|
|
Борис Јанев : Си беше еднаш......... |
Бориј Јанев : Си беше еднаш.........
Си беше еднаш една голема, голема фарма во вистинска смисла на зборот. Се протегаше од Средоземното ( Бело ) море на југ, Атланскиот океан на запад, Северноледениот океан на север, и на исток до Црно море па и малку погоре.
Но овде нема да раскажувам за географија, туку за една мала територија во склоп на таа голема фарма, која се наоѓаше некаде долу на југ не толку далеку од Средоземното Бело море.
Сопственикот на фармата беше школуван човек, не само што ги познаваше луѓето со сите нивни позитивни и негативни страни, со сите нивни морални и неморални особини, со сите нивни физички и нефизички карактеристики, тој го познаваше и јазикот на НЕПОЗНАТИТЕ. Понекогаш тој знаеше вешто да се прикраде до нив- се мисли на НЕПОЗНАТИТЕ, и да ги слуша што разговараат тие, дали го фалат или го кудат. Тој торлак дебел и стар, лош и настран човек друга работа немал, па до таму отишол што и НЕПОЗНАТИТЕ ги прислушкувал. Бил опседнат со малата територија на југ.
Една вечер се довлечкал до Едикојси и Некојси кои пак биле дел од НЕПОЗНАТИТЕ кои живееле на таа мала територија, за да слушне што мислат и што разговараат, со други зборови дали се задоволни или не.
Некојси му се жалел на Едикојси како по цел ден влече плугови, одмор има само кога орачите одмараат, а за храна недоволно па како ли ќе влече плугови ако не е добро нахранет. Од друга страна толку многу бил преморен што би одмарал ден-два. Едикојси имал желба да го сакаат сите НЕПОЗНАТИ и да го сметаат за најпаметен и најмудар. И така сметајќи се за многу паметен смислил нешто за да му помогне на Некојси. Но Некојси треба да раскаже секаде дека Едикојси е најпаметен и со најмудри потези, некако во сенка ама во ред.
Мудриот Едикојси почна да го подучува Некојси кога утрото ќе дојдат орачите да го водат на орање тој да клекне на колена и да се преправа дека е болен и тие да го остават ден-два да одмори. Поуката ја слушнал и Сопственикот кој ги повикал орачите, им ја раскажал случката и им наредил ако Некојси биде болен тие да го впрегнат Едикојси да ора.
Ноќта била убава, полна со sвезди на небото, Едикојси среќен што дели паметни и мудри совети, а Некојси пресреќен што конечно ќе се одмори без страв за следното утро. Осамнало топлото пролетно утро, орачите дошле да го водат Некојси на орање, но тој поучен од Едикојси клекнал на колена и почнал да офка. Орачите го виделе тоа и веднаш, постапиле по наредбата на Сопственикот, го земале Едикојси и му ги закачиле плуговите без жал.
Кутриот Едикојси бил впрегнат во јаремот и ги влечел плуговите цел ден без одмор и ручек. Кога се вратиле вечерта Едикојси бил толку изморен што не можел ни да јаде ни да пие. Некојси веднаш се пуштил во разговор и му се заблагодарил на Едикојси што го подучил и тој се одмарал цел ден. Едикојси го погледнал и си помислил - така е главо букова кога превземаш туѓ товар.
Господа Безимени, ако сте во служба на Сопственикот товарот и Вас ќе ве најде, ако предходно вие не го најдете.Ако мракот е отсуство на светлината, Вистинскиот мрак е нешто друго, тој постои затоа што сите луѓе се убедени во тоа.
Приказната е со невистинити ликови, но затоа пак со вистинита порака.
Секоја случајност е намерна.
|