Среда, 08 Септември 2021   
Немој да се опнуваш за наплата на камата

1 rubin jovanoski

Вторник претлпадне, последен ден од месец август 2021-во лето господово.

Седам и ја читам колунмата од почитуваниот Венко Андоновски и интригантските односи во некои случувања на личности кои само на хартија фигурираат дека се интелектуалци одлучив да напишам неколку реченици во најчитаниот дневен весник  Нова Македонија.

Утрото со мојата почитувана мајка бевме пред експозитурата на НЛБ Банка - Прилеп да ја подигнеме нејзината семејна пензија наследена од мојот татко кој за жал не е меѓу живите, а по вокација беше лекар ортопед, од причини што нејзината заслужена пензија каде работниот век во едноумието го помина во тогаш подрачниот сојузен секретаријат за народна одбрана како технички секретар, а потоа во времето на плурализмот исто така, како технички секретар, но сега на трудовиот инспектор.

Пензијата скромна за денешни услови каде со водење на целосна контрола за трошоците за основните животни намирници и режиски трошоци може да преживееме со тие финансиски средства.

Но, за жал, јас со 50 години старост и 25 години стаж како хонорарен новинар кој пишував критички текстови за сегашната актуелна власт бев избркан од ЈП кое е под капата на локалната самоуправа Прилеп.

Во меѓувреме го загубив видот на левото око и морав да обезбедам час поскоро финансиски средства за лекување во странство.

Во прв момент на моја голема радост  до експозитурата на НЛБ Тутунска Банка прочитав продавница за пари МК Кеш и веднаш со мајка ми подигнавме 20.000 денари.

Од службеничката ратите беа кажани колку ќе изнесуваат и истите треба да бидат платени во предвидениот рок. Ако задоцнам еден ден ѕвонат по телефон со закана за додатни камати - пенали.

се разбира пред потпишувањето на договорот мајка ми не беше запозната за таа новина. Па така, за 25 дена доцнење на првата рата плативме од каматата (7297 денари) плус околу 1500 денари додатни трошоци.

Се разбира ние не бевме запознати со тој начин на работа на финансиско друштво Мк Кеш.

Службеничката која по вокација не е банкарски службеник по име и презиме Теодора Петреска го употреби зборот “немој да се опнуваш“ и ми ја наплати ратата и додатните трошоци.

Во оваа прилика се прашувам какво е ова финансиско друштво што наплатува пенали за задоцната уплата на рата за земен кредит.

Не се потребни финансиски друштва со ударни реклами во електронски и пишани медиуми кои нивните вработени бараат од клиентите да не опнуваат при наплата на камата за задоцнета уплата на рата од кредит.

Авторот е Рубинчо Видое Јованоски новинар и довчерашен одбојкарски судија од Прилеп

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.