|
|
Заевизмот е најлошото нешто што и се случило на Македонија од независноста до денес |
Свекрва Украдена демократија Со земјата владеат криминални картели од СДС и ДУИ за кои не важат ни Устав, ни Закони. Истите тие ги прилагодија за свои потреби, за додворување на своите поддржувачи во меѓународната заедница, за казнување на политички противници, но и за условно или минимално казнување на криминалците кои работат за нивни интереси. Едноставно кажано ја украдоа демократијата во државата и не ја почитуваат вољата на народот. Опозициските партиии ВМРО ДПМНЕ, Алијанса/Алтернатива. БЕСА и Левица безуспешно се обидоа да изгласаат недоверба на Владата на премиерот Зоран Заев, кој патем си даде оставка по поразот на Локалните избори. На закажаната седница во Четвртокот на 11.11.2021 година, немаше квором поради недоаѓањето на пратеникот на Беса Кастриот Реџепи, кој веќе своеволно се имаше потпишано на барањето за гласање на доверба на Владата. Не доаѓањето на Кастриот Реџепи од БЕСА на денот на гласањето во Собранието, немањето најава од негова страна дека е спречен да присуствува, неговата недостапност по телефон и отсуството од домот, опозицијата го протолкува дека пратеникот е киднапиран од страна на СДС и ДУИ кои очајно се обидуваат да ја задржат власта. Пратеникот Реџепи се јави истиот ден во попладневните часови преку снимено видео и порача да не се грижат бидејќи бил на сигурно на вистинската страна. Неговите сопартијци ова изјава тогаш ја протолкуваа дека е дадена под закана, додека други пак говореа дека покрај уцени и закани, има купување на пратеници, чија цена достигнува до еден милион евра. Оттука многу малку веројатна е изјавата на Реџепи дадена во Понеделникот дека бил под закана за неговиот живот и дека ја потпишал „инцијативата за гласање недоверба на Владата во моментот кога премиерот Заев, по исходот на локалните избори, рече дека поднесува оставка. Се чинеше дека власта е без кормилар.“ Ако во тој контекст ја спомнеме и изјавата на преставник на ДУИ, кој бранејќи ја промената на ставот на Реџепи, претходно ќе каже дека сега екс пратеникот на БЕСА бил ориентиран кон ЕУ и НАТО и дека неговото срце спие во Брисел и Вашингтон, тогаш се поставува прашањето кој му се заканувал нему, власта или опозицијата, односно многумина шеговите ќе прашаат „а каде спиат другите негови органи (бубрег, јетра и др.), можеби во Софија, Приштина, Тирана или во некоја друга куќа обоена во жолто“. Без разлика дали овој пратеник бил киднапиран, уценет или купен, чуден е молкот од меѓународната заедница. Вашингтон, Брисел, Берлин, Лондон и Париз молчат за случувањата во земјата, за киднапираната демократија, за дволично однесување на Зоран Заев, за лагите и криминалот на преставниците на СДС и ДУИ. Секој обичен граѓанин се прашува дали треба тие целосно да ја уништат државата, за да вие можете полесно да ја распарчите меѓу Софија и Тирана. Едноставно да ја продолжите агендата од Лисабон за да го снема македонскиот народ. Македонскиот народ одлучно ќе се спротистави на сите такви планови. Согласно Атланската повелба, македонскиот народ има право на своја држава која ја стекна за време на Втората светска војна застанувајќи на страната на антифашистичката коалиција. Обидот на Заевистите да ја ретушираат историјата заради ветото на Бугарија и да не стават во иста торба со фашистите, не водат во правец да го изгубиме правото на сопствена држава. Не тоа не смее да се дозволи. Обично меѓународната заедница има полна уста кога се во прашање човековите права, демократијата и хуманизмот. Но сега кога демократијата во Македонија е киднапирана од Зоран Заев и Али Ахмети нивниот молк е срамен. Ако сме биле заедно на страната на антифашистичката борба, време е овој впечаток да се поправи и да му се каже на вашите пулени да си заминат од власта мирно. Сигурно на никој не му е во интерес, покрај сите кризи во земјата, некој да предизвика и безбедносна криза, која пак ќе го дестабилизира Балканот. СДС и ДУИ се најлошто во Македонија во овој момент и тоа мора да се острани, а Заев заради доброто на Македонија мора да си замине. Само така можеме да ги намалиме последиците од политичката, безбедносната, економската, епидемиолошката и енергетската криза, како и да ја вратиме демократијата во земјата. |