Среда, 19 Јануари 2022   
Марија Емилија Кукубајска : МАКЕДОНЦИТЕ - ЗА ДОБРОСОСЕДСТВО, СОСЕДИТЕ - ЗА КРИПТО НИХИЛИЗАМ

1Marija Kukubajska Марија Емилија Кукубајска

Александар Стамболијски, премиер на Бугарија, во посета на Белград, ноември 1922 година, изјавил: „Жалам што Бугарија нема остров па таму да ги испратам сите Македонци. Тогаш би бил мир на  Балканот!“Овој говор на омраза, со признавање дека македонците не се бугари, е објавен во „Политика“, 16.02.1923. Но, македонскиот народ не е (на) остров, туку е историски дел од светските копна, иако анти-македонската политика перзистира низ нови геополитички агенди.

Историјата на македонскиот народ од пред еден век ја документира и комунистичкиот агент, Џон Рид. При посета на Софија 1915 година, Рид евидентира дека половина население само во бугарската престолнина, веќе две години го сочинувале македонски бегалци. Историски факт е дека Бугарија, само во една година, 1913-14, ја менува својата демографија со 350.000 ново прогонети македонци, бегалци од Егејска Македонија. Во 1914, вкупното население на Бугарија е 4.85 милиони. Од нив најмалку половина биле Македонци од револуционерната и образовната популација која дотогаш делувала или се школувала во Бугарија, и од геноцидот и егзодусот од Егејска Македонија. Во 2021, Бугарија има 6.5 милиони жители. Од нив, најмалку половина се по потекло Македонци, со бугарско државјанство од пред 120 години. Од овие демографски причини, непризнавањето на македонско малцинство во Бугарија е многу јасно. Бугарија е примена во ЕУ на 1.1. 2007, иако тогаш претседателот на Германија Роман Херцог предупредува: неспремноста на Бугарија за тоа членство ќе биде скандал и огромна фарса. Од тогаш Бугарија ги злоупотребува македонските граѓани од Република Македонија - лукративно им продава бугарско државјанство, и ги уценува да лажат: Сакаш да одиш по Европа? Пиши дека си бугарин, со бугарски предци.

Историски факт е дека македонскиот народ е злоупотребуван и пред и после Мировниот договорво Букурешт, 10 август 1913, откако со тој договор претрпел катастрофална поделба. Воените и цивилни жртви кај македонското население биле поголеми од целата Балканската лига - Бугарија, Грција, Србија. Иако точниот број намерно се крие, постојат податоци дека од 110.000 убиени во Балканските војни, повеќе од половината биле Македонци. Од цивилното население, најмалку 100.000 починале од болести и од политички ликвидации, и повеќето од тие жртви биле Македонци. Уште во 1915, две години по Втората балканска војна, бројот на Македонци бегалци во Бугарија, изнесувал повеќе од два милиона. Историски факт е дека прогонот на Македонците го врши окупаторската грчка власт во Егејска Македонија, но и српската во Вардарска Македонија. Документирани се бугарската и грчката асимилација, геноцид, етноцид, културен, јазичен и црковен прогон и непризнавање на македонскиот народ, и од граѓанската војна во Грција и од агендата за еутаназија на македонскиот народ со мирнодобски, добрососедски договори.

Историчарот од Мала Азија, Херод, Ирод, (Herod-otus), бил роден во Турција, Халикарнас, тогаш под Персиска управа. И таму јонските, грчки, племиња биле познати по културно пиратство и историски плагијати. Но, Ирод непристрасно запишал дека почвата околу реката Hebrus (Марица, Тракија, 1.000 години пред бугарската инвазија од Азија) не е поразлична од почвата околу реката Axius (Вардар, Античка Македонија, со Балканска историја постара од 10.000 години). Ирод констатирал дека Македонците го носат генот кој создал голема империја, додека Тракијците тешко формирале и локални заедници. Треба ли во 21ви век да се очекува дека ЕУ, како и Римската империја, ќе дозволува инвертирана селекција и неправеден третман на народите, културите, религиите и јазиците на европскиот континент, и посебно на милениумски стариот и денес современ народ во Европа, Македонците? Спрема теоријата на Ото Сик (Seeck), Римското „право“согледувало генетски разлики и спрема нив спроведувало селекција на наследните карактеристики. Рим се плашел од генетски умните народи и поединци во империјата. Рим отстранувал или убивал лица и казнувал провинции кои биле супериорни и динамични во своите интелектуални, културни, духовни и биолошки потенцијали, склони кон независност и слобода. Затоа Рим поставувал на позиции корумпирани и сервилни фигури, склони на споделуван криминал и трговија со културите и идентитетите. Денес една ЕУ членка не признава Македонци.

