Среда, 29 Декември 2021   
Трајче Т. Трајковски: ОБЈАВЕН ДНЕВНИКОТ НА ДРАГАН БОГДАНОВСКИ!

19687

Трајче Т. Трајковски: ОБЈАВЕН ДНЕВНИКОТ НА ДРАГАН БОГДАНОВСКИ!

1dra1212.jpg

Неодамна излезе од печат книгата под наслов „Дневникот на македонскиот маченик Драган Богдановски“ во која е објавен значаен дел од автентичниот дневник на овој можеби најголем македонски револуционер во периодот по Втората светска војна, а воедно и основач на ВМРО ДПМНЕ.

Издавачи на овој дневник се задграничните комитети на ВМРО ДПМНЕ од Перт и Аделаид (Австралија), а во техничката редакција за подготовката на книгата се: д-р Виолета Ачкоска, Ангеле Вретоски, Мендо Вулкановски, Јордан Груев, Александар Донски, Трајче Т. Трајкоски (Претседател на ЗК на ВМРО ДПМНЕ за Перт) и Предраг Ивановски (Претседател на ЗК на ВМРО ДПМНЕ за Аделаид).

Драган Богдановски (1929 – 1998) е познат во поновата македонска историја по тоа што преку својата активност во дијаспората ја промовирал, одржувал и застапувал идејата за обединета и независна македонска држава со македонската нација како нејзин носител. Тој е основач на Движењето за ослободување и обединување на Македонија (ДООМ) кое во 1970-те и 1980-те години одиграло голема улога во националното осознавање на Македонците во дијаспората, но и во самата тогашна СР Македонија, посебно преку својот печатен орган списанието „Македонска нација“ и други печатени материјали. Во 1990 година тој ја основа и партијата ВМРО ДПМНЕ и е прогласен за нејзин почесен претсеател.

Поради својата активност, Драган Богдановски се нашол на удар на
југословенската, грчката и бугарската служба за државна безбедност, а посебно на југословенската, која во јуни 1977 година го киднапирала во Париз, по што тајно бил префрлен во Југославија, каде бил осуден на 13 години затвор, од кои одлежал 11 во злогласниот затвор Идризово.

Во неговиот Дневник во детали се опишани сите овие настани, како и тортурите низ кои поминал во долгото поминато време во предистражниот затвор.

Еве како го опишува чинот на самото киднапирање Драган Богдановски:
„На 4ти јуни точно во договореното време дојдов во станот на Ѓорѓи
Јовановиќ. Часот беше дванаесет, пладне. Хотелот во кој Јовановиќ живееше се наоѓаше на една мала улица која започнуваше на самиот влез на метрото “Пигал“ спрема картелот “Монтемарт“....Кога влегов во големата дневна соба бев зачуден кога видов осум за мене непознати луѓе кај седат и пијат на една долга маса. Од осуммината непознати една беше жена.

Гледајќи го моето чудење, Ѓорѓи ми рече: “Драгане да те претставам, ова се мои гости, кратовчани, дошле во посета на Париз, па како кратовци дошле да ме видат и ми донеле неколку шишиња домашна ракија и ми донеле поздрав од татко ми и мајка ми. Запознај се со нив“.

Се ракував со нив, ми беше понудена столица и ми беше налеана чаша ракија. Само неколку минути потоа, некој ме чукна толку силно одзади по главата, што јас си помислив дека главата ми прсна на парчиња. Во истиот момент радиото кое свиреше музика некој го пушти толку силно да не се слуша ништо горе на катовите.

Свеста не бев ја загубил од ударот, затоа почнав да викам на сиот глас на француски јазик “О секур“ – “На помош!“, меѓутоа неколкумина се нафрлија врз мене, ме легнаа на подот, а жената од својата женска чанта извади шише со етер, натопи памук и ми го притисна врз носот. Веднаш почувствував како ја губам свеста. Потоа почувствував како во вратот жената ми удри две инјекции. Етерот и инјекциите го направија своето, само како на сон се сеќавам дека бев пренесен во спалната бев фрлен на една софа (тросед).

Подоцна во Македонија од моите удбашки иследници разбрав дека жената која ме онесвести со етерот и со инјекциите била специјалист лекар анестезиолог, и дека удбашите ја довеле специјално за акцијата.

Првото делумно враќање на свеста беше нешто како бунило, чувствував дека само се возам некаде во кола, но каде се возам и со кого не знаев. Од средствата за наркоза, а можеби и од ударот главата ме болеше ужасно, додека костумот ми беше целиот извалкан од повраќање.

Во колата сум повраќал од мака. Бев фрлен на задното седиште во колата на Ѓорѓи Јовановиќ и притиснат од обете страни од по еден сопатник, од кои едниот беше жената што ме дрогираше. Колата ја возеше Ѓорѓи Јовановиќ, а патем се менуваше со еден од луѓето што ме нападнаа... До француско-
италијанската граница бев двапати дрогиран, а пред самата италијанска граница со сила ми беше отворена устата и во грлото ми беше истурена ракија за да мирисам на ракија, да изгледам тотално пијан човек во случај италијанските царинарници посомневаат нешто. Дел од ракијата ми беше истурена и врз алиштата. При секое мое будење мажот што седеше до мене ми покажуваше една полна инјекција и ми велеше доколку почнам да викам за помош ќе ми ја удри инјекцијата и само за неколку секунди ќе сум бил мртов...“.

Во продолжение читаме за сите измачувања низ кои поминал Драган Богдановски за време на сослушувањето од страна на југословенската Служба за државна безбедност кое се одвивало на неколку тајни локации каде Драган бил воден со врзани очи со автомобил или со хеликоптер. Воедно, преку процесот на неговото сослушување, во оваа книга се објавени и повеќе детали за неговата револуционерна дејност.

Оваа возбудлива книга, која буквално се чита во еден здив, е објавена во две посебни изданија на македонски и на англиски јазик.

Македонската верзија во Република Македонија може да се набави кај: Владо на неговиот моб. 077 842 815

Верзијата на англиски јазик во Австралија може да се набави кај: Трајче Т. Трајковски на:

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

ili +614 23 23 74 84

Со почит

Трајче Т. Трајковски

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.