Среда, 09 Март 2022   
КОГА ТОПОВИТЕ ГРМАТ, МУЗИТЕ МОЛЧАТ, А ПРВА СТРАДА ВИСТИНАТА!

1martin1

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

(ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ - 160)

Сведоци сме, како генерација, на невиден злостор што се случува врз недолжниот народ на Украина кој злостор мора веднаш да престане! Среде зима, мајки со мали деца - страдалници, кои веќе се бројат на милиони, во непрегледни колони ги напуштаат своите огништа и бараат спас во збегови, во неизвесност надвор од границите од родната земја. Од сите страни пристигнуваат апели лудилото на војната да запре сега, веднаш, а решение за проблемите да се бара на зелената маса, што е непишано правило.

Трагедијата во Украина што трае веќе втора недела и нанесе толку многу зло на милиони обични граѓани од кои најмногу од нив не ни знаат зошто им се случува, тоа што им се случува, не е ни на повидок да заврши. Напротив, војната се повеќе добива на жестина!

Војна се води не само со оружје, туку и со пропаганда што јасно можеме да го видиме од секојдневните случувања во Украина. Некој мудар рекол: "Кога топовите грмат, музите молчат, а прва страда вистината"! Ова најочигледно можеме да го видиме со секојдневните известувања од фронтовите во Украина од првиот ден на руската инвазија. Како човек што голем дел од работниот век поминав во сверата на информациите и масовните комуникации, многу лесно можам да согледан дека во пропагандната војна што паралелно се одвива со оружената војна на теренот, се ангажирани бројни тимови професионални пропагандисти и институции/медиуми специјализирани за таа област, а во прв план неизбежно е глобалната ТВ мрежа СиЕнЕн.

Според мене, многу очевиден пример за пропагандна војна од која би можел да "учи" и по зло чувениот Јозеф Гебелс, е инцидентот (!?) со нуклеарната централа во Запорожје, најголема во Европа. Наводно, според странските медиуми и изјавите на украинскиот Зоран Заев - претседателот Зеленски, окупационите сили испалиле проектил кон нуклеарната централа што ја погодил управната зграда(?). Што ќе беше доколку проектилот погодеше во некој од огромните  реактори на нуклеарката, можеме да замислиме! Нуклеарниот облак ќе ја покриеше цела Европа. Впрочем, тое е веќе видено по инцидентот во Чернобил 1986 година. Но, јас - како некој неверник Томо, би запрашал: како тоа проектилот, за којшто едногласно беше соопштено дека бил испукан од руските окупациони сили, во комплекс со огромни по габарит силоси од нуклеарните реактори ја погодил токму минорна по димензии управна зграда на нуклеарната централа? Па зарем тоа не е многу чудно? А дали можеби не станува збор за "фејк њуз" што би рекол екс-претседателот Трамп? Дели експертите за манипулации со јавноста случајно не подметнале пожар во управната зграда за да му докажат (?) на светот какви монструми и демони се окупаторите на нивната земја, па не се либат дури и да нападнат нуклеарна централа од кои последици и самите со сигурност ќе настрадале!? А каков доказ имаме ние, обичните смртници на планетава, дека пожарот навистина го сториле токму руските окупатори, а не можеби некои одметнати од контрола украинци со цел што е можно повеќе да ги оцрнат окупаторите?

Вистината секако ја знаат тие што го предизвикале пожарот во управната зграда на нуклеарката во Запорожје и тие што им го дале "рецептот", т.е. можното сценарио за предизвикување на овој овој инцидент што доби планетарен публицитет.

Колку за потсетување, во првите денови од инвазијата гледавме слики како руски војници, по воспоставувањето на контрола на нуклеарката во Чернобил, рамо до рамо со украински војници (барем судејки по ознаките на нивните униформи со руски и украински знамиња), з а е д н о  ја обезбедуваат централата. Та белким некои руски војници не се преслекле во украински униформи за да ја прикажат таа сцена?

Инцидентот со нуклеарката во Запорожје ме потсетува на настан што се случи во војната Босна во раните деведесети години од минатиот век. Проектил падна среде градскиот пазар во Сараево, а од експлозијата загинаа најмалку 65 луѓе. Прстот за виновникот веднаш беше вперен кон едната страна во конфликтот (српската), но експертските анализи на траекторија на проектилот покажаа дека бил испукан од позицијата под контрола на другата страна - под контрола на муслиманите, се со цел да се оцрни непријателот!

