Среда, 08 Септември 2021   
Македонија слави 30 години независност

1ab Свекрва

На 8 септември Македонија слави 30 години независност. По тој повод според протоколот кој го најави власта ќе се одржи дефиле во кое ќе учествуваат војската, полицијата, пожарникарите, здраствените работници, волонтерите на Црвен Крст, извидници, спортисти и културно уметнички дружтва. Тие треба пред домашната и меѓународната јавност да го претстават растот на земјата во последните три децении, способноста на земјата самостојно да опстојува, како и сувереноста и независноста на земјата.

Но Македонија нема со што да се гордее.

Заради неспособноста на македонските политичари, во последните три децении земјата повеќепати е понижена. Македонија мораше да го смени знамето, потоа влезе во ОН под референцата Поранешна Југословенска Република Македонија (ПЈРМ), за да во 2018 година актуелната власт на СДС и ДУИ го смени уставното име. Едноставно Македонија капитулира пред притисоците на Грција и на меѓународната заедница, погазувајќи ја својата декларираност за сувереност и независност на земјата.

Своето мислење за промена на името, народот го кажа во септември истата година со бојкот на консултативниот референдум. Чуствувајќи се понижен и навреден, народот никогаш не го прифати новото наметнато име Република Северна Македонија, Денес и многу политичари кои не го сакаат ова име, но и да не му се замерат на народот, ја употребуваат кратенката С. Македонија. Тоа за премиерот Зоран Заев било противуставно и понижување за земјата.

Очогледно е да на некои луѓе и со инка да им ставаш нема да разберат дека името кое повеќе од два милениуми егзистира на овие простори не можеш со декрет да им го смени мислењето на народот, па и на платените политичари. Едноставно, не е понижување што не се употребува новото т. н. „уставно“ име, туку е понижување што под диктат народот треба да прифати промени името на земјата, кои не се природни. А најголемо понижување е кога сопствениот премиер се колне дека нема да го смени името, за потоа да го даде името, историјата и т.н.   

По убиството на патриотизмот кај Македонците (промена на име, конфликтот во 2001 година, затварање на уставобранителите и т.н.), парадата треба на некој начин да му го врати достоинството на македонскиот народ и да ја зголеми националната гордост. Но што тоа може оваа власт да прикаже за да го натера народот да се гордее.

Прва е армијата која треба да покаже дека е спремна да ја брани државата на македонскиот народ. Но под власта на СДСМ и ДУИ, таа е обезличена, нема што да покаже и повеќе наликува на партиска армија. Слична е и состојбата со полицијата. Споредбено, талибанците имаат повеќе оружје, дури и авиони, отколку Македонија која е членка на алијанста.

На дефилето ќе учествува и воздухопловите на армијата кои веќе одржаа пробен лет. Но не е познато дали ќе учествуваат и т.н. „ер трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување, толку потребни авиони за гасење пожари. Ако летово не летаа и не ги гасеа пожарите бидејќи не беа сервисирани, можеби власта успеала досега да ги сервисира за да летаат на парадата. 

Спред протоколот и пожарникарите ќе учествуваат на дефилето. Само прашање е со кои возила ќе учествуваат. Со оние малку понови или оние од времето на социјализмот. Стварно ќе се гордееме ако ги пуштат тие од шеесетите години, зошто да гасиш со нив пожар е вистинска уметност, знаење  и голема храброст на пожарникарите.

Исто така, покрај пожарникарите кои летово се справуваа со шумските пожари, тука ќе бидат здравствените работници и волентерите на Црвен крст, хероите во борба со пандемијата. Тоа се навистина херои, кои и покрај сите лоши потези на актуелната власт, недостатокот на средства, храбро влегоа во борба со пожарите и чумата на 21 век.

По три децении Македонија всушност нема со што да се гордее. Народот масовно се иселува, а оној што остана гледа како под власта на СДСМ и ДУИ државата се распаѓа.

Сепак ова дефиле треба да биде мотов повеќе да се смени оваа ненародна власт и да се доведе нова на чело со ВМРО ДПМНЕ која може да ја зачува и ќе ја направи земјава пристојно место за живеење како за македонскиот народ, така и за сите заедници кои живееат во неа.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.