|
|
Свекрва Дали тенковите на Русија ќе останат во Украина! |
Свекрв Поминаа повеќе од месец дена откако руските вооружени сили извршија воена агресија врз Украина. Како последица на оваа неразумна војна се големиот број човечки жртви, огромните разурнувања и околу 4 милиони бегалци. Руската армија која напаѓа од север, исток и југ се обидува во вид на клешта да се спои по средината на Украина за да ја подели на два дела: Источна и Западна Украина. Според презентираната карта на полска телевизија Источнниот дел би се припоил кон Руската федерација, а Западниот дел би била само копнена држава на Украинците, од која делови би влегле во Полска, Унгарија и Романија. Ваквата карта на можна поделба на Украина го потврдува однесувањето на Западот кој прво ветуваше, а потоа под изговор да не се судри со Русија и да се избегне нуклерна трета светска војна го пролонгира воениот конфликт со доставување на оружје на Украинците, но притоа не превзема мерки да сопре војната во Украина и страдањата на украинскиот народ. Со ваквото однесување на Западот и се овозможува на Русија да ги исполни своите цели, но и да продолжи понатаму во обликувањето на новите граници и сфери на интерес на големите сили. Никој незнае каде ќе застанат тенковите и другите воени возила на Русија, никој не знае која е нивната крајниа цел, како што никој не знае што означува буквата Z испишана на овие возила. Постојат разни толкувања за нејзиното значење, меѓу кои и Z–Зоро. Нема кој не го гледал филмот или не прочитал стрип за популарниот јунак Зоро, осветникот со црна маска и меч, витез кој се појавува кога неправдата ќе се јави и кој во име на добрите се осветува на лошите. Ако се има во предвид дека Русија ја започна т.н. Специјална воена операција со цел изврши „демилитаризација и денацификација на Украина“, познавајќи ја осетливоста на Русија кон екстремната десница во Украина поради она што нацистите го направија за време на Втората светска војна во Русија, главната цел е уништувањето на повампирениот нацизам. Ако Русија го споредија НАТО со Вермахтот, војската на нацистичка Германија, тоа значи дека Русија може да продолжи со интервенцијата не само во Украина, туку и против други земји членки на НАТО, ако се закана по нејзините интереси и безбедност. Русија во својата нова стратегија од пред неколку години најави дека нема повеќе да се брани во рамките на своите граници, туку превентивно ќе делува на заканите и надвор од својата граница. Отфрлајќи ги осудите дека таа се однесува како Германија за време на Втората светска војна и дека Путин се однесува како Хитлер, Москва сметта дека Западот кој го прекрши меѓународното право и без одобрение на ОН варварски ги бомбардирал СР Југославија, Ирак, Авганистан, Либија и Сирија, нема право да ја осудува Москва. Москва дури и се закани дека секој доколку се вмешаат во Руско-Украинскиот конфликт, ќе се соочи со соодветен одговор, кој не го исклучува ни нуклеарниот. Односно ако воено интервенираат или пак им даваат авиони, можноста руските тенкови со ознаката Z да продолжат кон Европа станува се посериозна, Меѓутоа, додека Полска и други членки поттикнати од САД, ги игнорираат предупредувањата, вршат економски блокади и ја потпомагаат воено Украина, а со тоа ја го зголемуваат жртвите и ја продолжуваат агонијата на цивилното население кое е останато во Украина, дотогап Унгарија и Бугарија одбегнуваат да даваат оружје, под изговор дека немаат доволно за себе. Едноставно стравот од руските тенкови и економски интереси на сопствената земја го дефинираат ставот на Будимпешта и Софија, но истовремено покажуваат дека нема единство во НАТО. Покрај бугарскиот претседател кој нема да дозволи Бугарија да се инволвира во конфликтот, бугарскиот генерал Димитар Шивиков не се сомнева во брзата капитулација на Украина, со што ги покажува симпатиите на Софија кон Москва, како и односот на Бугарија кон Македонија. Меѓутоа појавата на картата на поранешен украински пратеник за можна етничка поделба на Украина, може да биде повод за отварање на низа етнички прашања во Европа, Корзика веќе е на пат да добие автономија од Франција, но Шпанија не сака да слушне за барањата на Каталонија за автономен статус. Сепак најсложено е на Балканот, во БиХ, Србија, Косово, Црна Гора и Македонија кои се наоѓаат во фокусот на интересот на САД и Русија. Однесувањето на премиерот на Косово Албин Курти кој ги провоцира Србите во Северно Косово и бара ревизија на договорот со Црна Гора со кои на Подгорица и било остапено земјиште, како тежнението за спојување на Косово со Албанија може да предизвика нови судири во регионот. Исто така и однесувањето на трите ентитети во БиХ, Србите, Хрватите и Бошњаците дава право за загриженост. Секоја интервенција на Белград за да се заштитат Србите на Косово и во БиХ, а со помош на руските тенкови ќе биде вовед до барање за излаз на море, на просторот меѓу Црна Гора и Албанија, а пак секоја изгубена територија Албанците ќе бараат компензација во Македонија што ќе зависи многу и пописот во земјата, иако тој многумина не го признаваат како реален бидејќи голем број Македонци го бојкотираа поради пандемијата. Но, Македонија може да се најде во ситуација како и во 1941 година кога беше поделена во земјата на две тогашни соседни окупаторски земји. Свој одраз во Македонија може да има и односот на Турција и Грција кон Руско-Украинскиот воен конфликт. Иако двете земји се членки на НАТО, тие засега покажуваат наклонетост кон Москва, но доколку некој ја промени страната, може многу лесно да дојде и до судир меѓу нив. Македонија без разлика што е членка на НАТО треба да биде и треба да биде многу внимателна бидејќи е опкружена со волци кои не и го мислат доброто. Секој потег, секој збор на преставниците на власта треба да се вага, но и треба да се остранат и министрите кои повеќе се интересираат за една одредено етничко малцинство, отколку за македонскиот народ и целата македонска нација. |