|
|
ИМЕТО НА НАЈГОЛЕМИОТ МАКЕДОНСКИ ЦАР БИЛО „АЛЕКСАНДАР“, А НЕ „АЛЕКСАНДРОС“ КАКО ШТО ТВРДАТ ГРЦИТЕ! |
Александар ДОНСКИ СПОРЕД ВАВИЛОНСКИ НАТПИС ОД 4 ВЕК ПРЕД ХРИСТА ИМЕТО НА НАЈГОЛЕМИОТ МАКЕДОНСКИ ЦАР БИЛО „АЛЕКСАНДАР“, А НЕ „АЛЕКСАНДРОС“ КАКО ШТО ТВРДАТ ГРЦИТЕ! (ПРВ ДЕЛ) Денешната грчка историографија и пропаганда насекаде тврди дека името на најпознатиот македонски цар не било „Александар“, туку „Александрос“. Како потврда за ова тие ги нудат текстовите од античките (главно хеленски) автори, кои во своите дела ова име го запишале како „Александрос“. Поради тоа грчките историчари и пропагандисти ги обвинуваат како „фалсификатори“ сите оние кои тврдат поинаку, а ова посебно се однесува на денешните македонски историчари. Воедно тие тврдат и дека формата на ова име „Александар“ се појавила многу подоцна како форма на (според нив) „вистинското име Александрос“. Но, ова воопшто не е точно, а за да ги побиеме аргументирано ваквите ставови, ќе укажеме на неколку факти: 1.Античките хеленски автори во најголем број случаи (ако не и секаде) во своите дела ги фалсификувале личните имиња на припадниците на сите странски (нехеленски) народи и притоа вештачки им го додавале хеленскте суфикси „с“ или „ос“ на крајот од имињата. Ова тие го правеле дури и на странските топоними кои исто така во своите дела вештачки ги хеленизирале со суфиксите „с“ и „ос“, иако во оригиналните називи овие топонимни немале такви суфикси. Како еден од бројните докази за ова ќе го спомнеме Херодот. Пишувајќи за географијата на земјата на Скитите, тој го дава оригиналното скитско име на една нивна река, а воедно ја дава и неговата хеленска транскрипција. Херодот пишува: “Оваа река Скитите ја викаат Пората, а Грците ПиретуС”. (Потенцирањето на буквата “с”, секаде во текстот е моја, з. м. Сите овде наведени податоци од Херодот се превземени од неговата “Историја” во превод на англиски од Џорџ Ровлинсон). Ист е случајот и личните имиња на припадници на странски нехеленски народи. Ќе ја спомнеме сопругата на Александар Велики Македонски. Кај хеленскиот историчар Диодор Сицилијанецот нејзиното име е заведено како Статира (Диодор,книга 17), а во некои хеленски дела истото ова име е заведено како СтатираС. Аријан, пак, го спомнува и нејзиното вистинско персиско име кое гласело Барсина, со напомена дека (цитат): “Барсина обично ја нарекувале Статира” (Аријан, цит. дело, стр. 186). Уште подрастичен пример за ова имаме кај името на египетскиот фараон Кхуфу. Името на овој фараон кај Херодот е запишано како КеопС и по ова име тој до денес останал познат во целиот свет, иако сигурно дека тој, кога би имал прилика своевремено да го слушне името КеопС, воопшто не би го ни разбрал истото, а камоли да помисли дека тоа би можело да биде неговото име. Во светски познатата ЦД енциклопедија Encarta, во поднасловот за Кеопс читаме: “Кхуфу, на грчки Кеопс, египетски фараон (околу 2638 - 2613 пред Христа)”. Исто било и со името на египетскиот фараон Псамтик. И нему хеленските автори му го промениле (хеленизирале) името. Во истата енциклопедија Encarta (наслов: Псамтик Први) пишува: “Псамтик Први, на грчки, ПсаметихоС, крал на Египет (владеел 664-610 пред Христа)”. Сепак најголеми јазични претумбации Херодот направил кога египетскиот фараон Снефру (таткото на Кхуфу) го прекрстил во РампсинитуС (!?), а