|
|
Расцепот во православието причина за војна во Украина |
Свекрва Расцепот во православието, каде еден славјански не признава друг славјански народ и неговата црква, умешно го искористи светскиот полицаец. За да го врати својот примат во светот империјата во залез под паролата дека „православието преставува поголема закана за западната цивилизација отколку муслиманите..“ и користијќи ја методата раздели па вледеј (divide et impera) потикна два славјанска народа да влезат во братоубиствена војна. Верувајќи дека Западот ќе им помогне, Украина не се повинува на барањата на Моаква и ја предизвика со најавите за влез во НАТО и за нуклерна валкана бомба што резултираше со Руска воена интервенција. И додека православните славјански браќа се убиваат меѓусобно, а славјанската крв се лие по плодната украинска рамнина, огромна река од неколку милиони бегалци се слева кон земјите членки на ЕУ, која ќе биде нова робовска снага во Западот. Да не беа разединети православните држави, немаше да дојде до војна, а воената индустрија на империјата пак немаше да профитира продавајќи им оружје во огромни количини како на Украина, така и на самите земји членки на НАТО. Истовремено немаше да профитира и остарената ЕУ која се подмладува со образовани бегалци од Украина од кои голем дел сигурно нема да се вратат во своите разрушени домови и таму ќе работат за мали пари. Всушност Москва му помогна на НАТО и ЕУ. Со својата интервенција таа ги сплоти членките на Алијасата и со продажбата на оружје, енергенси, храна и лекови ги поптпомогна заспаните и колабирани економии на САД и ЕУ поради пандемијата: Најголеми губитници се Украина, која ќе има огромни материјални штети и човечки загуби, потоа Русија која покрај економските штети и човечките загуби нема да го обнови панславизмот и нема да го оствари сонот за Третиот Рим. Инаку, уште од средниот век, по пад на Константинопол, Москва се обидува да стане Третиот Рим, центар на православието и последната тврдина на вистинската вера. Во втората половина на 19 век Москва повторно се обиде со панславјанското движење, за да ги обедини славјанските народи под концептот на Третиот Рим. Западот смета дека оваа идеја и денес ја обликува надворешната политика на Москва, која вели дека Русите и Украинците се еден народ, во две држави, слично на односот на Бугарија кон Македонија. Ваквиот пристап на Москва како и нејзиното непризнавање на Украинската православна црква – Киевска патријаршија, создаде отпор кај Украинците и погодно тло за империјата во залез, позната уште како светски полицаец, да го поттикне Киев на постапки кои Москва ги сметаше за закана и поради што на 24 февруари 2022 година изврши воена агресија врз Украина, Историски гледано, Украинскиот како и Македонскиот народ, постојано бил цел на напади на разни војски, Причина за ваквите напади како и извршените неправди врз Македонците и Украинците е положбата на нивната територија која се наоѓа на важни раскрсници и нивниот излез на море. Разни војски поминувале низ овие краишта, ги освојувале и ги управувале, ги делеле и го оспорувале нивното суверено право да управуваат со својата земја. Дури кон крајот на 20 век, двата народи својата независност ја стекнале во 1991 година, по распадот на СССР и СФРЈ. Во текот на тридецениската независност и двете држави се соочија со воен конфликт, а Украина беше единствената држава која ја помогна Македонија со оружје за време на воениот конфликт во 2001 година. Без разлика на тогашниот мотив на Украина, без разлика што денес Македонија е членка на НАТО, Македонија има морална обврска да и помогне на Украина, но и да работи за да се прекине братоубиствената војна. Европа, со поддршката на Украина и испраќањето на воената помош на Киев само ја влошува состојбата и овозможива да продолжи непотребното крвопролевање. Затоа таа мора да извлече поука од случувањата во Украина, да согледа својата одговорност, со оглед на фактот дека го изневери Киев и допринесе за огромните загуби во таа земја. Исто така треба да има на увид дека пристапот на Москва кон Украина не се разликува многу од однесувањето на Бугарија кон Македонија, со што, покрај БиХ и Косово, Софија