Понеделник, 01 Ноември 2021   
Ветераните на ВМРО-ДПМНЕ храбро, силно и одважно дадоа свој придонес во големата победа на локалните избори

3stab1231

На локалните избори им се даде жолт- пред црвен  картон на одродниците од врвот на СДС и нивните приврзоци, нивните коалициони партнери.

Повторно над Македонија огреа сонцето на слободата и го победи невиденото и нечуеното манифестирање на зло кое до вчера си поигруваше и ја изигруваше судбината и иднината на македонскиот народ. Зашто за сите Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ и за целиот македонски народ, Македонија е љубена и света земја, со божествена убавина и со чудесна магична привлечност.

Овие одродници од петни жили се трудеа да создадат неправди, да зададат удари и преку подмолни струи да не обесхрабрат и втурнат во апатија за да се откажеме од нашата библиска Македонија и од историјата. Но, секој од вас треба да знае дека 31 октомври 2021 лето Господово треба да го славиме, не затоа што сме припадници на ВМРО-ДПМНЕ и наследници на илинденците и партизаните, туку затоа што сиве овие четири години не се откажавме од нашата идеологија, не се депримиравме и разочаравме, туку, со борба, со активности низ цела Македонија, учествуваме во поразот на злото што се вика СДС и Зоран Заев. И, да знаете, борбата за Македонија е вечна, исто како и идеалот за неа.

Кога многумина мислеа, и потајно се надеваа, дека ВМРО-ДПМНЕ е поразено и готово, Ветераните јасно и гласно, со високо крената глава и со стегната тупаница рекоа-ништо не е готово. Зашто најважните битки во ВМРО ги водат најхрабрите, и, заедно со претседателот Професор  Др. Христијан Мицковски, УМС, УЖ, ИК и ОК ветуваме дека ќе продолжиме да се бориме за правда, чесност и принципи.

Дојде време Македонија повторно да се исправи. Главата горе Ветерани, верни членови на ВМРО-ДПМНЕ и народе македонски, сега е време да продолжиме гордо и достоинствено, непоколебливо и безкомпромисно, да дадеме свој прилог во идниот период што следува, а тоа се парламентарните избори и создавање на нова демократска атмосфера и слобода во нашата Република Македонија.

Голема благодарност до сите Вас почитувани Ветерани, голема почит за секој поединечно кој на било каков начин даде свој прилог во оваа епска победа на локалните избори.

Вие знаевте како да работите, вие бевте со народот, вие ја сакате Македонија и не ја свиткавте кичмата како што тоа го сторија некои, и затоа сите вие, давајќи му поддршка на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски и на целото раководство на Партијата, силно испративте порака дека македонскиот народ ќе има иднина каква ја заслужува.

Затоа, драги Ветерани, издигнете се над се како цврст бедем и да бидеме единствени во поглед на ова прашање.

ДА ЖИВЕЕ ВМРО-ДПМНЕ, ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Претседателство на УВ на ВМРО-ДПМНЕ

Претседавач,

Маноил Мане Јаковлевски

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.