Среда, 22 Декември 2021   
Македонската држава од своето осамостојување во 1991 до денес е изложена на силен антимакедонизам, како од надвор, така и од внатре

1 Свекрва

Во отворено писмо „Обвинувам“ објавено на 13 јануари 1898 година во весникот L'Aurore. францускиот писател Емил Зола го обвини францускиот претседател Феликс Фор и француската влада за антисемитизам и за неправедно притварање на Алфред Драјфус, офицер на француската армија со еврејско потекло, кој бил осуден на доживотна казна затвор наводно поради шпиунажа во корист на Германија. Писмото било отпечатено на насловната страна на весникот и предизвикало јавна реакција во земјата и странство. Набрзо потоа, на 23 февруари 1898 година, Зола бил обвинет и осуден за клевета на една година затвор. За да избегне затварање Зола пребегнал во Англија, а се вратил година дена потоа.

Драјфус бил невин и врз основа на измислени докази, воениот суд го прогласил за виновен и го затвориле на „Ѓаволскиот остров“ близу Француска Гвајана, во Јужна Америка. Во 1899 година Драјфус се вратил во Франција каде повторно му било судено. Бил пак прогласен за виновен, но бил помилуван. Ова се случува во време кога во Франција владее силен антисемитизам.

По повеќе од сто години од овој настан.

Македонската држава од своето осамостојување во 1991 до денес е изложена на силен антимакедонизам, како од надвор, така и од внатре.

По негирањето од страна на нашите соседи за постоење на македонски народ, јазик, историја и култура и попречувањето на евроантланските интеграции на земјата, надворешнит фактор во земјата ги доведе на власт антимакедонисти кои потоа го продадоа името, а сега се спремаат да ја продадат историјата, јазикот, култирата и традицијата. Секој кој во меѓувреме им се спротивстави беше изложен на прогон, а некои како македонските уставобранители поради инцидентот во Собранието од 27 април 2017 година беа обвинети за „тероризам“ и осудени на вкупна 211 години казна затвор.

16274

Уставобранителите денес гнијат во затвор, поради погрешно толкување на правдата, а оние кои ги наместија и осудија, пред да ја направат последната трговија со националните интереси си подготвуваат повлекување од пилитикатан и поднесуваат оставки. Тие се свесни дека ако се воспотави правната држава ним не им гине затвор, зошто обвинувањата изнесени од македонскиот народ и интелектуалците се тешки.

Така, слично како и пред 123 години, во колумна објавена на 10 декември 2021 година во весникот „Нова Македонија“ под истиот наслов „J’accuse!“ (Обвинувам), Љупчо Коцарев, претседателот на МАНУ ја обвини власта во земјата „за велепредавство, за изневерување на македонските принципи за плиткост, за неукост, за кусогледост, за самоукинување, за немање визија, за властољубие, за користољубие, за неправда, за немање осет за геополитичка стратегија, за работење против државните интереси.“ Исто така тој обвини за „распаѓање на Македонија по сите основи, по сите шафови“, како и за „поробена Македонија, демакедонизирана Македонија, за тоа што ја предадоа Македонија, онака доброволно, за ќеф, за грст долари...“.

Ова е жестоко обвинување упатено до корумпираната власт за пркршување на Уставот и Законите, како и на судството за монтиранте судски процеси. Ова обвинување има за цел да ја мобилизира јавноста за да се избори за предвремени избори, за да се воспостави правна држава, која ќе ја спречи понатамошната распродажбата на националните имтереси и да се воспостави судство кое нема да ја крши законитоста, судство во која вистинските виновци ќе лежат во занданите на „Ѓаволскиот остров“, а не уставобранителите, патриоти кои си ја сакаат својата држава.

Европа покажа дека без разлика што и да направиме таа не не' сака во нејзино друштво сега за сега.

Доста со антимакедонизмот доста со кршење на Уставот и законите, доста со корупцијата и вратете се на корените и аманетот на македонските револуционери, борци за суверена и независна македонска држава, чувајте ја државата како зеницата на очите.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.