Среда, 25 Август 2021   
Иван ТРПОСКИ : ОД ДЕДО НОЕ ДО БРАНСОН И БЕЗОС

Ivan Trposki

Денес, најактуелна тема во светот е што побрзо излегување од кризата со корона вирусот Ковид – 19. Навистина никој од нас  пред неколку години не веруваше дека има таква сила која може светот да го закочи, да го застане! Е сега сите сме паталци на тој застој, кои бараме што побрзо да го победиме овој невидлив светски непријател.

Но како да го направиме тоа освен преку вакцинација на целокупното население во светот. Ама не е лесно практично да се оствари таквиот проект, се појавуваат пречки, најпрво при нејзината набавка, која се произведува во повеќе земји на светот, а се шпекулираат гласини дека од продажба на вакцините, моќни држави, бизнисмени и политичари се офајдуваат со огромно парично богатство. А има луѓе кои цврсто веруваат дека во овие вакцини постои хемиска супстанца која го отежнува правилниот развој на човечкото тело. Поради тие причини народот е поделен: за вакцинација и против вакцинација. Ваквата поделеност на луѓето во светот владее од памтивек, а кај Македонците започнува по пропаста на Александровото царство и окупацијата под Римското царство. Римјаните, пак, за да ги задржат во покорност  Македонците, од страв на повторно воскреснување, инсталирале проект кој ќе биде многу едноставен, но со долговременска намена:  кодошлак и љубомора. Ете овие се работите кои нашиот народ ги применува низ сите епохи на неговата национална историја.

Зарем некогаш покажавме љубов и слога за да создадеме слободна и суверена држава. Никогаш! Ниту со Самоиловото, ниту со Византиското царство, ниту со Балканските војни, во кои брат против брат се бореше за туѓи интереси. Истото ни се случуваше  со Илинденското, Крестенското и другите востанија. Ами оние „Предавства и политички убиства“ за кои пишува Верољуб Андоновски, така тој нив од умот си ги измисли. Кој ги предаваше војводите и комитите и кој ги убиваше? Исто така оние борци, партизаните, од поновата историја: Кочо Рацин, Методија Андонов Ченто, Панко Брашнаров, Струмичките студенти... па покушај за атентат врз  Глигоров и убиството на Трајковски и ред други  личности,  кој ги сценира нивните сценарија и кои се извршителите на нивните дела? Сигурно никој не дојде од Тунгузија за да ги извршит нивните злосторства. Исто така се прашува народот што прават политичарите и дел од интелектуалците во нашата земја, дали се слепи и не гледаат како криминалот и корупцијата цветаат, а економијата  и стандардот на луѓето тоне се подлабоко и подлабоко. Доста со мафтање на Европското знаменце и прокламации за „добрососедски односи“ на кои се носат брзи и неквалитетни проекти кои се штетни за Македонската држава и народ. Кодошлукот  владееше меѓу нашиот народ и во поранешната Југо - федерација кога се осниваа задруги, и тогаш народот се подели, некои  се определија за во колективите, а другите не ги сакаа нив, едните ги нарекуваа „задругари“, а другите  „кулаци“ . На кулаците им беше одземен имотот и стоката и беа удавени во даноци. Па едно време нели беше воведена забрана за да се чуваат Кози, кои беа осудени како уништувачи  на шумите. А сиромасите со нивното млеко и сирење ги хранеја децата и ги плаќаа даноците. А свесни сме и за поделбата на населенито кое беше на сила врбувано да се попишува дека се комунисти, наспроти оние кои беа верници и веруваа во Господ.  А дали знаете првите електрични – шок пендреци  дека беа употребени против населението во Вевчани. Да, вевчанци ги испробаа пендреците но не им ја дадоја водата на некои владини  чиновници  кои поседуваа викендици  над Струга, а господата сакаа со изворска вода да се капат, а не со езерската која им беше под нивните  стапала. А во најновавата денешна историја кодошлакот  ги подели Македонците и по партиски определби, во кои вогалавно доминираат СДСМ  „комунисти“ и ВМРО – ДПМНЕ  „националисти“.  Еве еден цитат за тоа како ги оценува македонските политичари, академик Љубомир Коцарев: „Односот на нашите политичари кон граѓаните на Македонија се карактетризира со: кукавичлук, недостоинственост, арогантност, неразумност, безобзирност, алчност...!“

На крај да донесеме и званична оцена на животот на Планетава земја, за која, спрема мислењето на властите во светот населението ќе мора насилно и целосно да се вакцинира за да ја прежвее пандемијата, а за дел од противниците на вакцинацијата кои мислат дека вакцината содржи частички со метална прашина, која дополнително ќе го засили зрачењето, загревањето и ќе ги убива нивните клетки со што доаѓа до предизвикување на задушување, срцев или мозочен удар, згручување на крвта и оксигинација во белите дробови. Така ќе почне да се намалува човечанството на земјината топка, на која, за жал,  ќе завладее неподнослива жешкотија и стравотен потоп.                                                         

1noe1 Но, спрема Библијата,  Дедо Ное со неговата Барка за да заштити дел од живиот свет, пренесол мноштво луѓе, стока и растенија, со кои по потопот го отпочнал новиот земјин живот.                                                             

2noe2 А денес сме сведоци дека милијардерите Ричард Брансон и Џеф Бизос се спремаат со своите ракетни летала да пренесат дел од високата боржуазија на населението во вселената за да го спасат од моменталната Апокалипса, која поради негрижа на луѓето и се заканува да ја уништи земјината топка.

Кој сака да верува нека верува, а кој не сака нека не верува – тоа е нивно лично право! 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.