Среда, 27 Октомври 2021   
Во Недела со пенкало во рака одлучуваме за иднината на нашите деца и внуци!

241025476 102728948805966 5986216330975119297 n

Конечно, во Република Македонија, во првиот круг на локалните избори, народот си го кажа своето. Јасно и гласно, обединето и сложно, и порача на оваа диктаторска власт дека е Доста и Крај на нивното застрашувачко и со невидени инквизациски мерки на владеење, со тортура, уцени и затворања, со измислени обвиненија и уште позлосторнички судски одлуки со казни кои се мерат во векови.

Затоа, во Македонија „врие“, а, конечно, и време е за тоа.

Во историјата секогаш се покажало како правило дека разбудениот народ е добар народ, а оние заспаните, ќе се приклучат подоцна. Овие избори се инспирација, но и борба за зачувување на својот идентитет, наспроти сите политички сплетки кои им ги наметнува оваа диктаторска власт.

Последниве пет години сведоци сме дека имаме работа со антимакедонци и луѓе кои се спремни заради лични интереси да ја уништуваат сопствената држава и иднината на нашите деца и внуци, само и само заради лични интереси и пусти пари.

Ова се одлучувачки и судбоносни моменти за понатамошното наше опстојување. Сите заедно да излеземе масовно на 31 октомври, денот „Д“ за нашата Република Македонија, и да ги избереме идните градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, и, со тоа, да го означиме падот на оваа диктаторска хунта, која ќе заврши на буништето на историјата како најомразена власт што Македонија воопшто ја имала.

Го повикуваме мудриот македонскиот народ во недела да им даде шут карта на здружението за уништување на Македонија кое се нарекува партија СДС, исто како што им даде шут карта во првиот круг на локалните избори.

Идните градоначалници предложени и подржани од ВМРО-ДПМНЕ со сите партијски структури предводени од нашиот ценет и почитуван Доктор Професор Христијан Мицкоски пред никого и никогаш нема да ја виткаат кичмата и заедно со сите вас мудар Македонски народе ќе донесат благосостојба за сите Нас.

Македонски народе, без разлика дали сте Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци, Евреи или друга националност или друга вероисповед, излезете масовно и дајте го вашиот глас за тие кои ви нудат иднина, тие кои се еснафи кои го одржуваат својот кажан збор, да ја направиме нашата заедничка Македонија достојно место за живеење а не држава од која секојдневно се иселуваат цели семејства.

Браќа и сестри наши мили комшии, во недела со пенкало во рака да ставиме крај на расипничката и антимакедонска политика на СДС.

24259

Во Недела гласајте за кандидатите за градоначалници предложени од ВМРО-ДПМНЕ заокружувајќи го Брјот 7,  

2462

За Општина Карпош нашиот долгогодишен и верен коалиционен партнер Стевче Јакимовски заокружувајќи го бројот 1,

2431naj

За градоначалник на Скопје за Данела Арсовска заокружувајќи го Бројот 82.

На овие избори се решава иднината на нашите деца и внуци и за иднината на нашата заедничка Македонија.

Сите заедно да создадеме нова иднина, промени, проекти, победи.

ВЕЧНА ДА Е НАШАТА ЗАЕДНИШКА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.

Со почит,

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.