|
|
Лаги, притисоци и закани се одлика на оваа власт |
Свекрва Во недела со пенкало во рака да ставиме крај на расипничката и антимакедонска политика на СДС.
Во Недела гласајте за кандидатите за градоначалници предложени од ВМРО-ДПМНЕ заокружувајќи го Брјот 7,
За Општина Карпош нашиот долгогодишен и верен коалиционен партнер Стевче Јакимовски заокружувајќи го бројот 1,
За градоначалник на Скопје за Данела Арсовска заокружувајќи го Бројот 82. СДСМ и ДУИ пред тежок изборен пораз на Локалните избори 2021 !!!? Во првиот круг на седмите Локални избори 2021 народот го направи првиот чекор во рушење на хибридниот режим на Зоран Заев. Опозицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ ја победи коалицијата на власт СДСМ и ДУИ со 2:1. ВМРО ДПМНЕ победи во 22 општини, а СДСМ во 9 и ДУИ во 3 општини. Останаа уште 44 општини каде победникот ќе се бара во вториот круг во недела на 31 октомври, а во 2 општини ќе се повтори целата изборна постапка. Политиката исполнета со лаги, неисполнети ветувања и непочитување на вољата на народот, политиката на уцени и заплашувања од страна на СДСМ и ДУИ доби жолт картон во првиот круг на Локалните избори 2021, а црвениот треба да го добие во вториот круг кога треба да падне одлука кој ќе ги води останатите општини. Најголемата битка ќе се води во поважните градови како Скопје, Битола, Охрид, Куманово, Тетово, Гостивар, Кичево и Струга. Резултатите од првиот изборен круг покажаа дека мнозинството од народот сака промени и дека својата иднина ја гледа со опозицијата. Согледувајќи дека на овие локални избори ќе доживеаат тежок изборен пораз кој ќе влијаа и врз централната власт челниците на СДСМ и ДУИ започнаа повторно со ветувања, закани и заплашувања. Како и пред секои избори и овој пат таргет на власта се гласачкото тело во администрацијата чија бројка е над 131.000 и пензионерите чија бројка е околу 327.000. Премиерот Зоран Заев се обидува нив да ги придобие со ветување за зголемување на плати и пензии. Односно дека од 1 јануари минимална плата би била 18.000 денари, а пензиите секој 1 јануар и секој 1 јули ќе растат согласно просечните плати. Во нормални услови ветувањето за зголемување на минималните плати може да го излаже гласачкото тело, но во услови кога пред себе имате човек кој ретко кога ја говори вистината, потоа кога имате пандемија и енергетска криза пред вратите, народот не е наивен и е свесен дека тоа тешко може овие ветувања да се исполнат и дека тоа ќе биде уште една неисполнето предизборно ветување. Од друга страна ниту усогласувањето на пензиите не им ја гарантира на пензионерите основната материјална и социјална сигурност, туку само покачување на пензиите сразмерно со порастот на просечната плата може да ги ублажи последиците, што исто така е тешко да се поверува дека оваа влада може да го испорача во овој момент. Лаги, притисоци и закани се одлика на оваа власт. Тоа го покажува и случајот со актуелниот градоначалник и кандидат за нов мандат во Куманово Максим Димитриевски. Тој неодамна објави дека неговото возило било следено, а потоа запрено од полициски службеник и спроведено на вонреден технички преглед. За опозицијата ова е уште еден пример на притисоци и закани со кои се служи режимот на Заев за да ги сочува позициите. Ваквото однесување очигледно е постапка на очајник кој гледа дека во вториот круг неговите градоначалници ќе изгубат и тој ќе добие црвен картон на локално ниво. Но, Заев се надева дека во последен момент може нешто да извлече со помош на меѓународната заедница. Поради тоа тој се обидува што побргу да го испорача она што го ветил на Бугарија. Меѓутоа на тој пат на распродажбата на македонскиот идентитет барем за кратко му застана историчарот Ванчо Ѓорѓиев кој поднесе оставка во Комисијата за историски и за образовни прашања помеѓу Македонија и Бугарија. Поради оставката, како што пренесуваат медиумите, тој бил изложен на закани од висок функционер на МНР. Тоа е всушност стилот на владеењето на СДСМ од моментот на доаѓањето на власт. Имено сите што им беа на патот за распродажбата на националните интереси преку судството беа изложени на политички прогон. Сепак народот кој тој го нарече најголемо зло тоа го виде, се ослободи од стравот и на локалните избори на сегашната власт и даде жолт картон. Лидерот на СДСМ Зоран Заев е прочитан од народот и полека но сигурно доаѓа крајот на неговото владеење. Но за да се спречи распродажбата на националните интереси на Бугарија, да се дојде до промени и подобра иднина потребно е македонскиот народ и сите граѓани на оааа парче напатена македонска земја мора да се обединат и на 31 октомври 2021 година масовно да излезат на локалните избори народот за да му дадат црвен картон за режимот на Заев. Тоа ќе биде увертира за предвремени парламентарни избори по кој тој и неговата клика дефинитивно ќе замине во историјата. |