|
|
Молитвите се што побргу да сопре војната во Украина! |
Свекрва По воениот напад на Русија врз Украина Македонија треба да превземе низа мерки за да не биде затечена во иднината. Уште во 2015 година тогашниот американски државен секретар Џон Кери одговарајќи на прашање на сенаторите за растечкото влијание на Русија во Европа одговори дека Македонија, Србија, Косово и Црна Гора се на линија на огнот меѓу Вашингтон и Москва“. Денес, некои аналитичари сметаат дека денес Русија може да се обиде да ги прошири своите активности во БиХ, преку поранешните членки на варшавскиот пакт Романија и Бугарија. Единствен излез од кризата е договор меѓу Рисија и Украина. На 24 февруар 2022 година Русија ја нападна Украина од воздух, земја и море, една од најголемите воени агресии на територијата на Европа по Втората светска војна. Според Москва се работи за специјална воена операција која има за цел да изврши „демилитаризација и денацификација“ на Украина“. Како причини за акцијата на Москва се сметаат: зголемените притисоци врз руското и русофонското население од страна на радикалната украинска десница, постојаниите напади на отцепените региони Доњецк и Луганск, желбата на Киев да стане членка на НАТО и покрај постоечките согласности дека НАТО нема да се шири во Украина, како и со најавата на Киев за создавање на свој атомски арсенал што би била закана за Москва бидејќи тие ракети со атомски глави би можеле за неколку минити да долетаат до главниот руски град пред да можат руските сили да реагираат. Ваквото однесување на Киев се смета дека се потикнати од Вашингтон кој заедно со членките на НАТО пред 23 години, исто така на ден 24-ти, во март 1999 година, извршија агресија на тогашната СР Југославија без одоброение на Обединетите Нации. Воената операција на НАТО траеше од 24 март до 10 јуни 1999 година, при што беа оштетени и уништени бројни инфраструктурни објекти, училишта, зсраствени установи, медиумски куќи, амбасади, цркви и манастири и т.н, при што загинаа меѓу 500 до 1200 луѓе. Војната на Косово и нападите на НАТО на тогашна СР Југославија, ја користи Владимир Путин како факт за да ги оправда своите постапки во Украина пред осудите на лицемерниот Запад. Имено, не само што ја нападнаа СР Југославија, истите тие, под името на заштита на човековите права, носење демократија и хуманизам, своето вистионско лице го покажаа во БиХ, СР Југославија, Ирак, Авганистан, Либија, Сирија. Додека како последица на нивните воени дејства во овие земји беа огромен бран бегалци, загинати и повредени, како и разурнати домови, институции и др., дотогаш Западот профитираше од продажба на оружје, потоа давање кредити за обнова на земјите, како и користење на ресурсите кои не се нивни. Македонија и Македонците одамна се изложени на лицемерната меѓународна заедница, како Западна така и Источна. По Втората светска војна, иако во сите три дела на поделена Македонија македонскиот народ учествуваше во антифашистичката борба, на Македонецот не му беше дозволено да се обедини во вистинските географско-етнички граници, а во Пиринскиот и Егејскиот дел на Македонија беше изложен и на воена агресија и асимилиација. Врз македонските партизани од Егејска Македонија за првпат Западот употреби напалм бомби. Светската историја нема забележано народ кој бил изложен на толку многу терор, измачувања и истребувања како македонскиот народ. Ваквиот однос продолжува и денес, кога Македонците за да опстанат, мораа да станат членка на НАТО и ЕУ но со сменето име, а сега Бугарија подржана пак од тие сили бара да ни се одземе идентитетот и јазикот!!!? Македонскиот народ согледувајќи како под притисок на Западот го изгуби својот суверенитет (без негова желба променето име, а сега на распродажба идентитетот, јазикот и историјата) ги намали своите симпатии кон него. Имено, Македонците беа изложени од агресија во 2001 година од страна на терористи (подоцна борци за чивекови права) кои доаѓаа од северозапад, претежно од територијата контролирана од КФОР, како „награда“ бидејќи за време на Косовската војна во 1999 година згрижи над 360.000 бегалци. Војната се водеше по линијата на замислениот нафтовод АМБО. Македонците денес сочуствуваат со страдањата на Украинците, кои се втурнати во војна за да се спречи гасоводот Северен ток 2 од Русија кон Германија, но и се згрозени од ирационалниот напад на Русија, као и тоа дека се против на промени на границите. Македонија треба да биде загрижена по случувањата во Украина и треба да превземе низа мерки за да не биде затечена во иднината, бидејќи уште во 2015 г., тогашниот американски државен секретар Џон Кери одговарајќи на прашање на сенаторите за растечкото влијание на Русија во Европа одговори дека Македонија, Србија, Косово и Црна Гора, се на линија на огнот меѓу Вашингтон и Москва“. Инаку, некои аналитичари сметаат дека денес Русија може да се обиде да ги прошири своите активности во БиХ, преку поранешните членки на варшавскиот пакт Романија и Бугарија. Единствен излез од кризата е договор меѓу Рисија и Украина Ако се има предвид дека меѓудругото Русија бара НАТО да се повлече во границите од 1997 година, како и нејзините интереси на Балканот, тогаш може да се согледаат и активностите на проруските елементи во Бугарија против Македонија, кои ја сонуваат руската Санстефанска Бугарија. Не е првпат Софија преку ноќ да смени страна. Македонија не смее да истрчува со договори со Бугарија бидејќи светот не е ист како пред нападот на Русија врз Украина. После Кубанската криза во шеесетите години, светот повторно е исправен пред нова светска војна. Можеби разумот ќе превладее за да не се случи нуклерна војна, но промените на границите во Украина ќе ги зголемат апетитите на Турција против Грција, на Србија да го врати Косово, на Албанија да го припои Косово, на Република Српска да се припои кон Србија, на Бугарија кон Македонија и т.н. Сето ова, покрај Украина и Балканот го прави буре барут спремно да експлодира. Оттука, молитвите се што побргу да сопре војната во Украина, да сопре страдањата на народот и да се вратат сите раселени здрави и живи дома и лудаците од едната и друга страна да не го притиснат копчето кое ќе го уништи светот. |