Среда, 05 Јануари 2022   
Македонија е за пријателство со Бугарија, ама на база на два народи, две држави и две култури

1 Свекрва 

Македонија е за пријателство со Бугарија, ама на база на два народи, две држави и две култури

Се додека Софија ги смета Македонците за Бугари, македонскиот јазик за западнобугарски дијалект и се додека Бугарија ги смета македонските синови и ќерки за свои, а македонската историја ја преставува како своја, не може да постои Договор за добрососедство. Парафразирајќи ја изјавата на бугарскиот политичар А. Цанков дадена во 1936 г., Македонците се за пријателство со Бугарија, ама на база на два народа, две држави и две култури.

Македонија и Бугарија треба да ги негуваат пријателските односи без диктати и мешање од страна, ако се сака да се избегнат турболенциите на Балканот и пошироко. Се додека Софија не ја признае посебноста на Македонците, македонскиот јазик, историја и култура, и се додека во Софија се говори дека Македонците се Бугари, се дотогаш Договорот за добрососедство нема да носи мир, туку ќе ја нарушува стабилноста во регионот.

Ако денес бугарските политичари јавно говорат за „еден народ, во две држави“, кои јасно ги покажуваат Санстефанските аспирации на Софија, ако Софија бесрамно ги присвојува Кирил и Методи, кирилицата, Гоце Делчев и др. тогаш се гледа дека таа ги заборавила историските поуки од Балканските војни, Првата и Втората светска војна, кога заради својот сон и туѓи интереси (Москва, Берлин, Рим и т.н.), Бугарија плати превисока цена.

Во зависност од политиката на големите сили на Балканот во одреден цременски период, Софија ја менуваше својата историска приказна. Имено, општо е прифатено во научната јавност дека Бугарите кои говорат словенски јазик му припаѓаат на групата Јужни Словени, во која се наоѓаат Македонците, Србите, Босанците, Словенците и Хрватите. Но во одреден период самите Бугари велат дека тие спаѓаат во групата на Источни Словени во која се уште Белорусите, Русите и Украинците.  

Еве што говорел бугарскиот политичар Александар Цанков пред бугарските интелектуалци во далечната 1936 година.

Во телефонскиот рапорт од 25.07.1936 година на дописникот на белградска „Политика“ од Софија Коста Крајшумовиќ, кој е објавен наредниот ден во весникот на стр. 4 под наслов „Г. Цанков е за пријателство на Бугарија со Југославија, ама на база на два народи, две држави и две култури“, меѓудругото се вели:

„Една група на бугарски книжевници, глумци и други јавни личности го повикала синоќа на вечера во ресторанот во хотелот „Блгарија“ г. Александар Цанков“ и министрите од владата г. (Георги) Кјосеиванов, г.г. Тодор Кожухаров и Димитар Мишајков. За време на вечерата г. Александар Цанков одржал подолг политички говор.

.... Г. Ценков во својот говор ја изложил својата политичка кариера од деветојунскиот преврат  во 1923 година до денес. Говорејќи за работата на своето националсоцијалистичко движење, тој вели дека тоа движење е за активирање на економскиот и социјален живот, за правото и слобода на народот, за Великотрновскиот устав, кој треба да биде изменет, за помирување на капиталот и работата и така натака.

Тој ја подвлекува теоријата дека Бугарите се источни Словени, наспротив тврдењата на други дека Бугарите се јужни Словени. Г. Цанков потоа подвлекува потребата за ревизија на договорот за мир и тврди дека тие договори се диктати и неправедни. Договорот за мир, вели тој, значи војна, и поради тоа е за ревизионизам, кој е против војната. На мислење е дека Бугарија треба да негува најдобри односи со соседите, а особено пријателство со Југославија, ама на база на два народи, две држави и две култури.....“

Од изјавата на Цанков се гледа дека тогашните бугарски политичари и општествената јавност не ги сметале Македонците за Бугари. Напротив со своето верување дека се дел од Источни Словени тие всушност се дистанцирале од Македонците. Од тука светот не треба да ги земе за сириозни нивните изјави дека Македонците се Бугари и т.н.

Инаку Александар Цанков (29.06 1879 – 27.07 1959) бил водечки бугарски  политичар помеѓу двете светски војни. Бил професор по политичка економија на софискиот универзитет од 1910 година наваму. Тој ја презеде водечката улога во соборувањето на владата на Александар Стамболијски во 1923 година и беше избран за шеф на коалицијата што го наследи сменетиот премиер. Тој стана премиер на Бугарија на 9 јуни истата година и ја продолжи функцијата до 4 јануари 1926 година. Во тој период тој беше лидер на Демократскиот сојуз. Неговоо владеење беше обележана со длабоки внатрешни борби со Бугарската комунистичка партија, која Цанков ја потиснуваше безмилосно, прогласувајќи воена состојба.

Следуваше кратка инвазија на грчките трупи и, иако тие не останаа долго по осудата од Друштвото на народите, земјата остана осакатена од долгови и Цанков беше сменет од функцијата откако не успеа да обезбеди заем за земјата. Секоја поддршка за Цанков се намали.

1da121

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.