|
|
СИГУРНА ПОБЕДА НА ОРТОПЕДОТ ЈОВЧЕСКИ |
Се приближува тајмингот за локалните избори кои треба да се одржат за три недели, поточно на 17 октомври. Од понеделникот започна и изборната кампања. Според содржините на јавното мислење во градот под Марковите Кули води опозициониот кандидат од редовите на ВМРО ДПМНЕ, ортопедот Борче Јовчески пред кандидатот од редовите на зајчето, Горан Сугарески. Опозиционата партија веднаш без двоумење го надидира ортопедот Јовчески кој со својот пријатен пристап кон своите сограѓани има големи шанси да победи на изборните соочувања со позициониот кандидат Горан Сугарески. Тој е неискомпромитирана личност и голем стручњак во својата бранша и баран од пациентите од неговиот роден град и населените места околу градот под Марковите Кули, да влезе во операционата сала и со своите вешти раце да направи успешен оперативен зафат на горните и долните екстремитети. Се случувало за време на дежурставата да прегледува до раните утрински часови. Со еден збор кажано тој е победнички кандидат на ВМРО ДПМНЕ во градот под Марковите Кули. Јовчески во својот со спортски жаргон кажано тим, односно советничката листа на 4-та позиција го има неговиот колега Кире Јоноски кој во денешни услови со дефицитарен ортопедско - трауматолошки кадар во градот херој Прилеп по силата на нештата е началник на истото одделение каде катадневно е во операционата сала. Па така, Јовчески и Јоноски и другите вмровски советници во прилепскиот совет ќе претставуваат алфа и омега во донесувањето на одлуки од сите сфери на општествениот живот во градот под Марковите Кули. За разлика од ВМРО ДПМНЕ во позицискиот СДСМ-ски табор до последен момент се кршеја копјата кој да биде противник на доктор Борче Јовчески. Градоначалникот во заминување повторно ортопед Илија Јованоски по секоја цена инсистираше да ја проба шансата по втор пат да биде татко на градот херој Прилеп. Против кандидат му беше личноста која веднаш ги загуби шансите со скандалознот бегање на затвореник од прилепскиот затвор каде истиот моментално ја извршува директорската функција. Па так, борбата остана да се води помеѓу Илија Јованоски и Горан Сугарески. За Јованоски имам пишувано во неколку мои колумни и сега се одлучив да не пишувам за него од почит кон мојот упокоен татко, по вокација исто така, ортопед примариус Д-р Видое Јованоски од кого градоначалникот во заминување Јованоски научи многу од него во ортопедско трауматолошката бранша. Аболицираниот лидер Зоран Заев алијас Бошко Буха мораше по секоја цена да го оствари ветеното, а тоа е Сугарески да биде противкандидат на ортопедот Јованоски. Портфолиото на Сугарески е поранешен пратеник во законодавниот дом, поранешен министер за транспорт и врски и актуелно директор во оставка на царинската управа на Република Македонија. Па се разбира дека дечкото Суггарески сака да си ја проба шанста за татко на градот Прилеп, од проста причина што не сака да се врати на старото место кое сега е во мирување а тоа е комунален испектор во Прилепската самоуправа. Дипл. ЕКК. Рубинчо Видое Јованоски, новинар и довчерашен одбојкарски судија од Прилеп |