Среда, 26 Јануари 2022   
Мала искра и можни нови крвопролевања!

1 Свекрва  

Состојбара во Украина се заострува. Од двете страни на границата се трупаат војници и наооружување. САД и Британија испраќаат оружје на украинската армија и наложија повлекување на непотребниот персонал и членовите на семејствата на вработените во амбасадата во Украина, наводно поради закана од руска воена интервенција. Присуството на голем број војници од двете страни на границата може и мала искра да предизвика војна во која ќе гинат Украинци и Руси, додека останатите ќе им продаваат оружје.

За разлика од Вашингтон и Лондон, Брисел во моментов не размислува за повлекување на дипломатскиот персонал од Украина. Но, некои членки на ЕУ и НАТО, соседи на Киев, размислуваат за територии, под изговор за заштита на своето малцинство, доколку Русите интервенираат во Украина и го признаат и анектираат Донбас.

Целата ситуација наликува како во времето пред почетокот на Првата светска војна. Имено уште на почетокот на 1914 година се најави војната која ќе однесе повеќе милиони жртви. Тогаш печатот говореше за подготовките на армиите на големите сили и ги броеше корпусите на руската и француската армија анализирајќи дали тие можат да се справат со бројот на корпуси на австроунгарската и германската војска, која мора да остави резерви и на Балканот.

Додека на почетокот на 1914 година се мобилизираа и се трупаа војски на границите, на десетти март истата година беше објавена информација дека „после прославата на стогодишнината на песникот Шевченко, виенскиот печат радосно ја пренесува информацијата дека на таа прослава дошло до големи демонстрации во Киев на кои се извикувало Долу Русија! Да живее Австрија! Според печатот во Виена, притив Русија се бунеле прави Руси и поробени Малоруси.“

Меѓутоа, како што пишува тогашниот печат, за време на демонстрациите во Киев, морала да се вмеша и полицијата. „Имало уапсени и при сослушувањето се видело дека немало Руси и Малоруси, туку тоа биле Евреи, Пољаци, Ермени и Грузијци.

Нема потреба човек да се праша зошто и на кого му биле потребни тие протести во Киев, но мора да се праша дали извлековме поуки од Првата светска војна, која започна неколку месеци подоцна, и резултираше со над 31 милион жртви (убиени и ранети). Исто така изгледа светот не извлече поуки ни од Втората светска војна кога имаше уште повеќе мртви и ранети војници и цивили.

Денес кога во светот владее енергетска криза, пандемија која исто така однесе милиони животи и т.н. веќе никој не мисли за почитување на човековите права. Едноставно човечкиот живот не вреди ни пет пари. Единствено за светските елити се важни личнии интереси, кои ги остваруваат во името на демократијата и заштита на човековите права преку своите држави.Тие профитираат од малите и можни нови крвопролевања!

Оттука додека некои членки на ЕУ и НАТО говорат за своето малцинство во Украина, Бугарија го насочува своето внимание кон Македонија. И покрај пресудите на ЕУ, таа продолжува да ги негира Македонците во Бугарија и Македонија, македонскиот идентитет и јазик. Иако постојат пописи на кои граѓаните во Бугарија по Втората светска војна се изјаснувале како Македонци, денес сето тоа Софија го негира и бара од Македонците да ги признаат бугарските корени - што е пак знак за територијални аспирации кон земјата.

Очигледно Софија сака да ја искористи ситуацијата со Украина и сака да си ги оствари Санстефанските соништа. Таа дури е способна веднаш да ја смени страната и да работи за интересите на Москва само да ја добие Македонија. Во нивните напори на рака им оди и однесувањето на власта во Македонија на чело со СДСМ и ДУИ, чии челници ги гледаат само личните интереси. Тие наводно за повисоки интереси не сакаат да застанат во одбрана на националните интереси и на правата на Македонците во Бугарија.

Дури и претседателот на државата не најде храброст да се сретне со Македонците од Бугарија на средбата закажана за средината на месецот. Наводно поради пандемијата го одложи состанокот со Македонците од Бугарија, од кои некои имаат македонско државјанство, притоа најавувајќи дека ќе го одржи во иднина - можеби тогаш кога веќе нема да постоиме!?  

Во меѓувреме двете влади ќе седнат на заедничка седница во Софија, на која меѓудругото, ќе се говори за поврзувањето на двете земји, би можело да се говори и за влегување на Бугарите во Уставот во Македонија, само да се тргне ветото за членство во ЕУ, но сигурно нема ниту збор да кажат за признавањето на Македонците во Бугарија,

За жал без нивно признавање, без реципроцитет нема успех ни за Македонија ни за Бугарија. И двете земји ќе бидат на мета на силите кои не им мислат добро и тие ќе станат повторно невралгична точка на Балканот каде би можело да предизвика искра кои ќе го запалат регионот.

Во овој момент Санстефанските соништата инспирирани за други интереси Бугарија треба да ги отфрли, а двете држави треба да соработуваат меѓудругото како да им помогнат на Македонците и Бугарите затекнати во Украина доколку продолжат тензиите во оваа земја.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.