истата судбина ја доживеал и синот на Кхуфу, кој се викал Реџедеф, а Херодот го запишал како МикеринуС (секако со обавезниот хеленски суфикс “с”). Хеленскиот антички историчар Аријан средноазиската река Аму-Дарја ја именува како ОксуС, а за Сир-Дарја дава дури две сосема различни имиња: ЏаксартеС и ТанаиС (!?). Исто е и со реката Ченаб, која за Аријан се викала АкесинеС. Понатаму реката Пир-Сар кај него е запишана како АорноС, реката Џелум како ХидаспеС. Реката Рави е запишана како ХидраотеС, а реката Беас како ХифасиС. Во Лексиконот “Суда” античките хеленски автори го смениле и името на реката Драва, која овде е запишана како ДраоС (“Суда”, делта 1501). Кај повеќе хеленски автори феникискиот град, познат кај нас под името Тир, е запишан како ТироС, иако неговото оригинално име, т.е. името што го употребувал народот што живеел во него, отприлика гласело Ѕор. Има уште многу вакви примери. За ваквата пракса се свесни сите сериозни проучувачи на античкиот период. Така, на пример, францускиот историчар Ламартин во своето дело “Vie d’Alexanderle Grand” (Париз, 1859, стр. 54), во врска со ова ќе запише: “Грците ги искривоколчувале дури и имињата на владетелите и војсководците со кои војувале. Тие на се давале хеленски изглед, дури и во Индија и Персија...” Уште подециден во посочувањето на оваа вистина е познатиот српски историчар Ж. Петковиќ. Во своето дело: “Македонија старога века”, на стр. 1, читаме: “Старите грчки историчари, кои најмногу служат како извор за историјата на Македонија, имале обичај да ги менуваат географските називи и личните имиња на другите народи и да ги дотеруваат според грчкиот начин на изговарање, па затоа денес е тешко да се најдат вистинските називи на тие преиначени топоними и имиња”. (цит. според Христо Андоновски). Во продолжение ќе наведеме уште повеќе примери на антички хеленски автори кои вештачки ги хеленизирале личните имиња на припадниците на сите странски народи со кои доаѓале во допир. Така, на пример, речиси сите персиски лични имиња што ги сретнавме во делата од античките хеленски автори, завршуваат со вештачки додадениот хеленски суфикс “с”, т.е. исто како и тогашните хеленски имиња (иако за Персијанците се знае дека не биле никакви Хелени и немале ништо заедничко со нив). Ќе наведеме подолг список од вакви вештачки хеленизирани персиски лични имиња, преземени од делата на Херодот, Аријан, Диодор Сицилијанецот и други автори. Овие имиња се: АбулеутеС, АрсамеС, АрситеС, АзанеС, АриомардуС, АртифуС, АтибиеС, АртакаеС, АнтиксиС, АнтибелуС, АземилкуС, АместриС, АнисуС, АртохмеС, АхаменуС, АтизеС, АртаиктеС, АртеуС, АртинеС, АријандеС, АрхаемнеС, АрмамитраС, АспатинеС, АрбазуС, АморгеС, АриармнеС, АртабануС, АртаиктеС, АвтофрадатеС, АријабигнеС, АризуС, АвстанеС, АрбупалеС, АбулитеС, АртаксеркеС, АтропатеС, АриобарзанеС, АртониС, АстеС, АвтобареС, АртиболеС, БагуС, БагодараС, БагистанеС, БарксаеС, БесуС, БубакеС, БубареС, БарзентеС, ГергиС, ГоргуС, ГобријаС, ДамастимуС, ДариуС, ДаурисеС, ДрипетиС, ДатамеС, ДотуС, ЗопируС, ИнтафернеС, ИтаматреС, КамбисеС, КандалуС, КатанеС, КируС, КсеркеС, КерасмиС, КерсиС, КлеофиС, КиберникуС, МазеуС, МаксамеС, МегадостеС, МавакеС, МедатеС, МирсуС, МитробузанеС, МитробеуС, МитробатеС, МитринеС, МаусолуС, МаситеС, МасагеС, МегабизиС, МардонтеС, МегасидруС, МитраустеС, НабарнеС, НифатеС