|
|
ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - 156 |
ЗАКАНА СО ФИНГИРАНИ ПРОТЕСТИ НА НЕЛЕГИТИМНИОТ СИНДИКАТ 1. Сојузот на синдикатите на Македонија, или групацијата индивидуи што ја (зло)употребуваат таа организација, најавија генерален штрајк доколку владата не прифати загарантирана минимална плата на работниците во земјата (во меѓувреме владата сепак го прифати нивното барање за минимална плата од 18.000 денари). Навидум, барем во земји каде синдикатот е легитимен социјален партнер и вистински се бори за правата на работниците, тоа би било за поздравување што, за жал, во Македонија не е случај. А еве зошто: Република Македонија е една од ретките држави каде спротивно на владеење на правото и меѓународните стандарди на Меѓународната организација на трудот сеуште опстојува синдикалниот скандал заради н е л и г и т и м н а т а смена на единствениот легитимен и на конгрес едногласно (според статутот на ССМ) избран претседател д-р Живко Митревски на 19 Конгрес на ССМ во мај 2015 со мандат до 2020 и заради државно-партиското мешање во автономијата на синдикатите. Митревски беше нелегитимно сменет од претседателската позиција во ССМ од страна на техничкиот министер Фросина Ременски која во канцелариско-чиновнички манир донесува решение (?) на неговото место да се назначи Дарко Димевски, со што е нарушена и законитоста и волјата на синдикатите. По доаѓањето на власт на СДСМ, министеот за труд Мила Царовска повторно ја спроведува партиската агенда и го потврдуваго репението на Ременски!? На овие беззаконија на СДСМ неколку пати реагира дури и Светската федерација на синдикати со писмо до поранешниот премиер Зоран Заев и Царовска со барање за поништување на Решението за именувањето на Дарко Димевски и враќање на Митревски како легитимен претседател на ССМ. Но СДСМ не би бил тоа што е - а да не ја почитува интервенцијата на Светската. федерација на синдикатите и за прв пат во историјата во државата Македонија, Владата е таа што именува "прв синдикалец". За овој во меѓународни рамки невиден скандал запознати се и во ЕУ и во Европскиот парламент! Членови на Европарламентот и Економско Социјален Совет најавија посета во Македонија и разговори со Премиерот Ковачевски со цел да предупредат на обврските на РМ за почитување на владеењето на правото и немешање во автономијата на синдикатите и со барање за враќање на легитимно избраниот претседател на ССМ д-р Живко Митревски. Токму затоа постои сомнеж дека заканите со генерален штрајк и блокади на скопските улици во суштина се само обична фингираната "борба" на сегашното - од власта натурено раководство на ССМ за минимална плата без согласност на работодавачите и останатите социјални партнери. Како и да е: честитки за 60тина илјади работници кои од 1ви март ке добијат повисоки плати, а работодавачите нека му ја мислат како ќе обезбедат дополнителни средства за зголемени плати. А за конгрес - редовен или вонреден, на македонските синдикати на којшто би се избрало легално раководство, без мешање на владата, засега - ни збор. 2. Македонскиот министер за надворешниу работи Бујар Османи во неделава што измина (покрај Стево Пендаровски кој беше исвиркан од народот на 4ти фебруари по полагањето цвеќе на гробот на Гоце Делчев) беше меѓу најцитираните политичари во земјата. Во прв план секако беше неговата заложба "историчарите да не коментираат политички прашања, а политичарите да не коментираат историски прашања"!!! Ало, Бујар, министре, па ти самиот (како политичар) го правиш тоа што не сакаш да го прават други. Па кој ти даде тебе право да се залагаш Светите Кирил и Методиј и Св. Климент Охридски заеднички да сме ги славеле со бугарите? Човече, или не ги знаеш и не ги разбираш работите, или имаш ептен лоши советници! Светите Кирил и Методиј немаат со нога стапнато на бугарска земја и тие се пред се м а к е д о н с к и просветители (затоа и биле пратени од Византија во Македонија, во струмичката област по течението на реката Брегалница за да го христијанизираат/да го просветлат/ македонското население). Но, секако, заради нивната универзална просветителска мисија (ја создадоа глаголицата и преведоа книги на старомакедонски јазик) и другите словенски народи имаат полно право да ги почитуваат и слават! Но да ги славиме заедно со бугарите - нема резон Бујаре! Затоа, не наседнувајте на уцените и бруталните притисоци на бугарите кои се присвојувачи (крадачи) на се што е македонско!!! Министре, наместо да се оптеретуваш со работи кои тебе не ти се блиски, ниту ги разбираш, би ти советувал малку посериозно да се позанимаваш со п р о т о к о л о т во МНР и на ниво на државата којшто е сведен на импровизации и вистински дилетантизам. Како можеше да се случи Димитар Ковачески да положи цвеќе пред споменикот на незнаениот јунак во Софија, а Кирил Петков да се поклони пред споменикот на Св. Кирил и Методиј во Скопје? Па и ние имаме споменик на незнаениот јунак во паркот "Жена", наспроти Собранието на РМ. Ваша обврска, т.