Среда, 01 Декември 2021   
Мартин ТРЕНЕВСКИ : БЕЗЗАКОНИЕТО ПЛАТЕНО СО ЧОВЕЧКИ ЖИВОТИ

1martin1 Мартин ТРЕНЕВСКИ

НЕКА ИМ Е ЧЕСТИТ ПРАЗНИКОТ ХАНУКА /ПРАЗНИКОТ НА СВЕТЛИНАТА/ НА НАШИТЕ СОГРАЃАНИ ЕВРЕИ! 

1. Овој празник е посветен на настанот од 165та година пред нашата ера кога повторно бил осветен Храмот на царот Давид и царот Соломон во Ерусалим после цели три години непрекидни борби и прогонства на евреите, а е поврзан со верувањето дека една светилка во тој храм продолжила да гори, иако немало доволно масло, па Ханука се нарекува и Празник на светлината. 

Евреите и Македонците ги поврзуваат многувековни врски и слични судбини низ историјата.. Двајца Македонци - Александар III Македонски и Димитар Влахов се запаметени во колективната меморија на Евреите како најзаслужни за македонско-еврејските врски што резултираше и со раѓањето на државата Израел во 1948 година!

2. Катастрофата што се случи минатата недела во Бугарија, кога во запален автобус со скопски регистрации живи изгореа дури 45 патници, отвори голем број прашања за кои експертите трагаат и веќе обзнануваат свои наоди и одговори.

Се изнаслушавме најразлични информации вп стилот: зошто автобусот скршнал од рутата и удрил во банкината;  што предизвикало силна експлозија и силен пожар; зошто автобусот изгорел за толку кратко време по ударот; зошто патниците немале време да излезат и да се спасат; колку патници имало во автобусот и сл. Но едно е сигурно оваа катастрофа е само уште една - трагична епизода во низата огромни пропусти во системот и нефункционирање на институциите заради коруптивност и некадарност на надлежните во тие институции и непочитување на законите.

Овие констатации, за жал ги потврдуваат и трите несрќи во изминатата година и половина, многу скапо платени со драгоцени човечки животи: 1. автобуската несреќа кај с. Ласкарци во која загинаат 16 патници; 2. Пожарот во модуларната болница за болни од вирусот ковит 19, и 3. оваа, поседнава автобуска несреќа во Бугарија со 45 јагленисани патници до степен на непретпознатливост!

Јавашлукот и неодговорноста можат да се констатираат во сите три наведени случаи но, за жал, одговорност ниту имало, ниту ќе има!? Сопствениците на компаниите Дурмо турс, во чиј автобус загинаа 16 патници и Беса транс со седиште во "Шкуп", како што е напишано на таблата во нивните канцеларии  во Скопје (!) да ти биле спонзори на коалициониот партнер во Владата, ДУИ и се однесуваат како заштитени бели мечки, без трошка одговорност и законите за нив не важат!? Дурмо турс имале дури и свој сопствен сервис за технички преглед на автобуси и може да замислиме со каква /не//објективност ја пценувале исправноста на сопствените автобуси.

Изгорениот автобус во Бугарија воопшто немал сертификат за меѓународен транспорт на патници, поточно се служел со туѓ сертификат, и иако не смеел да излегува од земјата, констатирано е дека дури 135 пати превезувал патници во странство. За последново патување до Истамбул, кога на враќање се пеплоса и живи изгореа 45 патници, меѓу кои и 12 деца, одговорност, засега, ќе се бара само од двајца царински службеници кои го пропуштиле кобниот автобус да ја напушти Македонија без потребната документација. А сопственикот на Беса транс кој беше недостапен за властите за испрашување, конечно се огласи на фејсбук само со порака: "Алах да се смилувал на нивните (на 45те изгорени патници) души"! Без коментар сум!!!

3. Кај албанците постои институтот "Беса", што е еден вид заклетва дека нема да го погазат дадениот збор. Бесата кај нив е, или подобро речено  б е ш е, појака од закон!    Но, се чини дека бесата, кај политичарите албанци, полека но сигурно го губи оригиналното значење, или пак не се почитува кога се во прашање нивните интереси.  

