|
|
Александар Џеповски : Убаво му одеше на Заев, да продава и препродава за пусти пари |
Александар Џеповски Заев има проблем со Бугарите и Албанците од Швајцарија. Старите убаво велат - од кол на кол и ќе се наденеш за мерак. Се некако убаво му одеше на Заев, да продава и препродава за пусти пари. Дали било тоа име, земја, црква и поздрави честитки на сите душмани наши, него тоа ама ич не му значело ништо и само велеше - дај што ќе дадеш и ќе ти ја исполнам желбата. Арно ама ... не било баш така. Дури и врапците знаат колку големи пари беа во игра и кои желби требаше Црпе да ги исполнува но и да му бараат и преку леб погача. Си мислеше муртинецот и се занесуваше колку бил тој паметен и види сега, математиката била погрешна од пуста алчост. Воедно, тој требаше и треба да ги дели сите тие нечесни крвави големи пари со менторите ЕУ и НАТО и на крај од 100 милиони евра да речеме само едно милионче за Црпе. За да има повече пари тој дрпаше од македонската економија и воедно ги рекетираше сите бизнисмени па сето тоа допринесе да биде најомразен во Македонија. Големиот негов проблем е ветувањата кон Бугарите и Албанците во Швајцарија. Круна на тие негови ветувања и лаги од кои мислеше дека некако ќе се извади беше делба на Македонија од кои еден дел на Бугарија и друг дел на Албанија, во пакет со лажни истории и документи. Како резултат на сето тоа му беше испратен сребрен куршум, мафијашка порака и закана дека ќе биде скинат. Затоа сега Црпе брза да не биде Премиер (ЕУ и НАТО инсистираат да остане) има голема заштита и се мисли каде да кидне да се сокрие и да не го најдат, затоа што на врат му дишат Албанците од Швајцарија. Сето ова јас и многи други го посочувавме и најавувавме во стил на Нострадамус а тој пет пари не даде и се мислеше недопирлив. Ние Македонците немаме друга татковина и таа ни е само една а тој ја даваше и распродаваше секому. ЗАЕВ ЕДНО ЗАБОРАВИ И ПОТЦЕНИ А ТОА Е ДЕКА МАКЕДОНИЈА Е БОЖЈА ЗЕМЈА, БИБЛИСКА ПА ВОЕДНО ЗАШТИТЕНА ПРЕКУ РУСКАТА СУПЕРИОРНОСТ И СИЛА, А РУСКИОТ ПОГЛАВАР СЕ ПОКЛОНУВА САМО НА ЕДНО СВЕТО МЕСТО - ВО ОДРИД. КОЈ РАЗБРА, РАЗБРА, КОЈ НЕ...НЕКА МУ ЈА МИСЛИ. АМИН !!! |