е. на МНР беше да предупредите на ова при подготовките на програмата за посетата. Што беше целта за посетата на Ковачески на Универзитетот Климент Охридски во Софија? И повторно за протоколот на МНР: па зарем не ја свативте пораката што бугарската страна ви ја упати со тој гест??? Протоколот г-дин министре е уметност, па и наука во која нема импровизации! Прати човече неколку млади дипломати во МНР на Австрија, Германија, Франција, Турција... или било која земја со долга дипломатска пракса и нека учат протокол за да не се резилиме и да не местат /како што не наместија/ не баш пријателски настроените соседи. И уште нешто г--дин министре, не чепкај по нашите - македонските светињи на кои толку многу сме чуствителни, да не ги изгориш (политички, се разбира) прстите!!! Ние, македонците, ги почитуваме Мухамед и Алах и сите муслимански обичаи и истото го очекуваме од вас особено кога е во прашање Патронот на МПЦ-Охридска Архиепископија Св. Климент Охридски. 3. Mакедонските историчари предложија деновиве да се замрзне работата на фамопзната Историска комисија додека политичката атмосвера меѓу двете земји не се нормализира!. Мудра иницијатива, нема што. Впрочем, ако некој воопшто смета дека ќе има некаков напредок во смирување или нормализирање на односите со Бугарија - поарно нека не ја чепка историјата, бидејки таму дефинитивно ќе се соочиме со нерешливи ситуации, сугерира претседателот на македонскиот дел од заедничката комисија д-р Драги Георгиев.„Доколку навистина постои желба да се постигне некаков напредок меѓу Македонија и Бугарија на сите нивоа, оваа одлука не би била толку страшна, бидејќи 70 години сме во замрзнат историски конфликт со Бугарија, а неработењето на оваа комисија 1-2 години нема да значи ништо и во исто време може да дозволи работите да се движат напред“, смета д-р Драги Георгиев. Сосема исправно, нема што! Во меѓувреме д-р Драги Георгиев сепак не можеше да одолее на политичките притисоци за одстапки и компромиси во мешовитата комисија за историски прашања, па јавно ја лансираше бугарската теза дека бугарите не биле фашисти, туку окупатори во Македонија и Бугарија, според него, не била фашистичка држава!? Па добро бе професоре, според кои критериуми и ти лично го тврдиш сето ова што ја прави, или не ја прави една држава фашистичка??? Па дали ти е познато бугарското окупаторско законодавство (на пример злосторничкиот "Закон за заштита на државата"). Па од првиот ден на стапнувањето на бугарите во две третини од окупирана Македонија започнува економското, политичко и физичко уништување на евреите. Професре Георгиев, пратеничката во актуелниот состав на Собранието д-р Рашела Мизрахи, и самата Еврејка, одлична познавачка на темата холокауст на македонските евреи, бугарската окупација на две третини на Македонија деновиве ја нарече наци-фашизам, а не само фашизам!!! Не е лошо да ја поканите на консултации за да се просветлите сите вие во Комисијата, наместо да подлегнувате на притисоците од МНР и од други страни. Компромиси на сметка на бугарската фашистичка окупација (од нивните злостори се грозеле дури самите идеолози на нацизмот во Берлин - за тоа постојат и писмени докази) на Македонија не смее да има!!! 4. На интернет се води невидено надметнување на српски и бугарски Ју-тјубери на тема: кој народ - србите или бугарите, се најстар (!?) народ во Европа. Српските Ју-Тјубери тврдат дека тоа се србите, а како "доказ" ги посочуваат наодите од 7.000 години старите локалитети во Винча и Лепенски Вир, а бугарите тврдат дека големиот локалитет во близина на Варна според нив бил најстар на континентов. И ние во Македонија имаме прастари локалитети од прилика од истиот период како и претходните, на пример Тумба кај Маџари, Говрлево и други, но скромно, или подобро речено мудро оставаме науката да го каже своето. Најнов бисер сепак ни доаѓа од северот! Писателот на детективски и шпиунски романи Дејан Лукиќ упорно настојува да докаже дека Александар III Македонски бил - замислите: Србин и неговото име (според Лукиќ) било Александар Карановиќ!? Што да рече човек на ова, освен: глупост и будалаштинаI!! М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор |