Среда, 27 Октомври 2021   
Марија Емилија Кукубајска : Иван Јорданов, избран за градоначалник на Штип

1Marija Emilija Kukubajska Марија Емилија Кукубајска

„Денес победи народот со пенкало... За да стигнеме далеку, мора да почнеме веднаш.“

Иван Јорданов, избран за градоначалник на Штип 2021 (роден 1988, Штип, Македонија)

24543

Проф. Кукубајска, според ставови на м-р Иван Јорданов, во неговата изборна програма:

Со најдостојните околу нас, со нив знаеме до каде и што можеме, со нив веруваме во човечни универзални вредности и доблесна посветеност. Замислената иднина се гради со реално остварливи дела и заеднички напори на умствената и физичката способност кај поединецот и народот. Нешто не е во ред со земјата каде несреќата е норма за преживување на обесправениот, и метод за владеење на надмоќниот со послабиот. Лидерот кој ги познава потребите на народот знае дека напредокот им е взаемен: неговото лидерство и владеењето на народот преку него, лидерот. Развојот ќе креира и усмерува квалитетно лидерство меѓу народот и власта избрана од него.

Традицијата и напредокот се родител и дете, наследени искуства и современи иновации во континуитет. Нашата земја и нашиот град ги имаат сите предуслови за развој: учени млади кадри способни за соработка со технолошки напредните, со нив да сме во натпревар, со наш автентичен бренд. Не да извезуваме луѓе, туку изуми и производи на нашите луѓе да пласираме на светските пазари. Клучен фактор за успехот ќе е ефектуирање на човековите ресурси и природните богатства во создавање мрежа за ефикасно и синхронизирано работење.  Да градиме, да ја оплодуваме напуштената почва, да ги обновуваме испразнетите куќи, за нашите градови и села, нашите возрасни и нашите млади да не се гонети од сиромаштија да ги оставаат уназадени, неразвиени - своите полиња, домови, фабрики, универзитети, а да остваруваат профит за туѓите интереси, далеку од својата држава која вложила во нив и на која и’ се суштински потребни. Да создаваме чесно и праведно, со волја и надеж, да бидеме корисници на сопствениот труд, да ја развиваме својата земја и својот град, зашто тие се дел и од континентот и од светот.

Целото човештво има заеднички потреби од здрава храна, здраво домување, незагадена вода за пиење и наводнување, руди и минерали за погон на сателити и на меѓупланетарни летови, за батерии на телефони, електрични коли, сончеви колектори. А Македонија има големи потенцијали за вклучување во напредно производство со култивирање на своите богати ресурси и создавање работни место кои ќе се вреднувани со плати што ќе растат заедно со капацитетите на производството, со конкурентен извоз на меѓународни пазари и со услуги што ќе „увезуваат“ туристи во нашата преубава земја на културни наследства и современи уметнички дела. Тоа што во овој период се покажува дефицитарно е здраво и самосвесно лидерство со некомпромитирани етички вредности, со работење спрема закони и норми за економски и сеопшт напредок. Потребна е непартизирана правна заштита на трудот, непристрасно вреднување на знаењата и способностите на луѓето, и пред се’ младите во Република Македонија.

Нема град, нема село ако е без народ, без вработено население. Нема среќа ни благосостојба без организирана и уредена култура на живеење, работење, творење, образование, здравство. Нема одржливи високоградби ако подрачјето е трусно, а воздухот загадуван, а без постоечки решенија. И како ќе има суперструктура ако инфраструктурата не е функционална. Нема самостоен, индивидуален и заеднички напредок ако резултатите од умствениот и физичкиот труд на народот ги манипулира оттуѓена власт која себе си се регрутира во недопирлива елита која незаконски профитира од трудот на народот. Нема народ без свест, но има лидери без совест, кои неодговорно, неотповикливо располагаат со слободата на народот и неговата своина, неговите лични, семејни и општи добра. Нема одење напред ако владеачките структури брзаат со својот плен приграбен од народот, од неговата почва и од неговата милениумска историја. Ако лидерството го остава народот далеку наназад, да се сопнува, да паѓа, да го снемува невиден и нечуен - нема демократска вклученост, само пропаганда. Но, како ќе има задоволување на потребите на богатите ако сиромашните се неважни за ние кои стекнале привилегии и позиции од парите на обесправени. Здравствената (не)грижа покажува нееднаква распределба на вакцини и лекови против ковид-19 додека се пропагира еднаква здравствена грижа за сите.

Ниеден успех не е невозможен, ако се има љубов, верба и надеж - во себе, во својот народ, во науката, во природата која е обновлива, во Бог кој е постојана стабилност во универзумот. Плодотворен ќе е секој напредок ако создаваме со непогрешно одржливите принципи на духовни, интелектуални и физички вредност - со љубов, радост, мир, трпеливост, добрина, љубезност, милосрдие, верност, само-дисциплина. Така стануваме првенци, во градот, земјата, светот.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.