|
|
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - 145 |
ВЛАСТА КИДНАПИРА ПРАТЕНИЦИ ВО ДРЕВНАТА ЗЕМЈА МАКЕДОНИЈА
1. Oсоколена до небо по триумфалната победа на локалните избори, при што од вкупно 80 општини во земјата освои дури 42, опозицијата виде шанса за да дојде на власт и по најавената но во писмена форма никогаш недоставена оставка на Зоран Заев /З.З/ побара гласање за недоверба на неговата влада. Но до гласање не дојде а причините се за рубриката "верувале - или не".
Ги има неколку. На закажаната седница за гласање недоверба во четвртокот (11. ноември) не дојде ниту еден шратеник во Собранието од владеачката коалиција, што практично значеше немање кворум за почеток на седницата со единствена точка - гласање за недоверба на владата. Но не само тоа, се покажа дека и на иницијаторите за гласаање недоверба им недостасува еден глас, т.е. еден пратеник од владиниот партнер партијата Беса, која одлучи да ја напушти владата. Фамозниот пратеник Кастриот Реџепи напросто исчезна па почнаа верзии дека е киднапиран со што пропадна обидот на опозицијата да формира ново парламентарно мнозинствои и формирање на влада. Пратеникот Реџепи во меѓувреме неубедливо се обрати преку фејсбук (многу очигледно беше дека чита однапред подготвена порака), а полицијата следејки го сигналот од неговиот мобилен телефон го лоцираше во седиштето на владиниот коалиционен партнер ДУИ во Мала Речица. Ете, и такви работи - киднапирања на пратеници, се случуваат во древната земја Македонија, членка на НАТО и кандидат за членство во Европската Унија!? Но, на општо изненадување, за оваа случка немаше никаква реакција ни од претставништвото на ЕУ во Скопје, ниту пак од бројните амбасади! Врв на случувањата во бурната недела што помина секако е посетата на премиерот на Холандија Марк Руте на Македонија (станува збор за прва посета на холандски премиер на нашата земја) само еден ден пред закажаната седница за гласање недоверба на владата на З.З.! Случајност? Не верувам! Сосема очигледно е дека меѓународните фактори настојуваат да го задржат З.З. на власт за да ја доврши зацртаната агенда: постигнување договор со Бугарија (на наша штета без сомнеж) и симнување на бугарската блокада за почеток на преговорите за членство во ЕУ, но и за манипулациите со резултатите од пописот на населението во Македонија. 2. Како што одминува времето, нервозата во двете земји - кандидатки за членство во Европската Унија, Република Македонија и Албанија, кај политичките раководства и нивните граѓани постојано расте. Иако во рамките на заеднички проекти како "Малиот Шенген" помеѓу Македонија, Србија и Албанија се манифестира некакво регионално разбирање, позачестија изјавите од Тирана (Србија веќе преговара за членство во ЕУ) дека Албанија е жртва на билатералниот спор помеѓу Македонија и Бугарија!? Последен таков излив на незадиовикство беше реакцијата на премиерот на Албанија Еди Рама дека "неговата земја ги исполнила сите услови за интеграција во Европската Унија, но дека таа станала колатерална жртва поради ветото што Бугарија ѝ го стави на Македонија, иако, според него, "добилее зелено светло од Европската комисија и од Европскиот совет" !? Според Рама, ниту Франција, ниту Германија немаат сила да влијаат врз Бугарија што е прилично комплицирана позиција а што го прави процесот уште покомплициран бидејќи покренува прашање што е билатерално меѓу Бугарија и Македонија.
Така тврди Еди Рама иако за застојот на напредувањето на Албанија кон ЕУ, швајцарскиот институт Глобал Риск Профајл ја рангира Албанија на 131 место од вкупно 199 земји на листата за корупција. 3. Во неделата (15.ноември) во соседна Бугарија се одржаа редовни претседателски и вонредни парламентарни (по трет пад годинава) избори. Не сличајно посветуваме внимание на тие избори бидејки и кај нас, во Македонија владее голем интерес, бидејки од резултатите на тие избори ќе зависсат перспективите на македонско-бугарските односи и одстранувањето на бугарската блокада за почеток на преговорите за членство на Македонија во Европската Унија.
Резултатите од гласањето се веќе познати. Претседателот Румен Радев влегува во вториот круг со убедливо водство, а на парламентарните избори убедливо водство со големи изгледи да ја формираат новата бугарска влада има таканаречената Харвардска двојка Кирил Петков (41) и Асен Василев (44).
За разлика од тврдите ставови на претседателот Радев по македонското прашање, Харвардската двојка има помеки ставови и најавува дека со Македонија ќе се разговара за многу теми (сообраќај, економска соработка, култура и сл.) а не само за историски прашања за коишто комисиите од двете држави немаат до сега никаков напредок. Петков и Василев се надеваат дека ќе обезбедат подршка од неколку помали партии, а судејки по ставовите изнесени во нивната предизборна кампања, главна преокпација на нивната вчлада ќе бидсе борбата против корупцијата. 4. Еден електронски медиум, што редовно ја почнува програмата со лoгото: "Вие имате право да ја знаете вистината", изрече пред некоја недела еден куп невистини за мене. Додуша, не ме спомена по име, но сосема јасно беше дека се однесува за мене нарекувајки ме "бивш амбасадор во НАТО, кој (демек јас) е против НАТО"!?