, ОксатреС, ОрксинеС, ОксиартеС, ОксодатеС, ОкондобатеС, ОронтеС, ОтанеС, ОмареС, ОебареС, ОаризуС, ОчуС, ОронтобатеС, ПатизејтиС, ПрексаспеС, ПармуС, ПатирамфеС, ПиксодаруС, ПетинеС, ПигреС, ПаристаС, ПроексеС, РосакеС, РеомитреС, СабакеС, СисамнеС, СисинеС, СисимакеС, СисинеС, СисингамбриС, СикаС, СелдомуС, СпитробатеС, СпитридатеС,СиромитреС, СатибарзанеС, СтатираС, СмердиС, СинесиС, ТасијакеС, ТомагораС, ТитеуС, ТеспеС, ТиридатеС, ТабалуС, ТимнеС, ТимонакС, ТимондаС, ТритантехмеС, ТигранеС, ТетрамнестуС, ФарнакеС, ФрасаостреС, ФрадасменеС, ФерендатеС, ФарнабазуС, ФратафернеС, ХистаспеС, ХидриеуС, ХистанеС, ХистиеуС, ХидарнеС, ХегисистратуС, ХостаспеС, ЧоренеС и други. Истата судбина ги снашла и топонимите, кои влегувале во склопот на персиската држава и кои, исто така, останале до нашево време хеленизирани со завршетокот “с” (чиј подолг список можете да го сретнете во книгата „Јазикот на античките Македонци“ од Александар Донски).
Но, не е ваков случајот само со персиските имиња и називи. Оваа судбина ги снашла и останатите народи. Така, на пример, од страна на Диодор Сицилијанецот, името на кралицата на Амазонките е запишано како ТхалестриС, а името на еден Египјанин како ДанауС. Херодот, пак, ги спомнува египетските владетели: ПсаметикуС, МоериС, СесостриС, РампсинитуС, КеопС, МикеринуС, АмасиС и АприС, како и ќерката на АприС, по име НитетиС. Овде се и имињата на уште неколку Египјани, спомнати кај Херодот и Аријан, кои гласат: АмиртеиС, ПаусириС, ДолоаспиС, ПетисиС и други. И египетските градови кај Херодот останале запишани со завршетокот “с” (МемфиС, СаиС, ТебеС, ОасиС, КеркасоруС, ХелиполиС, КанобуС и други), а таков е случајот и со езерото МоериС (кај Аријан: МареотиС, з.м.) и со островот ПросопитиС. Дури и името на единствената арапска река што ја спомнува Херодот го запишал како КоруС, а името на еден арабиски град кај Аријан е запишано како ХерополиС. Имињата на единствените Либијци што ги спомнува Херодот се запишани како ИнаруС и ТанураС. Либискиот 'рт, пак, Херодот го запишал како СолеиС, а една либиска река е како КинипС. И фригиските лични имиња во спомнативе хеленски извори останеле запишани со вештачки додадениот хеленски суфикс “с”: АдрастуС, ГордиуС, МидаС, ПелопС и сл., а името на етиопскиот крал останало запишано како СабакуС. Името на асирската принцеза останало запишано како НитокриС, а името на нејзиниот син како ЛабинетуС. Асирскиот крал што го изградил градот АнхиаулуС, останал запишан како СарданапалуС, а тој бил син на АнакиндараксеС. И кај скитските имиња што ги запишал Херодот е истата приказна. Тој прво потенцира дека Скитите биле засебен народ, при што вели (цитат): “Скитите... се најмладиот од сите народи.” Притоа тој спомнува и дека тие си имале засебен јазик, при што наведува неколку нивни зборови, заедно со хеленскиот превод. Сепак и личните имиња на поединци од овој засебен народ, тој ги запишал вештачки хеленизирани: ТаргитауС, БористенеС, ЛеипосаиС, АрпоксауС, КолаксаиС, АриапитеС, СкилаС, ОктамасадаС, АријантаС, ТереС, ИдантирсуС и други, а така е и со имињата на скитските реки ГеруС, ЛикуС, ОаруС, ТиарантуС, АраруС, НапариС, ПиретуС, ОрдесуС и ХиргиС. Името на едно скитско езеро го запишал како ПалуС МаеотиС, името на една област како: ЕксампеуС, додека притоките на најголемата скитска река ги запишал