Први во поновата историја ја погазија бесата политичарите од коалициониот партнер ДУИ, кога на веќе дадениот збор на Никола Груевски, по победата на парламентарните избори во 2016та година за формирање коалициона влада со ВМРО-ДПМНЕ, и тоа само после еден телефонски повик на тогашниот Американски амбасадор Џес Бејли. ДУИ го погазија дадениот збор на Груевски и по амбасадоровата директива (дојдена од Вашингтон -според зборовите на самиот Бејли) и формираа коалиција со губитничката партија СДСМ!!!  И ДУИ, но и Заев се одлучни да го сочиваат, па дури и да го зголемат мнозинството во македонското Собрание од проста причина бидејки во спротивно, и двете страни имаа многу да изгубат. ДУИ во сегашната констелација на власта има шест министри, дури 106 директори и кадри на високи позиции, а само во оваа година добија 306 тендерiи! А Заев, или подобро речено кланот Заеви - за нив има предолг список што се би можело да биде доведено во прашање?

Сега и партијата на албанците Алтернатива е на пат да ја погази бесата дадена со потписите на нејзините четири пратеници во Собранието за туркање на актуелната влада по промената на ставот и преговорите со Зоран Заев (З.З.) за влез во владата на СДСМ и ДУИ, што и самите сакаа да ја соборат поради корупцијата и слични беззаконија. Па зарем истата таа копуптирана влада преку ноќ престана да биде корумпирана и нема веќе пречки на партијата Алтернатива да и се приклучи на Владата, или министерските и директорските фотењи се пова/ни од дадениот збор, т.е. дадената беса? Изгледа е така, будејки како да се објасни промената на антивладиниот и анти ДУИ став за 360 степени, и тоа преку ноќ? Добија инструкции од некоја амбасада или друг меѓународен фактор? Тоа најдобро го знаат самите тие. А бесата како завет изгледа останува дел од албанскиот фолклор!?

Со еден збор: сепак преовладуваат прагматизмот и интересите, одколку образот и достоинството! 

Во меѓувреме дознаваме дека Алијанса и Зоран Заев постигнале начелен договор за влез на Алтернатива во Владата со што би го добила Министерството за здравство, едно заменичко место во министерство и недефиниран број директорски места. Се разбира, добитната комбинација за Алтернатива е на сметка на македонските кадри, т.е. кадрите на СДСМ во Владата на РМ, со што во владата ке домиираат албанските министри и заменици на ДУИ и Алтернатива.

4.Специјалниот пратеник на ЕУ Мирослав Лајчак неодамна даде изјава дека интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ нема алтернатива, но предупреди дека Унијата не била задоволна од прогресот на реформите на Балканот!? Лајчак смета дека процесот на реформи е многу побавен отколку што се надевавале во Брисел за што како причини ги навел „објективните околности што влијаеле на тоа”: мигрантската криза, но и скептицизмот кај одредени членки.

Според Лајчак, ЕУ морала да биде сигурна дека новите членки нема да донесат дополнителни проблеми и ЕУ не билае задоволна од она што се случува на Балканот - да се зајакне функционалноста и да не внесуваат внатрешни проблеми. ЕУ смета дека го губи Западниот Балкан и наместо да се создава владеење на правото, независни медиуми, граѓанско општество, деполитизирано судство, се зајакнуваат нелибералните, авторитарни тенденции, што води ваквиот Балкан да биде „инструмент за поткусурување” за стратешките интереси на другите играчи. токму затоа, според Лајчак, треба да се забрза процесот на проширување на ЕУ и реално да се согледаа колку силни позитивни сигнали испраќа регионот кон ЕУ. И не само тоа, туку нагласи дека земјите од Западен Балкан требало да го вратат кредибилитетот на процесот!?

А што да му порачаме ние на господинот Лајчак? Па дали тој лично и самата ЕУ согледуваат какви се препреки и блокади поставуваат одредени членки па дури и самата ЕУ (со нови методологии за прием преку ноќ и сл-). Неспорно е дека земјите од Западниот Балкан мораат самите да се реформираат (не може некој од Брисел да го стори тоа за нив), но ред е истиот тој Брисел да ги дисциплинира некои членки кои уценуваат и поставуваат неприфатливи услови на земјите кандидати за членство. ЕУ лесно може да го стори тоа бидејки контролните механизми се токму во нивните раце. Не би смеело да се толерира една Бугарија да поставува услови со кои тотално би ја обезличила Република Македонија како сериозен кандидат за членство, а ЕУ да ја наградува со дури 26 милијарди евра неповратни средства за периодот од наредните седум години!!!

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ,

Поранешен министер и амбасадор

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.