Откако во вековни конфликти и војни не успеала да го искорени моќниот македонски гениј, денес бугарската политика во ЕУ го уценува македонскиот народ во Вардарскиот дел на Македонија со негирање на неговата посебна македонска историја, култура, јазик, образование. А во современата дипломатија, ниедна држава не смее да одлучува за јазикот и идентитетот на друга држава.  

Неспорни се историските факти дека пред инвазијата во Македонија и Тракија, (5-7 в.) бугарските племиња живееле во Азија и зборувале неевропски Котан-Сака дијалект, мешавина од хунски,  монголски, ујгурски и татарски дијалекти. Бугарските племиња верувале во азиското божество Тангра. Кога ја окупирале Македонија, Бугарите одбивале да зборуваат непознат македонски црквенословенски јазик, но, по два века научиле од македонскиот народ да зборуваат македонски. Бугарите примиле христијанство во Македонија, 864 г., скоро 9 века по мисиите на Св. Павле.

Договори со ултиматуми, резолуции со комисии за ревизија и укинување на историјата на македонскиот народ и неговиот автохтон, иманентен и еминентен идентитет – ќе преминат во гротеска на дипломатијата и трагична пародија на соседската политика кон Македонија, ако не се прекинат. Ако продолжи бугарското агресивно негирање и менување на македонската архивска документација, човековите права и демократијата во ЕУ ќе бидат сопствена антитеза во „бенигната империја на Европа“ така наречена од американскиот политички известувач, Роберт Каплан (Балкански духови), во интервју за Танјуг. Со Букурешкиот договор, Македонија е поделена, редуцирана и редефинирана, но во 21-ви век светската демократија не смее да дозволи финално бришење на македонскиот народ на македонска територија, во соседни земји, и во дијаспората. Интригите на соседите против Македонија не се виртуелно дигитална игра, туку конфликти и интриги со еден жив народ, Македонскиот. Еден премиер на Македонија, Заев најави: „Живи луѓе ќе јадам“ (?). Но, од историја имаат потреба сите народи, демократии и дипломатии. И македонскиот народ има своја милениумска историја, и негова цивилизациска должност е да го брани своето наследство. Македонскиот народ имал кралства, независни од елинските градови-држави. Низ историјата бил признаен од Персиска, Египетска, Римска, Отоманска империја, се’ до Обединетите Нации. Македонскиот народ не може да биде бугарска ниту грчка сопственост,  интелектуална, историска, политичка. Македонците не биле дел од бугарските племиња од Азија, ниту биле елински градови и трговско-рибарски населби кои запишувале: се’ е грчко каде стигнат.    

ЕУ и ОН во 21 век гарантираат слобода на самоопределување и универзални човекови права. Но,  една земја, Бугарија, пред лицето на нивниот модел за демократија - го тиранизира својот сосед, Македонија, со дрска, насилна, фалсификувана и неосновано антагонистичка политика. Во бугарскиот лексикон, „братски народ“ кон македонците постанува циничен атавизам преостанат од степско-племенски, колективистичко-комунистички или монархо-хегемонистички јазик. Во состојби на первертирана актуелизација на поимот братство, апсурдно е да се бара братство, а да се убива братот, криејки се зад „дипломатски“ маскирани (не)пријателски, не-добрососедски уцени и закани. Уценувачите со  автократски, анти-македонски договори се квалификуваат себе си како прекршители на меѓународното право и демократскиот легитимитет, меѓународен и соседски.

Некои научни, етимолошки толкувања на називот булгари, се засновани и на генетиката во името. Една квалификација е прото-туркоманска и значи мешавина, бркотница, потрес (bulģha). Друга има сродно значење: предизвикувач на побуни и немири (bulgak). Ако е европска одлика и во 21-от век да се дозволат немири и блокади за рушење на идентитетот на македонскиот народ, со методи на политички потреси и дипломатски збрки против неговото постоење, во своја македонска држава, тогаш членките на ЕУ, Бугарија, и Грција, се анти-демократски диктатори против човековите права на својот македонски сосед.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.