Среда, 27 Октомври 2021   
Прв жолт картон на момчето од Муртино

1 rubin jovanoski 

Во сега далечната 1998 година на прагот на новиот милениум, точно на 18 октомври (ден повеќе од неодамна одржаните локални избори), народот му кажа не на тогашните момчиња обоени во плаво на чело со тогашниот и актуелен мецена, лицето Б.Ц. победи убедливо ВМРО ДПМНЕ на чело со тогашниот прв човек на партијата Љубчо Геордиевски кои доп ден денешен ни самиот не знае која страна да ја фати од политичките збиднувања во Република Македонија.

Тогашното раководство направи невиден криминал во приватизацијата на претпријатија со општествен капитал, пирамидалната штедилница ТАТ каде мецената Б.Ц. од собраниската говорница најави дека ќе го детронизира т.н. октопод. Избор на судии по одобрение повторно на лицето Б.Ц. . Со амин на тогашното праламентарно мнозинство на СДСМ се случи атентат на сега покојниот прв претседател на независна и суверена Република Македонија, Киро Глигоров. Тој немил настан тапка во место и по 26 години.

Во една мала ретроспектива на тогашните политички случувања во нашата земја сега по 23 години во првиот круг на локалните избори, народот без разлика на политичка определба и различна етничка и верска припадност му кажа едно големо “НЕ“ на момчето од Муртино кое направи тотален хаос во сите општествени сфери во државата. Во негово време цвета на ангро криминалот и корупцијата во сите јавни и државни институции. Доцниме со превземање на мерки за стабилизирање на енергетската криза , нивелирање а воедно и замрзнување на платите, а следствено на тоа и замрзнување на пензиите.

Слаба координација на актуелната извршна власт и здравствените институции во борбата со Ковид  19 , кризата сеуште секојдневно се продлабочува. Катадневно слушаме во електронските и читаме во печатените медиуми губење на човечки животи како резултат на пандемиската криза.

Правење на 18 модуларни болници во државата од фабриката Брако од Велес, чиј прв човек е довчерашниот прв вицепремиер за економски прашања со иницијали К.А. резултат на тоа е загуба на 14 човечки животи во модуларната болница во Тетово.

На сите тендери фигурираат лица од Заевата фамилија на чело со братчето Вице Заев.

Ова е само мал дел од дебаклот на Бошко Буха и неговата дружина на економски план. Лицето З.З. направи штетна политичка - надворешна политика со договорот за добрососедство и соработка со Република Бугарија и Преспанскиот договор со јужниот сосед каде го смени уставното име на нашата држава.

За време на изборната кампања лицето со иницијали З.З. правешенепримерни безобразни гестикулации упатени лично кон неговите опоненти.

Ветуваше и уште ветува брда и долини само да ја спаси својата зајчина кожа.

Зоки народот те проичита, доста му е од твоите лаги. Последно во изборната кампања нагласи дека има се под контрола и СДСм според неговите математики ќе освои 22 наместо 6 градоначалници.

За жал твојата математика ветар ја однесе  во непознат.

П.С. На крајот Зоки со одбојкарски жаргон кажано после добиениот прв ќолт картон кој ти беше доделен на 17 октомври, наредниот е поен за противничката екипа кој ќе биде доделен во недела на 31 октомври. За краток период од 2 недели не може екипата да се консолидира или од тебе  слоганот кажан да се обединиме.

Зоки ти и твојата екипа може да се обедините во мали општини од по 5 или 10 илјади жители а противникот ги обезбедува големите урбани средини.

Дипл. Рубинчо Видое Јованоски

новинар и довчерашен одбојкарски судија од Прилеп

 

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.