|
|
Голем пораз на СДС на Локалните избори- Народот масовно излезе и гласаше за промени |
Свекрва На 17 октомври 2021 година македонскиот народ започна тивка револуција против злото во земјата олицетворено во челниците на СДС и ДУИ. Со пенкало во рака граѓаните на земјата во првиот круг отстранија најмалку 20 градоначалници на озогласената коалиција на власт, а во вториот круг се очекува да се добијат уште 25 општини. Тоа се само првите два чекори пред да се отстрани централната власт предводена од Зоран Заев, најголемото зло кое земјата го имала од осамостојувањето до денес. На актуелната власт не му помогна ни пандемијата, ни гужвите пред избирачките места поради проблеми настанати со употреба на новите апарати (фингерпринт), ниту пак застрашувањата - лиферувана информација дека 83 лица се вооружуваат за да го попречат изборниот процес. Народот масовно излезе и гласаше за промени, за создавање на нова иднина. Локалните избори покажаа дека на народот му е доста од лагите и празните ветувања на сеуште актуелната неспособна и корумпирана власт. Мнозинството од народ избра подобра иднина, просперитетна Македонија без поделби. Само поткупени, клиентилистички поврзани, уценети и заплашени луѓе гласаа за СДС и ДУИ. Меѓутоа резултатите од првиот круг на локалните избори изродија нова надеж дека злото може да биде победено, па во вториот круг и тие што од низа причини гласаа за коалицијата на власт ќе се ослободат од стравот и стегите на хибридниот режим. Едноставно тие ќе го дадат својот глас на опозицијата за да си го повратат достоинството и да имаат подобра иднина. Лидерот на СД Зоран Заев не верува дека во вториот круг ќе доживее целосен дебакл. Тој се надева на гласовите на партнерите кои во првиот круг самостојно излегоа на избори. Дури ги игнорира и изјавите на истите партнери за можно менување на страната и не само да да се зголеми бројот на избрани градоначалници од опозицијата туку и за промена на односот во парламентот, што може да доведе до предвремени парламентарни избори. Меѓутоа лидерот на СДС многу добро знае дека неговото време измина и дека полека ја губи власта. Свесен дека ќе одговора за сите зла кои ги направил, во посмрттната агонија на неговото владеење, тој е способен да направи се за да се задржи уште некое време на власт. СДС се надева дека во вториот круг ќе го намали изборниот пораз со закани, заплашувања и уцени. Отука битката против хибридниот режим на СДС и ДУИ не е завршена. Народот не треба да се плаши од заканите. Напротив треба уште помасовно да излезе во вториот круг и целосно да ја порази коалицијата на власт. Односно да ја делегитимира антинародната и антидржавна политика на СДС и ДУИ. Народот одбра промени и веке никој не може да ги запре. Сепак „Финалната победа доаѓа по вториот круг“. А да се постигне таа цел народот треба масовно да излезе и да гласа „за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата“. По првичните резултати од првиот изборен круг „Победа е првиот голем чекор до просперитетна Македонија. Ова е победа на народот и ние нема да го изневериме. Уште од првиот ден како градоначалници и советници луѓето од ВМРО-ДПМНЕ избрани на тие функции целосно ќе се посветат на решавање на проблемите на луѓето.“ |