|
|
АРХЕОЛОГИЈАТА -ДАТОТЕКА ВО ЗЕМЈИНИОТ КОРТЕКС |
Марија Емилија Кукубајска ДАЛИ Е ИМУНА НА МАНИПУЛАЦИИ!? Јас ја разбирам археологијата како старо поле за нови откритија во културниот, научниот и сестраннапредок на народите. Археологијата ја разбирам и како датотека, подземна и подводна, која чека лозинки од високо свесни, разумни истражувачи и толкувачи на минато, и идно време, на иднината на минатото. Такви истражувачи кои, во слободно и напредно општество, етички и професионално ќе ја читаат, чуваат и афирмираат еволуцијата на народите, ќе ревидираат фалсификувани тези, штетни импровизации или митологизации на минатото. Категоријата минато време не е само граматика, но хронолошка каузалност и во археологијата.Во дигиталната ера се планира укинување на лозинките низ интернет, но историјата сепак останува таа учителката која бара запознавање со националните вредности, зачувани и после насилни или природни промени, и миграции. Не е политички некоректно да се сака и почитува својот народ и земја, своето генетско, духовно и материјално наследство. Затоа, никако не е историски коректно со политички декрети да се брише археолошкото и антрополошко сведоштво за народите и културите. Археологијата е комуникација меѓу нивните почетоци и дострели. Таа е вродена колку и научна потреба на народите и културите да го утврдуваат својот континуитет, за да не бидат жртви на дискриминации, воени и политички конфликти, диктирани ревизии и уценети „прифатливи парадигми“ кога високота технологија точно утврдува, ако не е манипулирана. Напредокот на народите е заснован на комплементарни, меѓузависни сведоштва, но е составен од специфични разлики во културната и јазична матрица. Афро-Еуразија се смета за Стар свет, и за Македонскиот народ во тој свет не може да нема место, во предисторијата, современоста или иднината. Историчарот Иродот од Мала Азија (484-425 п. н.е.) запишал дека мудреците на Фараонот Псаметих I (664–610) докажале астро-физички кој е најстар народ, кој постоел 184.000 години. Тое биле Македонските Мушки, Фриги, Бриги. Во условно кажано Античка Европа, на тлото на Античка Македонија, се пронајдени наколни живеалишта на Охридско, Преспанско, Дојранско, Костурско езеро, тие се рани докази за континуитетот на македонската цивилизација. Светилиштата „Камени Столици" од Црна Лома, и Илина Гора, и Осинчани крај Скопје, и „Штерпа“ кај Богданци и неолитскиот обелиск од „Милисин“ под Кожув Планина, Гевгелиско, се само мал број од прекубројните докази за македонскиот идентитет во југоисточна Европа, на полуостровот кого Османлиската власт го нарекла Балкан, Румелија. Највисоко лоцираниот и врвно цивилизиран антички град во Европа, подигнат на 1.472 метри надморска височина, е античко македонскиот дворец и град на планиндкиот врв Висока, на Селечка Планина, Република Македонија. Доказите за милениумски развој, зрелост и оригиналност на македонската културна историја се и квантитативно и квалитативно сеуште пребогати за современи археолошки истражувања, иако тоа историско наследство било ограбувано и од туѓи окупатори на Македонија, и од домашни криминалци. Во пештерата "Црвени Стени", локалитет Камени Гумна, во Егејската територија од Македонија (анектирана од Грција, 1913 година), откриени се остатоци од Хомо Сапиенс стари најмалку 250.000 години. Предисториски македонски доказ е и наодот во Костурско, локалитет Ш’пел (Дупјак), како и Глинената плочка од Градешница, Враца, Пиринска Македонија (анектирана од Бугарија, 1913 година). Докази за моќта и вредноста на Античка Македонија се и македонските гробници од војската на Александар III Македонски, во неговиот воен гарнизон во с. Селце, изграден за одбрана од Илирите и Таулантите (северно од Ќафасан, кон Корча). И од овој западен дел од Македонија, 1913 година биле анектирани 1.115 км2 од новоформираната држава Албанија. Фактите за автентичноста на Античка Македонија отсекогаш се евидентни, но некои од нив сеуште чекаат научна одбрана, се’ додека политиката, можеби, не ги дискредитира, елиминира. Тие секако се богатства и за светската цивилизација, но парадоксално е како „светската политика“ селективно ги одзема правата на поедини народи и нивните потомци - да не ги запознаваат постигнувањата на своите предци. Со политиката на подели па владеј, немакедонците на Балканот, заедно со Западот, ја распарчиле територијата на Македонија по Отоманското повлекување, а 100 години подоцна, денес, чинат се’ на дипломатски начин да го дискриминираат, антагонизираат и конечно ликвидираат милениумското постоење на Македонскиот народ во Македонија и во дијаспората.
За претставување на постоењето на посебни култури на планетата Земја се има погрижено и современата астрономија. 1977 година беа испратени во космосот две фонографски снимки преку Voyager, да сведочат за карактеристики на луѓето, да патуваат 40.000 години до најблиското соѕвездие, Камелопардалис! Слики и звуци од човековите раси да бидат разбрани од интелигентни ентитети меѓу ѕвездите. Но, како ние народите на нашата прекрасна планета, да се разбираме и почитуваме меѓусебно, среде постојани воено-политички судири и идеолошка нетрпеливост? Со генеричка планетарна Федерација која мутира и унифицира идентитети? Како да соработуваме без војни на културите, и без клептократија во владеење со богатствата на послабите? Со тоталитарна тиранија? Меѓу сите фактори, тука е и археологијата, да помага со трајни и оригинални вредности, против неодржливи манипулации. Агендите за промени немаат право насилно да го мутираат карактерот на универзалните културни и национални наследства, како во примерот со Македонија! Археолошките истражувања на планетата отпочнале пред само 3-4 века. Во 17 век е откриен неолитскиот Стоунхенџ, стар 5.000 години; во 18 век - Помпеја, стара 2.600 години. Најстарите археолошки остатоци се откривани во 20 и 21 век: Јерихо, Тел ес-Султан, Западен Брег, Израел, 10.000 години; Гобекли Тепе, југоисточна Турција, 12.000 години. Во една од најстарите четири опсерватории во светот, НАСА го вбројува и 3.800 годишното Кокино, Бронзено доба, Република Македонија. Во Република Македонија (која со условно диктиран договор е преименувана во Северна Македонија, 2019 година) се откриени 5.000 македонски археолошки локалитети (без оние кои се инкогнито, илегално оттуѓени, ограбени, присвоени). Но, останати се повеќе од десетици илјади други населби и утврдувања кои чекаат стручни истражувања. На истражувањата треба да им се овозможи непристрасна научна мотивираност, од интерес за државниот интегритет и културниот идентитет. Истражувањата не смеат да доцнат или отсуствуваат со фактички докази за македонската историја. Македонскиот народ сеуште има пребогати идентитетски трезори, иако политичките актери, со бескрупулозни методи на брза постапка, мирнодобски ги присвојуваат.
Лок. Тумба, Оптичари, долниот лик - лок.Тумба, Породин За успесите во македонската археологија и нејзиното истражување и промовирање во Македонија и светот заслужни се бројни македонски научници, меѓу кои врвните академици Блага Алексова и Вера Битракова, и професорите со меѓународно реноме, Драги Митревски, Иван Микулчиќ и Виктор Лилчиќ Адамс. Кога сите археолози во Македонија и светот, во својата професија би се вложувале со возвишена и вдахновена улога, вредноста на минатото не би била двојно закопувана во пост-историчност. Јапонија е умна и не го дозволува тоа, зашто знае достоинствено, благородно и рационално да се едуцира и опремува во својата света средба со историјата и предците. Големите дела човештвото ги градело од минати знаења и искуства, со нови вдахновенија и замисли, за надвременска свест и дела. |