|
|
На Македонија и се случи народ, народот си дојде по своето |
СДС на чело со нивниот лидер Зоран Заев се фалат дека се најдобри, но најдобри се само во криминал, корупција, предавства, крадење и лажење, тука им нема рамен. Заради тоа, големата промена започна со овие локални избори, каде во првиот круг ВМРО-ДПМНЕ победи во 21 општина. Ова е победа на народот над злото кое се надвиснало над Македонија, а кое е олицетворено во партијата СДС и З. Заев. Невидено и нечуено манифестирање на зло што си поигрува и ја изигрува судбината и иднината на македонскиот народ. Мудроста рекла оти неизлечива болест е малоумието. Премиерот З. Заев и неговото опкружување раздаваат што ќе стигнат и каде ќе стасаат. Те гледа во очи и те лаже. Таквите луѓе историјата ги именува како предавници, или, народот има уште поубав збор за тоа–неранимајковци. Затоа, спасот од ова зло е вториот круг на локалните избори на 31 октомври, кога бројот на освоените градоначалнички места ќе стане уште поголем. А, потоа, се знае, создавање на ново парламентарно мнозинство и формирање на нова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, за дефинитивно да се стави крај на оваа фашизоидна политика. За две недели решаваме дали ќе ја задржиме оваа осакатена, измрцварена и понижена држава за да може да се врати во нормала, или потполно ќе ја загубиме. Да направиме една голема победа со што конечно ќе ги тргнеме од власта овие одродници од својот род. Затоа почитувани, имајте целосна верба во претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, и заедно со него да работиме и да се избориме Македонија повторно да стане горда држава и земја на просперитет и развој, земја од која нема да има иселувања, земја во која судството, обвинителството и полицијата нема да бидат ничија своина. Ова македонскиот народ го заслужува во неговиот опстој се додека светот светува и векот векува. Создади нова иднина, промени, проекти, победи. ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. АМИН! Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ |