Среда, 08 Декември 2021   
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - 148

1martin1 

ЗА БУГАРСКАТА ОМРАЗА КОН МАКЕДОНИЈА

1. Политичките неизвесности во Македонија по неуспешниот обид на опозицијата за туркање на Владата на Зоран Заев (З.З.)  како полека да се разбиструваат!? Сега е сосема извесно: Заев и неговата коалиција сепак обезбедија мнозинство од 64 пратеници - благодарение на трговијата што ја направи тој со партијата на Албанците Алтернатива, со која за нејзините четири пратеници во македонскиот Парламент си добија три министри, од кои еден потпретседател на влада, исто толку заменици министри, четириесет директорски места на јавни претпријатија и бројни раководни позиции. Сега, антимакедонската влада на З.З. ќе има дури девет министри-албанци (шест од ДУИ и три од Алтернатива), од вкупно 16 министри. Бројот на вработувања што го изнуди партијата Алтернатива од премиерот на заминување З.З. засега не е соопштен.

   И што да се коментира на овие случувања!? Несомнено лицето З.З. е спремен да даде се што ќе се побара од него за да остане на власт (сега протежира за негов наследник во премиерската фотеља анонимус /Димитар Ковачевски/којшто само ќе ги спроведува неговите насоки и директиви, по правило на сметка на македонските интереси).

   Но, мора да укажеме и на превртливоста во политиката кога се во прашање интересите. Алтернатива пред еден месец потпиша дека е за туркање на владата на З.З, "заради криминалите на Владата и нејзината коруптивност", но преку ноќ го сменија ставот и и се придружија, небаре истата таа влада повеќе не е криминална и корупотивна! Да видиш и да не веруваш! Сепак сум на стојалиште дека странскиот фактор преку нивните амбасади одиграа клучна улога и во оваа операција, како во многу други случаи до сега!? Така и ќе биде, за жал, и во иднина се заради неслогата помеѓу водечките македонски партии на политичката сцена во земјата СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. А ние сите заедно само тонеме и тонеме на секој план, особено во економската свера, бидејки тендерите им се од интерес во прв план, но реториката останува константа, т.е. евроинтеграциите, кои никако да почнат.

   Заев прифатил и меѓународна ревизија на некои веќе пресудени судски случаи, како на пример "Диво насеље" (2014), кога во судир со уфрлени терористи од Косово загинаа осум македонски специјалци и 14 терористи и случајот "Монструм" (2012), кога во близина на Смилковскто езеро крај Скопје беа убиени во езекуционен стил пет млади македонци. Оваа отстапка на лицето З.З. предизвика бура од негативни реакции од стручната и пошироката македонска јавност.

2. Најновите рокади на македонската политичка сцена упатуваат на заклучокот дека не станува збор за реконструкција на владата, туку за нова влада со нов премиер кој истовремено ќе биде и нов претседател на СДСМ. Се очекува дека СДСМ на непосредни избори ќе избира нов партиски лидер од неколкуте кандидати што ќе го гласа членството на директни избори. Воедно, тој ќе биде и новиот мандатар за новата влада, што значи дека ќе нема реконструкција на актуелната влада. Според Уставот на РМ нов мандатар предлага претседателот на државата. Голема е веројатноста некои од актуелни министри да си ги задржат позициите и во новата влада. Нешто што е повеќе од сигурно е дека министрите од ДУИ нема да бидат сменети.

   Првичните изјави на челниците на новата коалиција се дека предност во новиот состав на Владата ќе дадат на евроинтеграциските процеси на земјава и на програмските ветувања до граѓаните.

 3. Со наближувањето на денот 14ти декември, датумот што го францускиот претседател Макрон го определи за постигнување на договор за спорните прашања помеѓу Македонија и Бугарија и за тргање на бугарското вето за почеток на преговорите за членство во ЕУ до крајот на годинава, во редовите на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ преовладува загриженост за веројатноста лицето З.З., на заминување, да ги прифати уцените од бугарска страна и да потпише договор за бугарскиот диктат на сметка на македонските интереси.

   На ова уследи реакцијата од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој најави дека партијата нема да почитува договор што З.З. би го потпишал со Бугарија! „Мојата порака  е дека таков едностран договор, потпишан од политички бегалец, како Зоран Заев, новата влада на ВМРО-ДПМНЕ нема намера да го почитува затоа што ниту учествува ниту знае каков е. Треба да знаат дека немаме намера да го почитуваме“, коментираше Мицкоски.

