|
|
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ- 135 |
30 ГОДИНИ НЕЗАВИСНОСТ, НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ И ВЕКОВИТ ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА 8ми СЕПТЕМВРИ
1. Република Македонија на 8ми септември одбележува 30 години од својата независност! На тој ден, пред три децении, Македонците во Републиката и ширум светот со своите гласови плебисцитарно ја подржаа, идејата за осамостојување и независост од поранешната федерација која се распаѓаше по сите шавови и гореше во пламен на повеќе фронтови. За разлика од останатите ферерални единици - републики, коишто со војна се пресметувааа меѓусебно за својот иден статус, Македонците во таа воено-политичка мешаница во она што претставуваше федерација на народи и народности всушност испаднаа најмудри и својата вековна цел: независноста на својата држава ја остварија на најдемократски начин (што никој не може да го оспори) - со непосредно изјаснување на народот на Референдумот на 8ми септември.
Денес, кога некои подземни структури во земјава настојваат со подли методи да го минимизираат значењето на историскиот 8ми септември и да ја ретушираат (!) историјата, се чуствувам должен - како непосреден учесник во тие настани, да споделам со македонската јавност дома - во Републиката, но и во дијаспората, што се вели: За историјата, за идните генерации!
Нека се знае и памети: Референдумот за незавсност на Република Македонијана 8ми септември 1991 беше организиран и реализиран без никакви додавки, придавки и слични атрибути на нејзиното уставно (според тогашниот Устав) име!!! За овој факт не смее да има никакви дилеми и се прашувам што ќе одбележува сегашнава анационална и наметната од странци власт!? Независност на некаков си "северен ентитет"??? Такво нешто не постоеше пред 30 години, ниту пак се изјаснувавме референдумски за таква работа. Токму тоа е првиот пример на ретуширање (искривено претставување) на историјата!
Ретуширањето на историјата од настаните во 1991. особено се гледа и во одлуката на сегашната Влада да додели некакви спомен-плакети на сите пратеници во првиот состав на Собранието на РМ. Но владата на Академик Никола Кљусев - првиот премиер на независна Македонија сегашниве властодршци - верувале или не, не ја ни споменуваат. Па токму "Експертската влада" што ја предводеше Академик Кљусев е н а ј з а с л у ж н а за успешната организација и реализација на Референдумот.
Како министер за информации со сите вработени во Министерството дадовме максимум за афирмација и популаризација на значењето на Референдумотт за независност како чин со којшто се стваруваат соништата на генерации македонци кои ги дадоа животите во многуте буни и востанија, во Илинденското востание, Балканските војни, Првата и Втората светска војна (Македонија е единствена земја во Европа која с а м а извојува победа над фашизмот и се ослободи од бугарската и италијанска окупација!). Лично преседав со денови во македонското радио (заради часовната разлика од Сиднеј и Мелбурн, до Торонто) за да одговарам на прашањата на нашинците за деталите за гласање на Рефередумот. Огромно беше интересирањето и возбудата ширум светот за настанот за којшто мечтаеа и гинеа генерации Македонци.
Интересирањето на новинарите за информирање за Референдумот беше огромно, како од поранешните Ју-републики, така и од странство и тоа од две причини. Прво, бидејки војните во некои републики добија невидена жестина. Второ, светот се прашуваше кој пат ќе го фати Македонија заради виорот на војната што ја зафати поранешната федерација!?
Во министерството за информации беа акредитирани над 350 новинари, од поранешните Ју-републики, и деведесетина странски известувачи, што според мои сознанија беше најинтензивно медиумски покриен настан за Македонија (по известувањето за Илинденското востание) во XX век). Министерството организираше посебен прес-центар во Собранието на Македонија, (за таа цел беше адаптиран просторот од некогашниот ресторан во Собранието). Македонски пошти монтираа повеќе телефонски кабини за радио и ТВ известувачи да можат да испраќаат аудио-извештаи, а обезбедивме повеќе телефакси и телепринтери. Со еден збор, Мислам дека не е нескромно ако констатирам дека организиравме прес-центар според сите светски стандарди за тоа време.