го прави овој регион невралгичен. ЕУ мора да ја спречи Софија со тоа што Македонија и земјите од Западен Балкан ќе ги интегрира во ЕУ. На ова предупреди потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој во своето неодамнешно обраќање пред Советот на Европа во Стразбур ќе истакне: „Изминатите два дена, слушам од нашите украински колеги за страдањата со кои се соочуваат. Слушајќи ги овие шокантни сведочења, можам само да направам паралела со судбината и негирањето на македонскиот народ, и вековните спорови со нашите соседи кои биле и се поголеми и помоќни. Со векови нашите соседи ги оспоруваа Македонците како посебна нација, култура и посебен македонски јазик. Ние бевме жртви и протерувани за време на балканските војни и за време на грчката граѓанска војна, и конечно оспорувани во 21виот век. Негирањето на украинскиот јазик и тезата дека Украинската нација се творба на Ленин и комунистите е слична со тезата за негирање на македонската нација и јазик и тезата дека Македонците се творба на Тито и комунистичката коминтерна. Оспорувањето и омаловажувањето на двете нации и јазици има многу сличности и симболика, дури се употребуваат и истите зборови. Ова не беше случајно, што дури и големиот филозоф Францис Фукујама, авторот на легендарната „Крајот на историјата и последниот човек“ вели дека има многу сличности во наративите користени против Македонија и Украина и негирањето на Македонците и Украинците“. Иако е членка на НАТО и декларативно ја поддржува Украина, Бугарија како држава која е создадена од Москва гаи големи симпатии кон Русија, која впрочем и ја создала бугарската држава. Оттука не случајно што истата му наоѓа бугарски корени на Путин кој како и Бугарите застапува слична теза, меѓудругото дека државата на Украинците е производ на Коминтерната. Корените на Путин го открива, како што пренесуваат медиумите, проф. Д-р Добринка Раичинова. Таа вели дека истражувајќи ја гинеалогијата на рускиот претседател наишла дека потекнува од бугарскиот град Чипровци. Имено во Историјата на Бугарија од Иречек се наведува дека во востанието во овој град во 1688 година едно момче од семејството Путин, кое го преживеало масакрот и пребегнал во Русија и се населило во Санкт Патербург. Но, истражувајќи ја историјата на Чипровци, во слободната енциклопедија на бугарски јазик Уикипедия, наидовме на податок кој се повикува на истражување на бугарски историчар, дека во втората половина на XVI век, во Чипровци се населиле голем број православни Албанци, за кои некои бугарски истражувачи сметаат дека се „Бугари од Македонија“ (мислат на Македонци), повикувајќи се на богослужбата на црковнословенски јазик спомната во изворите. Исто така се вели дека некои од бегалците кои избегале во Унгарија по востанието во Чипровци во 1688 г. продолжуваат да се идентификуваат како „Арнаути“, Во недостаток на свои синови и во недостаток на свои јунаци, очигледен е обидот на Софија да и се додвори на Москва, Таа го присвојува Путин за свој, исто како што прави со сите македонски дејци и со македонската историја. Меѓутоа, интересно е што никој врз основа на изнесените факти за Чипровци не се прашува дали постои можност дека Путин покрај бугарско, можеби има македонско-арнаутско потекло со оглед на неговата генетика (за разлика од соседите тој е паметен и не е прост, исто така воинствен е и голем стратег). Инаку Арнаутин, незначи дека е Албанец, туку и православен припадник на македонските славјани од Албанија. Двојните стандарди на Западот кои на виделина ги изнесе војната во Украина, треба да не загрижат, особено кога имаме соседи кои не ни го признаваат името, јазикот и идентитетот. Треба да не загрижат најавите на Софија дека ќе го стопираат гасоводот кој носи руски гас за Србија и Унгарија, со што ќе се нарушат нивните односи. Уште повеќе треба да не загрижува македонската марионетска влада која е способна се да распродаде само за да се задржи на власт, како и извештрајот од пописот од есента 2021 година. Со е можно и со евентуалните пописни игри, преку ноќ без војна да биде извршен геноцид врз Македонците, без испукан куршум да бидат истребени од земјата. Затоа, Македонци бидете на штрек! |