Среда, 03 Ноември 2021   
ВЕРДИ, ПРОКЛЕТСТВОТО НА РИГОЛЕТО, ЖЕНАТА Е НЕВЕРНА И МАФИЈАТА НА ВОЈВОДАТА ОД МАНТОВА

1Marija Kukubajska Марија Емилија Кукубајска

Во темната, трагична опера Риголето, со аријата „Жената е неверна“, Верди ја исмева неморалната мафија на Војводата од Мантова, тој што го вработил Риголето за келнер во неговиот ноќен клуб и за обезбедување против народот кој не ги сака неверните жени. Во Риголето се пее за жените кои го „користат газдата“ кој ги злоупотребува клиентите кои му се предаваат. Во трагичен крај, криминалните ликови меѓусебно се пресметуваат. 

Се оградувам од можни политички коректни замерки за оваа Вердиева претстава на жената како неверен протагонист, и ќе се послужам со цитат од оваа италијанска опера (1851) која и во 2014/15 беше една од 10те најпопуларни во светот. Во Риголето се пее за жента на лагата која го користи народот што го заведува: „Менува глас, менува мисла, секогаш со привлечно лице, и да плаче и да се смее – секогаш лаже. Секогаш е мизерен тој што и’ верува“. Жената е измамничка, секогаш превртлива, никогаш не може да и’ верува тој што бара стабилна и верна врска. Таквиот етички став може да се воопшти и на пријатели, на деца и родители, како и на власта и народот. Лагата е отфрлена од вистината како страно тело, иако „Луѓето на лагата“ се најпопуларни последните децении (Др. Скот Пек). Само релативистички игри со вистината можат да ја прифатат лагата како не-морално, конфликтно, идеолошко... оружје за владеење со другиот, со народот, со општеството.

Симболот на правдата како жена без у-вид

Во музичката уметност, како и во правните и општествените науки, прогресивноста на лагата го релативизира својот однес кон реалноста за она што е морално и правно прифатливо. Со дедуктивно размислување се очекува човекот и власта да извлекуваат здрави заклучоци во процесот на стекнување и примена на знаења за успешно управување со себе си и со општеството. Секоја наука и нејзината практична вредност се реализира преку моќта да демонстрира убедливи докази и одржливи факти за реалноста. На тоа е заснована и применливоста на правото како наука за законите. Законодавството нема да е моќно да поставува и брани вредности, вистини, ред, мир и слобода за општествен и севкупен напредок, ако измамата е акт за релативно толкување на реалноста, и оправдување на симболот на правдата како жена со врзани очи. Што е праведно, а што не, што е одржливо, а што промовира илузии за прогрес, што ги докажува замките и загубите во регресивниот прогрес низ историјата и сегашноста - треба да се брани како неменлива правна категорија, предуслов за развој на личноста и на општеството засновано на закон и заштита на народот, на човековите права. Нема правда ако владетелот е диктатор, ако се режира траги-комедија на демократија, пост-хумано аморално, анти-народно, анти-државно управување со сцените на животот во театарот на светот. Оваа тема од Риголето, во аријата на расипаниот Војвода од Мантова, сведочи за цената што ја плаќаат криминалните умови, но и нивните жртви. Таа е релевантна и денес. Се одвива по улици и спортски стадиони, видео игри, комерцијални и политички реклами и филмови, во светот, и во Македонија. На државно и на индивидуално ниво.

https://www.youtube.com/watch?v=xCFEk6Y8TmM  Генијалниот Павароти како расипаниот Војвода   

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.