како: ТираС, ХипаниС, БористенеС, ПантикапеС и ХипакируС. Инаку Херодот ги спомнува и имињата на скитските богови, кои исто така ги претставува со хеленски имиња. Аријан го спомнува и скитскиот командант СатракеС, како и реката ПолитиметуС. Херодот спомнува и некоја далечна западноевропска река, која се викала ЕридануС, при што, децидно потенцира дека тоа било хеленското име на таа река, а спомнува и две северни реки: КарпиС и АлпиС. Аријан спомнува и три средноазиски реки: ЕпардуС, АриуС и ЕтимандруС. И илирските имиња во хеленските извори останале запишани со завршетокот “с”. Некои од нив се: БардилиС, ПинеС, ГрабоС, ПлеуратоС и други, а грцизирани се и имињата на илирските топоними, како што се: ЕпидамноС, ДенусоС, ЛисоС, АнгруС и други. Ист е случајот и со тракиските лични имиња. И од нив најголемиот број од страна на античките автори останале запишани со грчкиот завршеток “с”. Некои од нив се: МукакентоС, ЕптаикентоС, РодопиС, ДаоС, ПатоумаС, ОлоруС, ПатоумасоС, КретеуС, КарсиС, ТереС, СиталкеС и други. Тракиските реки кај Херодот се запишани како АтриС, НоеС и АртанеС, а овде е и областа СалмудесуС. Аријан ја споменува и тракиската планина ХемуС, реката ХебруС и градот КалатиС. И имињата на Трибалите ја доживеале истата судбина. Така, на пример, Аријан ја спомнува трибалската река ЛигинуС, потоа трибалскиот град КалатиС, како и името на кралот на Трибалите, СирмуС. Дури и индиските лични имиња во делата на древните хеленски автори биле хеленизирани. Некои од нив се: АфрикеС, АкуфиС, ФарназатреС, ТаксилеС, МофиС, ЕмбисаруС, СасибисареС, ПоруС, СпитакеС, МероеС, СопеитеС, АртабатеС, ФегеуС, КсандрамеС, МисикануС, ПортикануС, ДандамиС, СандракотуС, СамбуС, КалануС, КофеуС, АсагетеС, а имињата на индиските реки останале запишани како: ИндуС, ГангеС, АкесинеС, ХидаспеС, ХидраотеС и ХифасиС. Имињата на два индиски града се запишани како СалмуС и ОробатиС, а на две планини како МеруС и ПарапамисуС. Според ваквата тогашна хеленска пракса испаѓа дека народи со сосема различни култури, етничко потекло (па дури и раси!), како што се: Персијанци, Египјани, Илири, Арапи, Либијци, Тракијци, Етиопјани, Скити, Индијци, Македонци и други, имале идентични (хеленски) завршетоци на своите лични имиња(!?). Секако дека ова е несериозно и да се помисли. Практично, хеленската транскрипција на овие имиња стои како тешка завеса, поставена помеѓу нас и нив - завеса, од која, не можеме да ги видиме како тие изгледале (звучеле) во оригинал, туку само можеме да ги насетиме нивните контури. Но, и покрај сите овие факти, денешната грчка историографија и пропаганда ги користи хеленизирано запишаните античко-македонски лични имиња (но и топоними и сл.) како „доказ” дека античките Македонци биле „Хелени“ (штом, нели, завршетокот на нивните имиња бил „хеленски“). Но, ако е така, тогаш денешните грчки пропагандисти би требало да тврдат дека и тогашните: Тракијци, Илири, Етиопјани, Асирци, Персијанци, Египјани, Либијци, Индијци, Итали и други народи биле „Хелени“, бидејќи и нивните зборови (лични имиња, топоними и сл.) во истите тие античките хеленски извори останале запишани со завршетокот “с” (“ос” или “ис”). Меѓутоа, грчките пропагандисти овој податок го премолчуваат, а го користат само кога се во прашање античките Македонци. Еве уште еден доказ за нивната необјективност. |