За да имаат што е можно повеќе материјал да известуваат, за новинарите организиравме бројни прес-конференции на коишто настапи речиси целото државно раководство - претседателот на државата, премиерот, министри во Владата...Но, го немаше претседателот на Собранието Стојан Андов!!!(Види: Никола Кљусев:"ПАТОТ КОН МАКЕДОНСКАТА НЕЗАВИСНОСТ"; страна 82). Новинар од "Нова Македонија" на еден прес ме праша:"Министре, речиси цело раководство настапи пред новинарите, но ви го нема претседателот на Собранието (С.Андов). Каде е тој?" - Не знам, одговорив. можеби се работи за недостаток на ентузијазам за чинот што го правиме, одговорив. Мојот одговор беше цитиран утредента, на 9 септември, на втората страница од "Нова Македонија", а утрината истиот ден добив телефонски повик лично од Стојан Андов - Министре, што е ова што пишува во "Нова Македонија?" - Не знам, одговорив. Не стигнав да отворам весник. "Види, види што пишува на втора страница", додаде Андов. Го отворив весникот и во антрфиле (новинарски израз за вест во рамка), го видов дијалогот со новинарот од "Нова Македонија" од претходниот ден. Андов со груб глас на кавадаречки нагласок ми се закани:"Немој да забораваш дека Собранието ја контролира владата, а не обратно"!!! - Па новинарите ме прашаа каде сте, а јас не знаев што да им одговорам, му реплицирав по што Андов ми го тресна телефонот. После се правдаше дека бил во Солун за да го испита јавното мнение во Грција за чинот што го поравевме, а всушност се криел во регионот Богданци-Гевгелија за случајно ВМРО-ДПМНЕ да не прави проблеми доколку Референдумот не успее!? (Види:Мартин Треневски, "НЕЗАБОРАВНИК", страна 73 "Aпстиненцијата на првиот парламентарец").
Тој ден, на 8ми септември, негде после 18 часот почнаа да пристигнуваат резултати и јасно беше дека Референдумот беше успешен. Градскиот татко на Скопје Миле Талески беше организирал трибина во близина на Камениот мост, а на плоштадот се собра стоилјаден народ. Во канцеларијата на Претседателот Глигоров околу 20 часот бевме: К. Глигоров, Премиерот Н. Кљусев, министрите А. Лепавцов, Столе Трајаноски, Ѓ. Наумов, Димитар Димитров, Илија Андоновски-Ченто и јас, како и Васил Тупурковски и луѓе од обезбедувањето. Се договаравме како да излеземе пред насобраниот народ. Киро Глигоров НЕ САКАШЕ да излезе на плоштадот, а ситуацијата ја реши премиерот Кљусев кој буквално му се развика:"Како Киро не сакаш да излезеш пред народот? Па народот тебе те чека, ти си татко на нацијата"!!! Речиси го изнесовме Претседателот од неговиот кабинет и чекер по чекор пешки низ шпалирот насобрани и воодушевени луѓе дојдовме до бината каде Глигоров го честиташе успешниот Референдум. Следеше наздравување со шампањако и честитки од сите страни и невидена радост меѓу македонците дома, и во дијаспората.
Денес, кога ја одбелкежуваме 30 години независност со тага во душава констатирам дека ние македонците сме разединети како никогаш до сега! А како и не би? Власта го испогани најсветлиот духовен и државен празник на македонците, големиот Илинден, со перформансот(!) во Крушево, а сега си организира приватна прослава на 30 години независност на некаква "Северна Македонија" (ја ретушира историјата) што за македонците дома, а особено во дијаспората е неприфатливо и навредливо! Домашните измеќари на длабоката држава си ја реализираат по порачка нивната агенда, чекор, по чекор, со цел нас македонците да не избришат како нација според нивното зацртано сценарио!
Пописот на населението, спротивен на Уставот и правилата на ОДИР, е една од завршните фази на нашето разнебитување!
НАРОДЕ МАКЕДОНСКИ, РАЗБУДИ СЕ, НЕ СПИЈ ТИ!!!
2. Претседателот на Србија Александар Вучич одржа викендов државничка лекција на сите соседи, а пред се на Стевота Пендаровски. Тој го угости австрискиот канцелар Себастијан Курц и му врачи највисок орден што Србија го доделува на странски државници. Вучич му приреди приватен ручек, му подготви и скара на високиот гостин и го послужи со домашни вина!
А каде е нашиот Претрседател Стево Пендаровски. Помина години во служба во кабинетот на пок. Претседател Борис Трајковски, ама барем да научеше нешто за државниот протокол! Австрија е голем и искрен пријател и подржувач на Македонија. Со години помага во чувањето на нашата јужна граница од наплив на емигранти; испрати пожарникари летово да ги гаснат огнените стихии, а ние не искажавме ни едно "благодарам", па дури нашето МНР ги разреши сите почесни конзули на Македонија во Австрија. Каква невидена мизантропија.
Стево, како што го дал Господ и понатаму глуми државник со полна агенда активности. Но не најде за сходно да објасни на нацијата под кои околности починал родениот му брат Вojче Пендаровски, агент во Агенцијата за разузнавање, кого - како пес, го сахранија во Бутел во најголема тајност.
Срамно и недостоинствено.
М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор
|