Немам намера да со расправам со дотичниот новинар којшто шири лаги и невистини тенденциозно и очигледнмо по нечија нарачка, но со цел широката јавност да ме чуе и мене, ќе напишам збор-два за мојот однос кон НАТО каде Македонија денес е рамноправна членка во Алијансата. Па даа почнемне:: - Јас бев еден од погласните за членство на Македонија во НАТО уште од осамостојувањерто во 1991 година (кога владеачката СДСМ на референдумското прашање се залагаше:... со право (Македонија) да се здружи со остатокот од Југославија - демек за блискост со Србија и Русија) и еден од активистите за формирање на Атланскиот клуб на Македонија што, како идеја, ја донесе од соседството пок. Д-р Александар Лепавцов,
- Како член на Првата (Експертската) влада на независна Македонија силно ја подржував идејата за повлекување на ЈНА од Македонија и формирање Македонска армија и членство во НАТО! - Некои мои реакции во однос на Алијансата беа строго принципиелни бидејки не можев да прифатам дека името на нашата татковина - Република Македонија е пречка за прием во членство во Алијансата. Нагласувам и во оваа прилика: Од нејзиното основање во 1949 година НЕ ПОСТОИ НИТУ ЕДНА ОДРЕДБА, ОДЛУКА ИЛИ БИЛО КАКОВ АКТ НА АЛИЈАНСАТА СО КОЈ ПРИЕМОТ НА ЗЕМЈА ВО ЧЛЕНСТВО ВО НАТО Е УСЛОВЕНО СО ПРОМЕНА НА НЕЈЗИНОТО УСТАВНО ИМЕ!!! Таква работа во НАТО едноставно НЕ ПОСТОИ!!!
Македонија беше меѓу најподготвените за прием во НАТО и во таканаречената група Вилниус 10 чие лого беше: "Со јато во НАТО", од кои седум земји беа примени во членство, а три, меѓу кои и Македонија, не беа примени!? Нашите напори за членство продолжија и во рамките на групата А3+Америка каде Американските воени експерти нaшата земја ја оценуваа како најподготвена за членство! Но нашиот прием го блокираше Грција на самитот на НАТО 2008 во Букурешт. За Шеф на Мисијата на РМ во НАТО со звање амбасадор бев именуваан во ноември 2010 година. Од самиот почеток работев пред се на хармонизација на меѓучовечките односи во Мисијата, драстично нарушени од мојот претходник. Како тим составен пред се од дипломати од МНР, офицери од АРМ и уште некои државни институции развивме широка активност и бевме присутни и забележени во многу активности, тела и комисии на Алијансата како на професионален план, така и во добротворните активности што често се организираа во седиштето на НАТО. Еднаш месечно организиравме амбасадорски работни ручеци со специјални гости-говорници (моја гостинка неколку пати беше г-ѓа Колинда Грабар Китаровиќ) каде ги изнесував нашите стојалишта. Во неколку прилики разговарав и со тогашниот ген-сек на НАТО Размусен за неодржливоста на услвовувањето за прием на нашата земја со промена на уставното име, но тој секогаш ги креваше рамењата со коментар дека се работело за "политичка одлука". За разлика од еден мој претходник амбасадор на РМ во НАТО, којшто се занимаваше со шверц на парфеми и трговија со автомобилски гуми, буквално изнудив Алијансата - на нејзин трошок (!) да ја посетат Командата на НАТО во Брисел над 200 студенти од државните универзитети во РМ за да се запознаат со суштината на НАТО Алијансата, а воедно и да ја посетат воената команда на НАТО во гратчето Монс, а самата граница со Франција. Особено сум горд што учествувавме како Мисија и во организација на посетата на тогашниот министер за одбрана фатмир Бесими на воената команда на НАТО во Монс. Врховниот командант на НАТО силите за Европа, адмиралот Џејмс Ставридис ги построи сите команданти на земјите членки (генерали, адмирали и сл..) во чест на македонскиот министер. Беа свирени химните на НАТО и нашата "Денес над Mакедонија се раѓа"......
Како награда за моите активности бев поканет да го посетам Авганистан со специјален директен лет од Брисел до Кабул заедно со комплетниот состав на Северноатлантскиот совет, каде посетивме неколку бази за обука на Авганистанските одбрамбени сили во рамките на мисијата ИСАФ во околината на Кабул и Назар ел Шериф на северот од Авганистан!. Ќе ми треба уште многу простор да набројувам што се правев(ме) како мисија под мое раководство.како амбасадор.(изложби, добротворни активности на кои презентиравме производи од Mакедонија и ја афирмиравме Македонија),:а средствата од тие активности беа наменети за децата сирачиња во Авганистан. На една добротворна аукција како знак на подршка дониравме литографија подарок од светски познатиот Киро Урдин од циклусот "Планетариум" која достигна највисока цена на аукцијата, а парите легнаа во фондот за помош на за сирачињата во Авганистан! Но, да резимирам: во НАТО гледам гарант на безбедноста, мирот и целовитоста на Република Македонија! Тоа го докажувам и во пракса во овие изминати 30 години, а и јавно го кажав на трибината во Битола на 8. септември годинава, по повод одбележувањето на трите децении независност! М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор |