|
|
Црвен картон за актуелната власт! |
Свекрва Неспособната власт предводена од Зоран Заев едноставно се плаши од судот на народот и ќе направи се за да ја задржи власта. Сериозната музика пред почетокот на дефилето во предвечерието на 8 септември, што се одржа по повод 30 години независност на државата, како да го најави пеколот во Тетово. Набрзо по огномет во Скопје, пламен го осветли Тетово. Изгоре мобилната болница во кои се лекуваа болни од Ковид 19 и однесе 14 човечки животи. Криците на луѓето кои живи изгореа, длабоко ја потресе јавноста во земјата, но не ја допре и актуелната власт. Наместо неотповикливи оставки, премиерот ќе чекал што ќе каже независната истрага. Македонија во текот на три децении неколку пати се соочуваше со несреќи во кои имаше жртви. Паѓаа авиони (Палер и Авиоимпекс), имаше атентат (претсдателот Киро Глигоров), природни непогоди (поплава во Стајковци) и други несреќи во кои имаше жртви (потона бродот „Илинден“) и т.н.. Имаше и независни истраги, но никогаш не се откри кој го изврши атентатот врз претседателот Киро Глигоров, што се случи со авионот во кој леташе и загина претседателот Борис Трајковски и т.н. Некои тогашни министри си дадоа оставка (А. Пешев, Љ. Фрчковски, М. Јанакиевски и др.). На некои им беше прифатена, на некои не. Иако министерот за здравство Венко Филипче и раководниот кадар на ДУИ си поднесоа оставки, премиерот Зиран Заев ќе ја чекал истрагата за да види дали ќе ги прифати. Но, дали и оваа истрага ќе ги даде вистинските виновници или пак ќе ги заштити оние кои го сменија името и кои ги уништија институциите? Со оглед на досегашното искуство, оваа власт нема намера да прифати било каква одговорност, ниту да ги прифати оставките во Министерството за здраство и на раководните кадри во болницата во Тетово, а ќе направи истите да останат на своите позиции. СДСМ и ДУИ се плашат дека падот на Филипче и кадровиците на ДУИ значи почеток дека ќе ја изгубат власта. Затоа тие по секоја цена ќе се трудат да ја задржат. Имено самото дефиле покажа дека оваа власт повеќе троши на средства за одбрана на вип личности и за сузбивање на немири против власта, отколку за одбрана на државата. Неспособната власт предводена од Зоран Заев едноставно се плаши од судот на народот и ќе направи се за да ја задржи власта, па ако треба целиот свој народ кој ја бара правдата, да го нарече дека се терористи. Дека на оваа власт не и е грижа за народот покажува и бројката од над 6.000 починати од Ковид 19 од почетокот на пандемијата до денес. Причината е едноставна. По се изгледа трка за провизија и не навремено набавка на вакцини, како и сеуште немање на протоколи за лечење. Власта која нема разбирање за народот и за националните интереси, а единствено се грижи за личните интереси, треба што побрзо да си замине од власта. Дури и оставките нема да и помогнат. Едноставно неа веќе никаква козметика не може да да покрие. Народот не смее да наседне дури и на странската експертиза која евентуално би рекла дека модуларните болници биле изградени по сите светски стандарди и дека тоа е несреќа. Народот треба да каже стоп на ова раскалашано владеење на СДСМ и ДУИ. Првиот црвен картон за актуелната коалиција на власт треба да биде изваден од народот уште следниот месец на локалните избори. Потоа следува вториот црвен картон на предвремени парламентарни избори идната година. Еднаш за секогаш да се острани оваа власт, да се врати сувереноста на државата и безбедноста на народот во земјата. Црвен картон за актуелната власт! |