Среда, 02 Февруари 2022   
Свекрва : На Македонија и треба промена на власта за да може да се справи со сите кризи

1 Свекрва

По Кубанската во 1962 година, земјата денес се наоѓа пред нова криза по светскиот мир поради Украина, меѓутоа, ако се има во предвид дека земјите членки на ЕУ се поделени по ова прашање, дека ЕУ е воено инфериорна во однос на Русија и дека многу земји зависат од рускиот гас, тогаш е јасно дека за да се смират тензиите, Вашингтон може да ја жртвува Украина, а можеби и Балтичките земји, Романија, Бугарија, Косово, Македонија и т.н.

Со тоа би се овозможило да деескалира состојбата и Вашингтон да ја поврати контролата над ЕУ, која во последните години се повеќе се одалечуваше од американското влијание.     Судирот на Вашингтон и Москва околу Украина, има доста сличности со Кубанската ракетна криза во 1962 година, која светот го беше донела на раб на нуклеарно уништување.

Кризата започнала со разместување на американски ракети во Турција во 1959 година, а потоа и во Италија. На овие закани СССР одговори во 1962 година кога инсталирале нуклеарно оружје на Куба. Овој потег на Москва САД го прогласи за закана по нивната национална безбедност и повреда на сферата на интерес, по што дојде до ескалација на кризата.

САД изврши блокада на Куба во октомври 1962 година, а Москва испрати воени бродови кон Куба за да ја разбие блокадата. По повеќедневното играње со нервите на целиот свет, во кој главна улога имаа претседателите Џон Кенеди (САД), Никита Хрушчов (СССР) и Фидел Кастро (Куба), откако САД даде гаранции дека нема да ја нападне Куба, СССР го повлече оружјето. Во 1963 година било деактивирано нуклеарното оружје во Турција и биле воспоставени жешки линии (црвени телефони) меѓу Москва и Вашингтон. 

Почетоците на денешната криза со Украина започнаа уште со распадот на Југославија, кога НАТО интервенира на Косово и почна да се проширува на територијата на поранешните членки на Варшавскиот договор (Балтичките земји, Романија, Бугарија и.т.н.). Исто така, интервенциите во Либија, Авганистан и Сирија, инсталирањето на ракетни системи во државите кои граничат со Руската федерација, обидите Украина да се внесе во алијансата, како и испраќањето на оружје на Киев и континуираните вежби долж границата со Русија ја предизвикаа Москва жестоко да реагира. Таа ги опомена Вашингтон и НАТО дека ја загрозуваат нивната национална безбедност и дека навлегуваат во сферата на интерес на Руската федерација. Откако од другата страна немаше реакција, Русија воено интервенираше на Крим, во Сирија  и др. Тестирајќи ја својата воена машинарија и спремноста на Западот да одговори.

Но, континуираните провокациии ја предизвикаа Русија да стационира војска на границите со Украина, но и да преговара за разместување на ракети во Венецуела и Куба.

Во ситуација кога двете страни ѕвецкаат со оружје долж границата, ако САД не прифати ниту едно барање на Русија, возможен е судир од поголем или помал интензитет. Имено пробудената руска мечка, откако ја реорганизира војската и ја снабди со најмодерно софистицирано оружје, чуствувајќи се надмоќно побара од Вашингтон, НАТО да ги повлече своите трупи и врати во состојба од 1979 година. Според аналитичарите „тоа значи НАТО да излезе од земјите како што се Балтичките, Романија, Бугарија, Албанија, Црна Гора, Хрватска и Македонија. Особено за Москва е важно НАТО да се повлече од Романија и Бугарија“.

Многу земји како Бугарија и Хрватска не размислуваат да испратат војска за да гине при евентуален кофликт со Русија, а други земји како Германија, Франција и Италија, се противат на ескалација на односите меѓу Вашунгтон и Москва околу Украина.

Меѓутоа, ако се има во предвид дека Европа е поделена по однос на Украина, дека е воено инфериорни во однос на Русија и дека многу земји зависат од рускиот гас, тогаш е јасно дека за да се смират тензиите Вашингтон може да ја жртвува Украина, а можеби и Романија, Бугарија и Косово. Така би се овозможило да деескалира состојбата и Вашингтон да ја поврати контролата над ЕУ, која во последните години се повеќе се одалечуваше од американското влијание.    

Албанците во регионот се уплашени и не случајно, Али Ахмети со албанските министри од Владата беа во Приштина на средба со косовскиот премиер, а нивните преставници при секоја прилика се закануваат. И за разлика од овие членки на ЕУ и НАТО кои не сакаат ескалација во Украина и се подготвени да попуштат на руските барања, министерката за одбрана на Македонија се истрча и се закани на Москва. Далеку од памет, но кога власта во земјава е во рацете на СДСМ која пак е во заложништво и е слуга на ДУИ, се е можно. Оттука треба да ни биде јасно зошто е ветото на Софија која упорно стои на патот на Македонија кон ЕУ. 

Ескалацијата и деескалацијата на тензиите меѓу Вашингтон и Москва се можни во секој момент. Од развојот на настаните многу зависи и иднината на Македонија и регионот.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.