|
|
Перење на финансиски средства за време на пандемиска криза |
Здравствената криза во нашата земја предизвикана од заразната болест Ковид 19 и најновата мутација на Омикрон е многу загрижувачка. Секојдневно моите колеги и колешки било да се работи за електронски или печатени медиуми започнуваат со реченицата која гласи: Министерството за здравство согласно податоците добиени од центарот за јавно здравје во последните 24 часа оздравеле, се заразиле и што е најтрагично катадневно има двоцифрени бројки на починати лица. На почетокот на пандемијата секојдневно се кажуваше вкупниот број на починати лица, но во последните 2-3 месеци нема лиферувано во јавноста за вкупниот број на починати лица. Но, сигурно со оваа галопирачка мутација на Омикрон за неколку дена ќе ја достигне бројката над 10.000 починати лица. Тоа, е многу за една земја како нашава Република Македонија. Најзагрижувачко е дека во последно време смртноста се појавува кај млади лица. Постојат случаеви да има починати лица со примени бустер т.е 3 вакцини. Какви мерки превзема нашата извршна власт во борбата против Ковид 19? Довчерашниот премиер, момчето од Муртино на самиот почеток од пандемијата не можеше да обезбеди неопходни вакцини, чекавме милостина од соседите – изразена во донации на вакцини од нашите соседи. Наши граѓани “чопоративно“ заминуваат да примат вакцини кај северниот сосед во градовите Врање, Ниш и Белград. Во тоа време инфективните одделенија во нашата земја беа максимално исполнети, но за жал со дефицитарен медицински кадар, тоа го искористи Зајчето и со неговиот член во извршната влада, довчерашниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев преку неговата фирма “Брако“, изградија модуларни болници за кои се платија баснословни суми изразени во евра. Квалитетот на градбата на истата беше катастрофална. Потврда за тоа, е 15 загинати животи по избувнувањето на пожар во тетовската болница. На крајот на оваа статија да нагласиме дека Зајачето си замина без грижа на совест. Па сега останува новиот премиер Ковачевски да ја решава здравствената криза. Рубинчо Видое Јованоски Новинар и довчерашен одбојкарски судија од Прилеп |