говори за заминувањето на младите образовани работноспособни кадри и за увоз на наобразован кадар. Посебно е индикативно што власти ќе гради кампови за мигранти и на местот на заминатите млади образувани Македонци, како да сакаат да ги задржат необразувани бегалци. Во земјата имаме неспособна власт која до ден денешен не успееја да го спречи заминувањето на младите. Ако имате власт која не успеа и целосно да го решат прашањето со внатрешно раселените лица од воениот конфликт во 2001 година, ако ни Рамковниот договор не им помогна на раселените Македонци, тогаш со ваквата политика целосно може да се измени демогрфската слика во одредени делови од земјата. Сето горе наведеното овозможи намалување на бројот на населението во земјата, а со тоа и бројот на Македонците. Во ситуација кога немате извршено попис од 2002 година, ако имате власт која намерно ја обезличува земјата, ако имате власт која ја протежира албанизација на земјата и ако имате пандемија, сосема е неблагодарно да се прават било какви проекции. Иако од земјата заминуваат припадници од сите заедници, сепак е познато дека Источна Македонија е празна, а од Западна, Битола, Крушево, Ресен и др. се полупразни градови, и т.н. Во Македонија остана постарата популација, која сега е на удар на вирусот. Без разлика на возраста нивниот опстанок ќе биде важен за идната демографска слика. Попишувачите ако бидат примени во нивните домови ќе добијат прилично шкакливи одговори меѓу кои дека Македонците станаа граѓани од втор ред. Никој кој е припадник на македонскиот народ не би требало да има проблем да се изјасни на пописот за својата етничка припадност, што е многу битно за зачувувањето на името, јазикот и идентитетот на Македонците. Сепак факт е дека во власта има луѓе кои поради лични интереси повеќе не се чуствуваат Македонци, туку станаа поголеми Грци од Грците, поголеми Бугари од Бугарите и поголеми Албанци од Албанците. Како инаку да се објасни фактот дека тие го сменија уставното име, ја направија земјата двојазична, на продажба го ставија јазикот, историјата идентитетот. Отука постои стравување дека овие луѓе не семо што нема да се изјаснат според својата етничка припадност, туку ќе работат спротивно на интересите на македонскиот народ. Иако се ближи почетокот на пописот власта сеуште неможе да го најде потребниот број попишувачи. Многу луѓе би сакале да заработат како попишувачи, но ретко кој паметен се осудува во екот на пандемија да работи како попишувач и да ги посетува домовите на граѓаните, каде може да биде заразен или да ја пренесе болеста. Затоа најдобро оваа власт да си замине, а пописот да се изврши догодина кога реално се очекува да се намали моќта на заразност на вирусот. |