|
|
Рубинчо Видое Јованоски : И по Зоки – Зоки |
По последното вето од страна на нашиот источен сосед Бугарија за поеток на пристапните преговори за членство во ЕУ на нашата мила и низ векови напатена Република Македонија, реално беше момчето од Муртино да ја депонира оставката претседател во позиционата партија СДСМ, и следствено на тоа по пат на автоматизам и оставка од премиерската функција. Овде само да се потсетиме дека оваа оставка Зајчето ја најави веднаш по катастрофалниот пораз на момчињата обоени во плаво по вториот круг од локалните избори. Но, за жал, Зајчето едно кажува, друго ветува и сосема трето остварува на дело на македонската политичка сцена. Па така со прегупирањето на парламентарното мнозинство со учество на нов субјект од албанскиот политички кампус и со добивање на 64 пратенички мандати за опстојување на оваа владеачка гарнитура, клептоманот остана да раководи со за жал, со потценетата актуелна извршна власт со новиот политички субјект Алтернатива на чело со Африм Гаши. Имено Алтернатива за да даде поддршка на потенцијалната владина гарнитура ги доби министерските места за здравство и информатичко општество и министерство без ресор задолжено за дијаспората. Исто така, доби и заменички министерски места и директорски функции на претпријатијата кои се под капата на државата. Најтрагично е прифаќањето на Зајчето да има меѓународен судски мониторинг на кривичните дела Монструм и Диво насеље. Зајачето на сите преговори со коалиционите партнери со себе го носеше и тогашниот заменик министер за финансии Димитар Ковачески. Всушност, со тој потег момчето од Муртино на големо го претставуваше неговиот наследник за прв човек на СДСМ. Во едни такви услови кај пошироката македонска јавност се постави прашањето зошто Зоки и неговите поданици глумат демократија во нивната партија кога победникот од 12-то декемвриските внатрепартиски демократски избори беше познат уште пред почетокот на изборните соочивања со сега актуелниот претседател Ковачески и обичните марионети Ременски и Деспотовски. На крајот на оваа колумна да ја искористиме поговорката од раните 80-ти години од минатиот век кога за време на едноумието по смртта на тогашниот доживотен претседател на тогашната СФРЈ, Јосип Броз Тито народот ја употребуваше поговорката “ И по Тито – Тито“. Сега момчињата обоени со плаво ја употребуваат пандан Ковачески со зборовите “И по Зоки – Зоки“. Дипл. ЕКК Рубинчо Видое Јованоски Новинар и довчерашен одбојкарски судија од Прилеп |