Среда, 19 Април 2023   
Една генерација може да направи само една револуција

1Mane3 Мане Јаковлески

Да ги спомнуваме и да се потсетуваме на Македонците низ генерациите пред нас, на нивните дела и нивниот залог и влог за да се стигне до денес, да се потсетуваме на Македонците испраќани на Голи Оток, во Идризово, во затворот на Солунска глава, само затоа што сакаа самостојна Македонија, да ја имаме Македонија како капка на дланка, татковина, дедовина, Македонија мајка на Македонците, земја на достоинствени Македонци кои со гордост ја исполнуваат Македонската кауза.

Оваа Македонија ја создаваа генерации, ја создававме и  градевме и ние, а ја оставаме во завет и гордост да продолжат да ја градат младите Македонци чие време доаѓа.

Една генерација може да направи само една револуција. Младите мора да продолжат  да работат за Македонија.

Една од најраспространетите синтагми на овие Македонски простори секако е онаа за таканаречениот  „синдром на самоуништување" меѓу Македонците. Македонското  неединство и поделеност е она  за што во колективната историска  свест на нашиот народ обично се вели дека е една од главните причини  зошто Македонија досега ја немала целосно остварено својата државност.

Имаме право  да се расправаме, да полемизираме, да се натпреваруваме во нудење идеи и решенија кога се работи за економија, култура, тогаш разликите се потребни и корисни, меѓутоа кога е во прашање националниот интерес на Македонија, тука мора да има единство, тука мора сите да мислиме исто, со Македонска глава водени од Македонски интерес.

Стремежот на Македонците никогаш не умира, не запира, тој живее во секој од нас. Живее и во овие турбуленти времиња, кога еве повторно некој се обидува да ни го одземе нашето достоинство да ни го одземе правото на свое определување.

Сега во време  на демократија во Европа, ние повторно се соочуваме со истите, само модифицирани болки. Повторно некој сака да каже дека сме нешто друго. Повторно некој сака да ни го одземе чуството на среќа. Повторно некој сака да ја фалсификува историјата, да ги занемарува фактите, да ги извртува нештата.

Но, ние на кои Македонија ни е во срцата знаеме дека сме Македонци, Државава во која живееме и твориме се вика Македонија и никако поинаку. 

Се додека Македонија има одважни синови и  ќерки, ќе  постои и ќе ја има, ќе не има и нас и сите кои се вложивме за Македонија.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.