Среда, 16 Јуни 2010   
Среќен роденден ВМРО ДПМНЕ!
klaudija
Клаудија Лутовска

Во оваа сторија  има многу што да се кажува, да се прекажува и памети, зошто ова е наше минато, наша сегашност, наша иднина. Читајќи ја Македонската историја морам да признаам дека кога се дозна дека ги зеде некој тие четири свети букви ВМРО и ги стави на партија многумина Македонци си поставија прашање, смее ли некој тоа да го направи? и кој може тоа да го направи? Но има некоја магија, некој аманет во тоа да се викаш ВМРО, да се идентификуваш како ВМРО, да ти почнуваат утрата и завршува денот вложувајќи во ВМРО. Тоа е влог за Македонија.

Во 1990 година се случи ренесанса за Македонија. А еве сега прослава на тоа што тогаш се случи, а се случи ВМРО ДПМНЕ. Многу успеси и падови, надежи и разочарувања во денешната дваесетгодишна приказна на ВМРО-ДПМНЕ. Период во кој најголемата и највлијателна партија во десницата мина низ многубројни премрежиња и преживеа крупни трансформации. Настаните оставија длабоки траги не само во ВМРО-ДПМНЕ, туку имаа големо влијание и врз целата домашна политичка сцена.  

Во 20-годишната сторија на ВМРО-ДПМНЕ се испреплетени многу лични приказни.

Кога ја гледав прославата се прашував каде ли се оние од  1990та ? Ги нема починатите: Драган, Кљусев, Мијалков, Врапчето,...Како и секогаш и во 1990 г. имаше некои кои знаеја како да се поведе народот но, имаше и некои со нечесни намери кон својата земја и народ. На прославата видов многу од оние кои на 17 Јуни 1990 година ги удрија темелите на партијата, со еуфоричен занес ги полнеа плоштадите и ветуваа нова, поинаква и просперитетна независна Македонија.

Многу важни датуми за ВМРО ДПМНЕ се Берлинскиот – Минхенскиот состанок, оснивачкото сообрание и секако на родоначалниците на партијата: Драган, Борис, Љубчо, Владо, Гојко, Мане, Дијана, Стево,...

Збиднувањата во Берлин- Германија и во Европа и многу Македонски патриоти на многубројни случувања поврзани со почетоците на заживувањето на ВМРО-ДПМНЕ ќе останат запишани во историјата на Македонија, а Берлин како град пријател, но и како град „херој“ за скоро сите настани поврзани со Македонија во  Европа и пошироко во тие години. 

Во јуни 1990 година Македонскиот Ресторан „Ново Скопје“во Берлин, има голем влог во формирањето на оваа партија. Од тамо исто така, се одржуваа долгогодишните врски и пријателски односи со Драган Богдановски - идеолошкиот татко и автор на првата и единствена вистинска политичка програма на ВМРО-ДПМНЕ.

И така на Македонија и е судена ВМРО, на Македонците  им стана судбина ВМРО и како по аманет, ВМРО ја води секогаш моќен  Македонец.

Ако престане да биде ,,Македонец“- тој престанува да биде и ВМРО или обратно.

Уште една цврста гранка, здрав корен, е на врвот на ВМРО. 

Никола Груевски е  прво Македонец, а потоа лидер  на партија, Премиер на државата, но и чесен и достоен граѓанин на денешна Македонија, за која тој цврсто стои на земјата и лавовски се бори и ја води Македонија.  

А Македонија не е  само тука, таа дише со секој Македонец  по планетата земја.
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.