4. Најголемата автобуска несреќа во Европа во изминатава деценија, со најголем број загинати (задушени и живи изгорени) - вкупно 45 македонси граѓани, никако да се расветли. За нечија одговорност засега не станува ни збор. Бугарски експерти дозирано пуштаат информации за пропусти од нивна страна во стилот: "банкините на патот биле погрешно поставини", а македонските експерти откриваат дека автобусот на Беса транс бил преправан, не бил лиценциран за превоз на патници во странство и дури 135 пати ја поминал границата со документ од друг автобус и сл.

   Се добива впечаток дури дека како да постои некаков таен договор меѓу двете страни за одолговлечување на истрагата и дефокусирање на јавноста, особено на семејствата на жртвите од автобуската катастрофа. Најверојатен мотив: кој ќе го плати осигурувањето, односно обештетувањето на семејствата за жртвите во катастрофата!? Имено, доколку се докаже дека причина за сообраќајката со автобусот се лошите услови и погрешна сигнализација на автопатот Струма, тогај осигурувањето ке треба да го плати бугарската страна, но ако се докаже дека вината сепак е во возачот на автобусот, тогаш тоа треба да го стори македонската страна.

   Останува да почекаме што ќе кажат истрагите на двете страни, но едно е сосема сигурно: семејствата на загинатите очајно очекуваат одговор кој е виновен за прераната смрт на нивните најмили!?

5. Нашите источни соседи - бугарите, кои практикуваат да не нарекуваат нас македонците "свои браќа", практично во секоја прилика, а особено на меѓународен план, се однесуваат како наши најголеми непријатели!!! Наместо да попримат некои манири од членството во ЕУ, каде скоро насила ги внесоа нивните традиционални стратегиски партнери од времето на Тројниот пакт на Адолф Хитлер, а и пред тоа, бугарите упорно опстојуваат на политиките и ставовите од 19от век. со што дирекно се одговорни за влошување на  меѓусоседските односи.

   Своевиден врв на бугарското непријателство кон нас - македонците, или попрецизно речено на непријателството на поединци - бугарски политичари на меѓународен план е настапот на европратеникот Ангел Џамбаски од удбашкото бугарско ВМРО-БНД. Овој наш "брат" (па нели така не чуствувале - како браќа!?) искажа таков излив на омраза кон нас - македонците, што не е својствен ни на наголем непријател. Џамбаски на форумот организиран од Фондацијата за европска реформа "Нов правец|" (New Direction), чиј потпретседател е тој, подржана од  полскиот Варшавски институт и унгарскиот Институт за надворешна политика и трговија тој рече, цитирам:"Братска и пријателска Албанија, па и Косово се проевропски и прозападни, а истото важи и за Црна Гора а за Македонија не!?"

   За Џамбаски "Македонија во никој случај не била пријателскуи настроена кон Европската Унија и има многу жестока, видлиува и зацртана антибугарска линија комбинирана со антиевропска политика. Целата оваа зацртана антибугаеска политика комбинирана со антиевропска реторика доаѓа од еден евроазиски центар", рече Џамбаски и остана жив.

    Сличен излив од антимакедонски позиции манифестираше и европратеникот од партијата ГЕРБ Емил Радев коментирајки ги обидите на претставниците на левицата во Европскиот парламент да го внесат прашањето за македонското малцинство во извештајот на Групата за набљудување на демократијата, владеењето на правото и основните права, која ја посети Бугарија во септември, откако претседателката на делегацијата, холандската пратеничка Софија ин’т Велд од либералната група „Обнови ја Европа“, го презентирала извештајот на состанокот на Комитетот за граѓански слободи, правосудство и внатрешни работи во ЕП.  

   "Бугарија има 16 пресуди од Европскиот суд за човекови права за прекршување човековите права и правото на здружување на македонското малцинство"! Слични реакции имаше и кога американската конгресменка Клаудија Тени од Поткомитетот за надворешни работи во Претставничкиот дом исто така потсети дека Бугарија има 16 пресуди од Европскиот суд за човекови права за прекршување на човековите права и правото на здружување на македонското малцинство во Бугарија. Таа го праша заменик помошникот секретар на САД, Габриел Ескобар, што прават американските власти за да осигураат дека Бугарија ги исполнува своите обврски како членка на НАТО, во врска со таквите прекршувања на човекови права! До денес, за жал, нема никакво ппомени на ставовите на званична Софија за ова прашање! Напротив, нивните ставови за непостоење на македонско малцинство во Бугарија се засилуваат се повеќе и тоа кога и двете земји се обидуваат да најдат решение за сите спорни прашања, заклучи  Клаудија Тени.

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.