Немам никаков сомнеж дека во сегашните случувања во Украина има длабоко вмешано прсти длабоката држава, особено во стимулирањето на политичкиот врв на Украина што повеќе да и пркоси на Русија што испровоцира нејзина воена интервенција врз независна земја, членка Обединетите Нации. А за на светот да му се наметне "вистината" што ја проектирала длабоката држава и да не се чујат ставовите на другата страна, наметнаа забрана на реемисија на сервисот на англиски јазик на руската државната телевизија РТ. Па нели демократскиот запад се залага за слобода на медиумите, на информирањето, а само не бомбардира со по нивен избор селектирани прилози од кои не исклучувам дека многу се свесно монтирани и одбрани за да предизвикаат што поголеми ефекти и емоции кај консументите - гледачите на тие прилози и да се зајакнува претставата дека агресорот е монструм што убива цивили!?

Но колку се наивни и заслепени креаторите на пропагандната војна! Па истите или слични прилози ги гледаме на сервисите на англиски јазик на Дојче Веле, БиБиСи Ворлд, Еуро Њуз, Франс 24 и да не редам понатаму. Многу земји и поединци не се мират со пропагандната војна што ја наметна длабоката држава и одбиваат послушност за информативна блокада и забрана за реемитување на програмите на телевизијата РТ која, имам впечаток, најчесто интервјуира американски и други странски воени експерти и слободоумни интелектуалци да изнесат свои (најчесто со осуда на руската интервенција) видувања. Дури и најбогатиот човек на планетава Илон Маск (основачот на ТЕСЛА, компанијата за автомобили на електричен погон и сопственик на бројни други компании, но и медиуми),  о д б и   да се покори на директивата на длабоката држава и тоа во името на демократијата, слободата на медиумите и информирањето!

И наместо да работат на смирувањето на непријателствата и страдањата на недолжниот украински народ, длабоката држава продолжува да работи на понатамошно интензивирање на конфликтот. Најнов "бисер" од репертоарот на длабоката држава е секако препораката на американскиот државен секретар Антони Блинкен членките на НАТО да можат да испратат борбени авиони од руско производство во Украина. Според Блинкен, Полска може да ги испрати своите стари руски МИГ-ови во Украина, а американците ќе им надокнаделе со свои модерни авиони!? А тоа што ваквиот потег неминовно ќе предизвика жестока реакција од руска страна, Блинкен очигледно многу не го загрижува бидејќи цехот ќе го плати Украина, но неизбежно и Полска!

Конечно една добра вест од Украина. Според Давид Арахамија, еден од украинските преговарачи, неговата земја нема да прави компромиси за својот територијален интегритет во преговорите со Русија, но е подготвена да преговара за модел според кој нема да бара да биде членка на НАТО во скора иднина.

Таков модел подржувам и јас како поранешен амбасадор на Република Македонија во Алијансата и доколку званичен Киев се залагаше за истиот, убеден сум дека нема да дојдеше до воена интервенција од руската страна!!! Просто речено, Русија не го сака НАТО на своите граници и за тоа нема намера да прави конпромиси. Од друга страна американците предложија не-НАТО модел (МННА) на владите на блиските сојузнички земји кои имаат стратегиски односи со вооружените сили на САД, но не се членки на НАТО. Нивниот статус не вклучува договор за взаемна одбрана со САД, но носи различни воени и финансиски предности кои инаку не се достапни за земјите кои не се членки на НАТО.

Во меѓувреме пропадна и четвртата средба преговори помеѓу украинската и руската делегација за постигнување примирје, а продолжуваат блокадите на Русија од САД. ЕУ и многу земји  ним блиски.

Единствена соработка помеѓу САД и Русија што не е прекината поради инвазијата останува американското финансирање за учество во Вселенската станица каде сложно (!), неоптеретени со дневна политика, работат заедно американски и руски космонаути и астронаути.

И во оваа прилика апелирам Македонија да ги отвори своите срца и граници за страдилници од Украина кои ќе одлучат да побараат спас кај нас и со нас!!!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.