|
|
ОСУДА НА ГОВОРОТ НА ОМРАЗА ПОРАДИ ПРЕСТОЈОТ НА ЕВРЕЈСКАТА ГРУПА “ЛЕВ ТАХОР“ ВО МАКЕДОНИЈА |
- Светскиот Македонски Конгрес (СМК) го осудува говорот на омраза, антисемитизам, ксенофобија и фашизам поради престојот на ортодоксната религиозна 38-члена Еврејска група “Лев Тахор“ во Македонија, облечена во својата традиционална облека, повеќе од половината жени и деца, која во основа е мирољубива и не загрозува никого! СМК очекува Јавното обвинителство, МВР, Комисијата за заштита од дискриминација и другите надлежни органи да преземат соодветни мерки против говорот на омраза и ширењето на антисемитизам, ксенофобија и фашизам, а градоначалниците на општините каде престојува Еврејската група активно да се вклучат и им објаснат на луѓето што протестираат против престојот на оваа група во нивна средина, дека оваа група само затоа што е облечена во поинакви алишта и со поинаков изглед, практикувајќи ја ортодоксната еврејска религија, не претставува никаква опасност за никого! СМК ја почитува загриженоста на Еврејската заедница во Македонија за говорот на омраза, антисемитизам, ксенофобија и фашизам поради престојот на ортодоксната религиозна 38-члена Еврејска група во Македонија. СМК потсетува дека на 11 март 1943 година во Втората светска војна, бугарските фашисти депортираа 7.144 Евреи од Македонија во логорот на смртта Треблинка во окупирана Полска, од каде никој жив не се врати, a многу борци Евреи во Втората Светска Војна загинаa борејќи се рамо до рамо со Mакедонските борци, тоа беше цената што Еврејскиот народ ја плати за идеалите на слободна Македонија! |