|
|
Македонските жени во одбрана на Македонија |
Свекрва Македонските жени во одбрана на Македонија Македонската жена од антиката до денес активно учествувале во одбрана на земјата и во борбите за општествени промени. Иако денес, благодарение на оваа власт антиката е забрането подрачје, мораме да ги спомнеме Македонките (мималони) кои биле заслужни за победата на македонскиот крал Аргеј I, синот на Пердика I, којвладее околу 659 - 645 г. пр.н.е. во битката со Галаур, кралот на Тавлантите, кој превзел разбојнички напад врз македонското кралство. Потоа македонската светица Лидија која во I век е и првиот христијанин во Европа, па македонски жени ајдутки, револуцинерки и партизанки, кои со многу жртви и храброст учествувале равноправно со мажите во борбата за слободна и неазвисна Македонија. Во ова време, кога благодарение на инсталираната марионетска власт е доведена во прашање сувереноста и иднината на македонската држава, во време кога ретко кој од македонската „машка“ интелегенција има доблест да се спротивстави на обезличувањето на земјата, поради стравот за својот комодитет произлезен од примерот на судбината на македонските патриоти кои заради одбрана на уставниот поредок од оваа ненародна власт беа осудени на повеќегодишни робии, во одбрана на македонската државност застанаа македонските жени. И додека мнозинството мажи молчат, на секое поле од општествениот живот, македонската жена , денес води тешки битки против Заевистите, најголемото зло по македонските национални интереси. Битките со актуелната власт се водат на сите страни: преку медиумите, социјалните мрежи, во Собранието, институциите и т.н. Македонските жени се обидуваат на секаков начин да ги попречат штетните инцијативи на власта насочени против македонските национални интереси. По неуспешниот обид да се прифати декларацијата за заштита на Гоце Делчев, што покажува каков е односот на власта кон апостолот на македонската револицинерна борба и можноста власта да ги прифатат барањата на Бугарија која го негира постоењето на македонскиот народ, јазик и историја, македонските жени започнаа тешка битка во Собранието за да го спречат метастазирањето за Заевизмот насекаде по здравото македонско тело. Имено, во последните неколку денови преставничките на опозицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ во Сообранието водат тешка битка за да се спречи СДС и ДУИ шверцерски да протуркаат закон за продлабочување на партизацијата во образовниот процес. Тоа е уште еден обид на власта да протнат свои луѓе за сите понатамошни активности во обидот преку образованието да се обезличи македонскиот народ. И додека македонските жени водат битка за зачувување на македонскиот идентитет, јазик и култура, поедини преставници на власта без размислување и без некој повод и се закануваат на Руската федерација во контекст на случувањата во Украина. Да и се закануваш на Русија која го признава македонскиот народ, неговиот јазик, историја и култура, а која патем е членка на Советот на безбедност на ООН е далеку од разумот. Но од оваа власт се е можно. Таа е спремна како членка на НАТО да испрати македонски војници во други земји (Летонија, Косово и т.н.), па дури и наводно да ја брани Украина од Русија, но не е способна да ја одбрани сопствената земја од евидентните територијални претензии на соседите. Власт која не можеше да ги одбрани македонските национални интереси (нарушени со Договорот со Грција, Договорот со Бугарија и Тиранската платформа), власт која не можеше да се справи подобро со пандемијата, власт која не може да се справува добро со енергетската и економската криза, како власт која не размислува за безбедносните ризици и за создавање на стратешки резерви од храна и енергенси како превентива од можните последици од Украинската криза, не смее повеќе да владее со земјата. Оттука секоја чест на македонските жени и членовите на Унија на жените на ВМРО ДПМНЕ, кои застанаа во одбрана на Македонија од лошите политики на оваа ненародна власт. Но тоа не е доволно и бидејќи на сите им е јасно кон што води ваквата политика на СДС и ДУИ очигледно е дека траба што побргу тие да се протераат од власта. Тоа значи дека треба да се обединат сите прогресивни сили и освен жените и македонските мажи без страв. како потомци на револуцинерите и партизаните да ги засукаат ракавите, да ги земат условно мотките во раце и да ги избркаат овие неранимајковци и антимакедонци што побргу од власта. |