|
|
ПРАВЕДНИОТ ВЛАДЕТЕЛ ГЛЕДА СЕ’ ЌЕ ОДБРАНИ НАРОД, ЗЕМЈА, ВИСТИНА |
Марија Емилија Кукубајска На 12 години, 197 година п.н.е. Македонскиот принц Птоломеј V е крунисан за Фараон на Египет, во старата престолнина, Мемфис. Во договор со своите македонски советници, Птоломеј V ги прифатил египетските божества, одбивајќи го данајскиот, елински (грчки) пантеон на богови, од суштинска причина што „грчките“ етнички елементи во Египет тогаш (како и во Персија и подоцна на Блискиот Исток, преку династијата Селеуки) биле најголеми внатрешни и надворешни узурпатори на мирот, ковачи на завери, предавства и револт против македонското владеење. Птоломеј V, како и неговиот татко, на своето име ја додал и египетската долга титула Iwaennetjerwy-merwyitu Setepptah Userkare Sekhem-ankhamun, што во превод на современ македонски јазик значи: „Наследник на двата Бенефактора, Богови Одбрани од Пта, Моќна е душата на Ра, Жив Одраз на Амон“. Значењето на овој статус и содржина во најголем дел се запишани на Розета Каменот. Декретот на „Каменот од Розета“ е издаден 196 година, во име на Македонскиот крал Птоломеј V. Покрај египетските хиероглифи и грчкото писмо, декретот е напишан и на Димотикон - популарно писмо, на јазик зборуван од македонскиот и други народи во стариот свет. Тоа е текстот од третото, средно, писмо кое било говорно, колоквијално, народно писмо на македонскиот народ во Египет и на Блискиот исток, кое се користи со векови подоцна, и во Византискиот период. Освен народно, Димотикон било и официјално, национално, политичко писмо и јазик меѓу Македонските Птоломејски владетели. Тие се прогласувани за фараони од египетскиот народ кој бил религиоано благодарен за македонската одбрана на Египет од повеќе непријатели: Кушити, Хитити и т.н. „Морски луѓе“. Морските луѓе (Sea people) се денешните „грци“, кои тогаш биле пиратски мигранти составени од азиски и африкански племиња кои пљачкосувале и тргувале по Митеранот и го окупирале и денешниот Балкански полуостров, во Античка Македонија познат како Македонски полуостров, а од грците подоцна наречен Грчки полуостров. Фараонот од Македонската династија, Птоломеј V (владее 205-180), од родот на Македонските кралеви Филип II и Александар III Македонски Зборовите од речникот, и во овој есеј вклучуваат историска и современа конотација на стари и денешни идеи и пракса во потрага по вистината. Обновениот научен интерес за фактичност наспроти фикција, се афирмира денес и со најнови технолошки и културолошки истражувања. Ова е 9то продолжение, толкување на зборови од речникот составен по дешифрирање на старомакедонскиот јазик на „Каменот од Розета“ од научниците А. Тентов и Т. Бошевски, проект на МАНУ. По редоследот во нивниот Античко-македонски речник (бр. 178-200) авторот на овој есеј во стих, ги следи старо-македонските знаци Је и Ју. ьЈ - Је. Е. На него. Нему. 178. ьЈ … Што му направивте? Народ жив изедовте, прoдадовте на лукави трговци со бело робје! 179. НьЈ ... Јуност, младост предадовте на тие убијци: нови нелуѓе, потекло и писмо да и’ лажираат 180. аЦ НьЈ ... Младенците умни, убави - ѕверот живи ги граба, џвака, плука, лешинар да ги клука 181. еВоМ ьЈ Е ... Мајка неприродна, макеа волчица, ѕверка - заштитничка изигрува, се подигрува 182. аЦНоМьЈ ... Но јас знам: Потомци на волчица не сте вие, туку на Бог. Бог не се плаши од мрак 183. ееТШИ ьЈ... Ја ишти, ја бара слободата народот ваш/мој. Гледам: ќе има тој се’ што Бог рече 184. ВьЈ ... Јавив, укажав: Од почеток за навек дадено е: секој род, раса, боја - убавина своја да е 185. И(врП)ВьЈ ... Јас владеам со правда дадена од небесата: различен цвет - една градина, 1 свет 186. оМВьЈ ... Јави и Големата Мајка: на сон ја морат мачители на Македонија - од секаде ја касаат 187. еНВьЈ ... Јави и врховникот: пред да дојде Спасителот - мачителот ќе му суши крв на Македон 188. оТВьЈ ... Јави и тој, владетелот: На Големата Мајка народот нема да го снема. Тој е жртва, НО 189. оПоКьЈ ... Е во Небесен Град - на земјата, народ најневин, жив распнат на четири страни, но И 190. оПоКьЈаН ... Најнебесно овоземен неговиот роден крај ќе е. Реален, Божји, не виртуелен рај. Ју – На неа, нејзе, нејзин 191.уЈ… Нејзин, на добра земја тежнеел тој добар народ одсекогаш, и кога по туѓи полиња жнеел 192. И(врП) иЈ ... Нашите ни’ први и нашите последни вистински луѓе: ги знаат Луѓето на Лагата 193. И(врП) иЈ ... Ние - пример за блага родност, туѓо не сакаме. Туѓото е друго. Иако од ист Бог 194. ИуКуЈ ... Нивни кумови ние на други напредок им пожелуваме, но од нив добро не очекуваме 195. еЃуЈ ... Луѓе мои! Деца на волчица се тие, митски ѕверови, легенди измислени, лажна историја 196. еДеЈ ... Јадење, пиење ќе нема во нивни адски земји. А во ваша спасена - мед и млеко ќе тече. 197. ИоЛЈ ... Јадења на крај ќе снема насекаде: казна за човекојадците. Тие: мрак. Ние: сонце, пак 198. НВеКеВоКаНЈ ... Јунакот вековен, Спасител на човечноста во вечноста - со вера заслужена 199. АеЅ ееЗНаН ьЈ... Е наниз на сончева светлина. Ѓердан од небесни зраци: за нас - знак за Спас. 200. ооЈ ... Праведниот казнува терминатори на вистината. Иднината 2028 почната е. Чувајте се. Проломеј V принесува дарови на богот Хорус „возвишениот“ (претставуван со глава на сокол), син на Исис и Озирис (нивно „тројство“) |